Па јас мисламндовочно време беше пиперки.... нека се одбере победник за пиперките и нека има нова тема.
Толку галама направив за да се смени насловот на темава ии... срам да ми е дури сега видов дека сум означена @RainBow новиот предизвик за феминките готвачки нека бидее... КРЕМАСТИ СЛАТКИ Темата е широка, благичко со многу крем - колачи, ролати, еклери, индијанки... и секако нејзиното височество торта Се надевам на активност каква што заслужува темава и секако на прекрасни и интересни рецепти
Кремасти слатки... конечно се промени насловот на темата Поздрав @Dust Еклери Тесто 500 мл вода 250 мл зејтин 300 гр брашно 6 јајца 1 прашак за пециво Водата и зејтинот зовриваат, се додаваат брашното и прашакот за пециво и се убаво се воедначува. На оладеното тесто се додаваат со постојано мешање, едно по едно јајцата. Воедначеното тесто се става во шприц и на тава обложена со хартија за печење се прават облици по желба - долгнавести или округли. Се пече во претходно загреана рерна на 200°C 20 минути без отварање на рерната. Потоа рерната се намалува на 100°C и се пече додека еклерите не се целосно испечени од внатре. Крем 1 л млеко 10 лажици брашно 18 лажици шеќер 4 жолчки 4 кесички ванилин шеќер Жолчките се матат со млекото и се додаваат помешани брашното и шеќерот. Се воедначува смесата и се вари на тивко со постојано мешање. Кога ке зоврие се додава ванилиниот шеќер. Глазура 10 лажици млеко 2 лажици какао 4 лажици шеќер 2 лажици зејтин Се помешуваат сите состојки и се вари до згуснување. Еклерите исечени на пола се филуваат со кремот. Одозгора се посипува глазурата... ии се ужива ПС Ова е оригинален рецепт за еклери. Кремот е со брашно, долго варење и подолго време на подготовка... затоа се толку вкусни ии многу брзо се празни чинијата. Предупредување... времето на подготовка е подолго од времето за консумација
Може еден кремаст чизкејк? Чисто да заживее темата, многу е вкусен 80гр. брашно, 30гр.какао, 90гр.шеќер, 1мала лажица пециво, 2 јајца, 120гр.путер. Се меша со жица, се става во тавче бр.26 се пече на 180° 20-25мин. Фил: 250гр.урда ( не солена)500гр.крем сирење, 160мл.слатка павлака, 120гр.шеќер, 3јајца се додаваат едно по едно, 1 ванила. Пак се пече, сега со филот, на 170° околу 45мин. Одозгора се полева со 200гр.кујнско чоколадо растопено во 170мл. топла слатка павлака, така чоколадото останува сочно и не се крши.
Тробојна крем торта Пандишпан: 200 гр. темно чоколадо, 200 гр. путер, 250 гр. кафеав шеќер, 100 гр. брашно, 30 гр. какао, 60 мл. павлака, 3 јајца. Чоколадото и путерот се топат на тивок оган, а потоа постепено се додаваат останатите состојки по напишаниот редослед, се меша убаво и се пече во кружен калап 30 мин на 160 степени. Прв крем: 150 гр. црно чоколадо, 1 јајце, 1/2 лажица желатин, 125 мл. хопла. Чоколадото се топи, се додава една жолчка и 1/2 лажица желатин растопен во една лажица врела вода и се меша убаво. Се додава претходно изматена белка и изматена хопла, се меша убаво, се става врз пандишпанот и се остава во фрижидер околу 20 минути. Втор крем: 150 гр. млечно чоколадо, 1 јајце, 1/2 лажица желатин, 125 мл. хопла. Иста постапка како првиот крем. Трет крем: 150 гр. бело чоколадо, 1 јајце, 1/2 лажица желатин, 125 мл. хопла. Иста постапка како првиот крем. Глазура по желба. Треба малку време да се направи, но нема да зажалите.
Може ли трилече 5 јајца 5 лажици шеќер 5 лажици брашно 1 ванилин шеќер 1 пециво Се делат жолчките од белките. Белките се матат во цврст снег со шеќерот и ванилата. Посебно се матат жолчките потоа се соединуваат со белките со нежно мешање со лажица и се додава брашното и пецивото. Се печи 20-25 мин на 180 степени. Кога ќе се испече се остава да се излади па се дупчи со чечкалица. Се меша 500 мл хопла со 300 мл млеко (ако ви е суво додајте уште 100-150мл млеко) Се полева пандишпанот и се мачка со карамел.
Да, доволни се три недели за една тема. Еве, јас ке предложам една тема, @Monella нека предложи друга, па изберете што Ви се готви Ии, да @RainBow да го смени насловот Предлог за следна тема за готвење... "Ручекот на баба" т.е се што Ви текнува од храната што ја правеа Вашите баби кога бевте дете - чорби, супи, пецива, пити, слатки... ммм, сите убавини од топлата и миризлива кујна на баба
Да ја ставам чорбичката од пресна зелка Баш денес ја имам,баба ја обожаваше а ние превртувавме очи Сега ми е омилена,за среќа и маливе ја обожаваат.
"Јајца на вода" На масло запржив брашно и црвен пипер и додадов вода. Зачинив со сол, вегета, црн бибер, скршив три јајца и ги ставив да се печат во претходно загреана рерна.
Како дете бев многу пребирлива за храната што ја јадев. Самиот податок дека наместо леб јадев пандишпан, говори многу за моето не сакам ова, не ми давај тоа... мајка ми навистина се измачувала со мене Ноо... кога ке отидевме на гости кај баба ми, ретко, неколку пати во годината, ми се побудуваше некој апетит и се ми беше преслатко.И ден денес ги паметам араванијата со јаболка, бакарданот со домашно козјо сирење, тавата ориз со пилешко, топлиот леб и сите прекрасни пити што баба вешто ги правеше со сукалото ПИТА СО СПАНАЌ Се меси средно меко тесто од брашно, квасец, сол и вода. Се дели на 11 еднакви парчиња. Седум парчиња се расукуваат и се редат едно врз друго премачкани со масло помеѓу. Последното парче не се премачкува, се попрскува со брашно и со сукало се развлекува кора поголема од тавата за печење, краевите треба да "висат". Од две топчиња се расукува кора колку дното на тавата и врз нив се става филот - спанаќ со сирење, испржена кисела зелка, испржен праз со чварки... Од последните две топчиња се расугува кора која малку набрана се става врз филот и сето тоа се завиткува со корите што " висат" од тавата. Стасува и се пече во загреана рерна.
Ајјј.. пак сме заглавиле со една тема три недели Мислев дека "Ручекот на баба" дава поширока можност за готвење ... ноо сепак само три рецепти @mKdevojce има најмногу гласови, ноо не запазила едно правило на темава.... Македонско девојче напиши ни го рецептот за зелникот на баба ти и потоа дај нова тема Иии... девојки активирајте се малку повеќе во Фемина готвач Редактирам... @Dust помагај, три месеци се трудам да ја активираме темава, ноо слабо ми иде