Штета што темава не е активна, разгледував мислења наназад кога сум учествуавала, леле колку убаво рецепти имало.
Памтам кога почнав активно да се логирам на форумов, темава постојано имаше нови и нови мислења. Најголем мерак ми беше да гледам тука слики и рецепти па да гласам. Стварно штета што ич не е активна, или се прави обид да се активира па пак се гаси после 1 тема.
Многу ми е мака што згасна темава.. Кога бев модератор ептен ми беше ќејф тука да дремам Дали сакате во духот на Н.Г (а некако и стандард годините наназад беше традиција) следнава тема да биде НОВОГОДИШНА ТРПЕЗА? А следната Божиќна трпеза..? Неколку год наназад додека бев модератор таква традиција теравме.. ако не сакате пак е ОК @RainBow
Ајјј, темава Јас како нередовна форумџика имам три теми кои обавезно ги отварам кога се логирам. Фемина готвач е една од нив... иии што гледам... нема тема, нема рецепти и фотки. Жалосно! Имам еден предлог... времето за готвење да биде подолго, на пример две недели (од 1-ви до 15-ти и од 15ти до крај на месецот) и без разлика колку рецепти има победникот т.е рецептот со најмногу "ми се допаѓа" да одбере нова готвачка тема. Така секој 1-ви и 15-ти во месецот ке има нов "предизвик" за готвачките @RainBow може да се обидеме? Аа... победник за Новогодишна трпеза еее @eli25 Ели давај нова тема
Темава ја убивте @eli25 или давај нова тема или постирајте НЕШТО СО ЈАЈЦА ... да видиме што сте направиле од сите јаја за Велигден Мене уште ми стојат