Кога помислам на палачинки секогаш помислам на таквите како на @Eli23 Со мармалад, роловани. Од сите овие тука нејзините би прво јадела. Ама! АМА! Да ме извинеш Ели, гласот мој отиде кај @anel , оти женава навистина вложила и труд и креативност и се! Значи на Ели палачинките би јадела, на Анел би ги гледала Патем, браво за сите! Да не се лажеме, од сите би пробала по една барем
Јас си гласав за @Ordinary ,оти палачинки ме асоцира на нешто благо и убаво роловано. Секоја чест и за трудот на @anel.
Со мед се моите послужени, да бидат поинакви од останатите. Патем и мм сеуште ја бара теглава ,,мармалад" што ја видовте на слик0. #органски#домашен#планински
Е па Ели, да гласав за тебе ќе се чувствував измамена. Бидејќи палачинки со мед никако не сакам @Abrakadabra палачинки со кисела вода се убави на вкус, верувај. Јас знам по ресторани такви ги прават. А и јас некогаш такви, додуша пола млеко пола кисела вода обично. Или само со млеко.
Јас немам зборови за креативноста на повеќето луѓе на темава и трудот и мотивацијата на останатите,кои учествуваат чисто ради забава и тоа во секоја категорија. Јас, пак ќе кажам,во ваква ситуација ми фалат повеќе категории. Малку ми е еден глас. И, извинете ама јас чак таков сноб не сум.. признавам палачинки скрпени и со вода *си го крева носот,демонстративно,чунќи,зилион пати се случило да нема млеко,само јајце и брашно*
Ааа не,твоето е заслужено. Остај што и со тие од пусѕец неможеме ние тебе да те.победиме. Шала на страна,да му е мерак на човек на десетина стални учесницо да ви дојде човек на трпеза.
@Sky-butterfly и јас ставам малку кисела вода, ама само колку да го разредам тестото (тоа е за да бидат тенки). А со млеко се помеки и дури наредниот ден се убави. Ама само со вода , јок ! А во ресторани знам дека штедат и прават со вода. Во ресторан, два пати дали сум нарачала палачинки, и ми биле
Киселата вода е и за да бидат помеки и да се прават "дупчиња". Јас обично користам малку сода бикарбона, истата функција ја има, а не го разредува млекото и вкусот е побогат. Да, со млеко остануваат меки, а ако се само со вода за неколку часа се ѓон. Сноб сум, признавам.
@Bridget ...ми бегаш два гласа...сега два профила лажни и ОП исти јас и ти ! Ова напред е @anel а оние двете сме јас и гореспоменатата
@Sky-butterfly а таман мислев со твојот глас ќе победам. Гледаш у кое водство сум. Туку @anel размислуваш ли за следна тема? Гарант навечер неможеш да спиеш, викаш Јајца ли ќе биде друго ли да биде....