Рецепт сто пати имам пишано по форум, ќе напишам накратко. Запршка: кромид, целер стапче и морков убо да се пропржат, се додава после: грав, грашак, пченка ( некогаш додавам и сејтан/ тофу, немав печурки и то клавам ко ќе имам али генерално шо да клајте не е грешка) и доматен сос да прокрчка. Тука додавам веќе сварена леќа, се е произволно, колку сакате. Од зачини ставам ептен малку сол и пипер во запршката, после еден зачин за пилешко се вика има лук во прав внатре, рузмарин, мајоран, додавам сув магданос јер не јадам свеж, ништо чудно и со свеж да ви е ок ако не ви се гади и буковска. После се реди меѓу тортиљи и се печи 5-10 минути на 200 степени. Убај парчиња се вадат ако е подизладено, буквално в раце можи да се држи и каснува. Еве слики од претходно за како ги редам: Spoiler Кога прам со големи тортиљи ко денес вадам квадратчиња инаку како торта сечам: Spoiler
Леле никој не стави друг. Мене ми се јадат к о л а ч и њ а. Какви сакате, шеќерни, ванилици, џинџр бред, некои други, сеедно. Ќе прам и јас али и ќе украдам некој рецепт.
Вака нешто може? Не знам како се викаат, со шербет се. Рецепт: Прво се прави шербет 500 гр шеќер во 500 мл вода, се вари додека зовре и + 5 минути врие. Се остава да се излади. За смеса- се метат 2 јајца, 50 гр шеќер, ванилин шеќер. После се додава 500 гр брашно, 100 мл зејтин, 100 мл растопен маргарин и лажица за кафе шеќер. Се замесува тесто и се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат 2 супени лажици брашно и се замесува. Во другиот дел се додаваат 2 супени лажици какао и се замесува. Се формираат топчиња и со чачкалица се прават линии/ ѕвездички одозгора. Од црниот дел се одвојуваат мали топчена и се ставаат на белите колачиња во средина на ѕвездичките и обратно. Се пече во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути (мојот е со вентилатор). Топли колачиња се преливаат со ладен шербет
Еј за греотка. Само јас ставив. Следно десерт во чаша, здрави, калорични, чоколадни, со чиа, било какви...
Spoiler -Пудинг од чоколадо направен според упатство -Бисквити мелени потопени во сок од портокал да не се суви -Кокосово брашно потопено многу малку со кокосово масло.
Spoiler: посно благце Долниот слој е гриз, се меша чаша гриз со чаша вода, настрана се варат 4 чаши вода (може и посно млеко) со чаша шеќер (јас ставив темен мусковадо од виталиа) и ванила шеќер и се додава гризот, се вари околу 2-3 минути и после се мати со миксер да нема грутки. Горен слој е фил од стврднато кокосово млеко од конзерва и стопено црно чоколадо, се матат со миксер за да дојде како шлаг, а одозгора ставив и малинки.
Здрав ,,пудинг" Spoiler На тивок оган, 2 рендани јаболка, цимет и суви ситно сецкани урми. Се остава, скроз малку да омекнат јаболката. Ептен брзо а благо и вкусно. Сосема случајно ја видов темата, па испадна да се совпадне десертот за денес.
Ај еднаш и јас да учествувам. Омилени ми се десертите во чаша. Уствари ова е чоколадната торта само издробена. Spoiler