Пржени лепчиња, омилени на сите дома Полесно и побрзо здравје Spoiler: Спојлер Смешно е да пишувам како се прават , ама пошто правилата се такви, еве: матам јајца со малку млеко и сол, ги потопувам лепчињата во смесата и пржам на масло да заруменат убаво
Моите најомилени палачинчиња, омилени ми се на секаков начин направени. Јас сега ги направив со просо и овесни снегулки. Рецепт: 1 шолја мешавина просо и овесни снегулки, 1 јајце, 1 чаша јогурт, малку прашак за пециво јас ставив мало лажиче. Ова јас го изматив се заедно рачно, но може и во блендер. Ако смесата е ретка јас додадов млеко, може и јогурт плус или повеќе овесни снегулки зависи како ќе дојде смесата. Па од неа се прават палачинки на тава се пржат по 2-3 мин. Одозгора јас ставив банана, суво грозје и путер од кикирики, може и мед. Едит: мене ми дојдоа малку растурени ама сепак не се лоши за јадење.
Проја со спанаќ и сирење Рецепт: 4 јајца прво се матат 1 лажичка сол 1 пециво Половина чаша масло Чаша ипол јогурт 8 големи лажици бело брашно и 8 палента Сево ова се меша и се додава дробено сирење и спанаќ (претходно малку сварен). Овој пат внатре во смесата додадов и малку сусам, сончоглед и семки од тиква. Одозгора исто така ставам сусам ,сончоглед и семки од тиква па оди на печење.
Посни Погачици Потребни состојки: Пола квасец 400гр.брашно Шеќер Сол 1 маргарин 3 лажици ајвар Магдонос Сусам,лук во прав,оригано,се ова по желба. Квасецот се става да стаса. Во сад пенесто се мати маргаринот,се додава 1лажичка сол,3 лажици ајвар,компирите претходно изгмечени,квасецот и брашното. Се меси и се прави кора.Се сечат со чаша погачиците,се премачкуваат со ајвар и се наросуваат со зачини по желба. Се оставаат да стасаат 15 мин.и се печат на 200с.Кога ќе заруменат се вадат од рерна. Одлично одат со домашна доматна салца,во посна варијанта. Утре за доручек со таратур
Интегрално бурито филовано со мелено месо и доматен сос. За палачинките: 2 јајца 250 мл млеко 150 мл газирана вода 1/2 л. шеќер 1л.сол 1л.чиа семе 1л.ленено семе 100 мл масло 400 гр. интегрално брашно Прво се мешаат јајцата со останатите состојки, а потоа се додава брашното етапно за да не се формираат грутки. Се печат кратко од двете страни. За фил: 200 гр. мешано мелено месо 100 мл. доматен сос зачини
Велигденски гнезда 250гр маргарин 400гр мелени бисквити 2 банани 2 ванилин шеќер 400гр чоколадо за готвење 400мл млеко Подготовка: Во длабок сад се ставаат 400гр мелени бисквити, бананите и сецкан маргарин. Се топи на тивко 400гр чоколадо во 400мл млеко и се додаваат врз маргаринот и бисквитите, 2 ванилки и може и рум по вкус. Се обликуваат во форма на гнезда и се валкаат во чоколадни мрвици и декорирање со M&M's. Многу лесни и брзи за правење.
Велигденска погача Рецепт: Состојки: - 1 кило брашно - 1/4 кисело млеко - 1 квасец - 2 јајца цели - 1 шолја масло - 1 лажица сол Со млака вода квасецот да стаса, се премачкува со јајце и се боцка со вилушка. Квасецот се става во сад треба да стаса. Се додава во брашното. Се додаваат јајцата, киселото млеко, , маслото и солта. Се меси се заедно со млака вода и се остава да стаса. Откога ќе стаса се прави форма на погача. Се премачкува со масло и се боцка со вилушка. Се мачка со јајце и се печи на 200 степени додека порумени. Ако треба може да се намали.
@CrazyOne Дојдов да ја испочитувам темава и @Inana123 Банички 1 кг брашно 500 мл вода малку квасец 1 лажичка шеќер 2 лажички сол зејтин * Овој пат баничките ги филував со праз, сирење со јајца и пица - шунка, кашкавал, печурки, кечап и оригано
Ајјј мила, срцка си ми ти... секогаш умееш да ми измамиш насмевка на лицето Кој, ако не ти ке ја "дигне" прекраснава тема Тема... од Велигден скокаме на лето, паа нека биде нешто наше, македонско, ПИПЕРКИ Темата е широка, секоја домаќинка барем еднаш на неделното мени има пиперки... полнети со урда, мелено месо, пржени, печени, цели, сецкани, во комбинација со друг зеченчук, пунџур - пржен, толчен... нема крај на комбинациите Повелете домаќинки, се надевам и на нови рецепти... иновациите во кујна секогаш се добредојдени
Еве нешто од мене, како за прв пат во темата. Полнета пиперка со мелено месо и ориз. Во загреано масло се пржи еден кромид и еден изрендан морков да омекне. Потоа се додава мелено месо (250 грама) и тоа да се попржи убаво, па на крај една шолја (како за чај) предходно измиен ориз. Се заедно се попржува додека оризот да ја смени малку бојата. Откако ќе се тргне смесата од шпорет се зачинува по желба, јас ставив вегета, црн бибер и малку црвен бибер. Со мало лажиче се полнат предходно изчистените и измиените пиперки и се затвораат со "капа" од домат. Мене ми излегоа 12 пиперки, средн големина. Во тавчето во кое се пржела смесата се налева 3 шолји вода и се ренда остатокот од доматот и се остава да зоврие на шпорет, како сос. Се налеваат пиперките и се печат на најсилна температура прво 1 час под фолија, па се трга фолијата и уште половина час да се допечат.
Полнети пиперки Се запржува кромид и мешано мелено месо, ориз, вегета, црн пипер, магдонос и црвен пипер. Се полнат и затвораат со парче компир.Се полеваат со вода и се печат
Ја зададов темата ПИПЕРКИ... и чекав некој од модераторите да го смени насловот, но тоа сеуште не се случило Темава на времето беше многу активна, многу рецепти си зачував од тука... би ми било криво да замине во историјата На темата ПИПЕРКИ од мене најтрадиционалната македонска зимница - АЈВАР 30 кг цевени пиперки 10 модри патлиџани Сол, шекер и масло Пиперките и модрите патлиџани де печат, лупат и мелат. Се помешано се пржи со постепено додавање зејтин. Пред крај се додава шеќер, се посолува по вкус ии... се ужива во вкусот во долгите ладни денови ПС Хахаха... дозава до лажиче ја собрав во тегли. Не ми остана ни за една кришка лебче да намачкам и сликнам. Дома ми рекоа... брее скржавштина, се затворила за зима