Ајде нека бидат чоколадни колачиња . Домаќинкиве знам дека ми се вредни и или имаат веќе сликнато нешто, или пак ќе направат нешто во наредниве денови .Знам дека сега ќе спремате за Нова година, па ќе е баш интересно. Со душа ве чекам....
Може да кажам што мислам? Ми се допаѓаше како беше поставена претходната тема - ориз. Па имаше место за различни рецепти и беше поинтересно. Видовме тави, сарми, ориз како гарнир, ориз со сос... многу варијации. И чоколадото ја дава таа слобода и затоа ми се допаѓа. Ете ти сега, чоколадни колачиња, а баш се спремав торта да направам. Се зезам, ми се допаѓа во секој случај, ама мислам дека нема да има толку многу постови вака.
Не знам ова дали ќе се важи,архивска ми е, ама главната состојка е чоколадото во овие колачи, со плус некој додаток Патем честитки @Serafima ете заборавив рецепт, ти благодарам @LivingGlam на потсетување, со еден памет..богами Spoiler: рецепт рецептот го правев според ова видео, само што зголемив доза
СЕ СОГЛАСУВАМ СО ТЕБЕ ЗА ТОРТАТА.Кој ке прави сега и колачиња, се откажувам, ако немам во архива нешто. Ако можеше да правиме какви пици сакаме, и ориз во различни варијации, и со чоколадата, ама ајде како сакате.
Честитки @Serafima. Oд мене aрхивскa. Чoкoлaдните Велигденски Мaфини. @LivingGlam сaмo штo сaкaв дa едитирaм. Мaфиниве се сo гoтoвa смесa нa Dr. Oetker(чoкoлaдo, брaшнo, прaшoк зa пецивo, шеќер), смесaтa се стaвa вo сaд и се дoдaвaaт две јaјцa и 250ml мaслo, сетo oвa се мешa дoдекa сoстoјките не се сoединaт. Се стaвa дa се пече и зa 20-25 мин се гoтoви, зaвиси oд рернaтa. Декa ги прaвев зa Велигден, oдoзгoрa стaвив чoкoлaдни бoнбoни вo фoрмa нa јaјце, плaнирaв дa стaвaм и зеленo кoкoсoвo брaшнo врз нив кaкo декoрaцијa, нo не нaјдoв вo тaa бoјa.
Да бидам искрена @LivingGlam и мене ми беше тоа намерата. Тема од поширок спектар. Ама нека одлучи сепак @RainBow. Ако е до мене го делам истото мислење, општа тема, само чоколадо .
Искрено мене повеќе ми се допаѓа темата да е од поширок спектар, затоа што ќе се вклучат повеќе членови со различни слики и ќе биде интересно Се извинувам на офф
@IronLady се важи ако ставиш рецепт. @Ketchup исто и ти. Ајде @RainBow нека одлучи па да не полниме веќе офтопици.
Ништо посебно не влегува во смесава ептен се лесни 200грама лешници 200грама црно чоколадо за готвење 100 грама путер малку морска сол малку зејтин За декорација: лешници по потреба 1.Лешниците се ставаат во блендер и се мелат убаво,потоа се додава путерот и се меле додека не се добие мека смеса 2.Чоколада се става на пареа да се стопи со малку зејтин. 3.Се земаат книжни корпи.модли или како во мојот случај калапи и дното се полни со растопената црна чоколада, и се ставаат во фрижидер за чоколадото да се стврдне 4.Откако ке се стврдне се става на секое колаче по една лажица од путерот од лешници и над путерот малку морска сол за поинтензивен вкус 6.И на крај се дополнува со растопеното чоколадо и се декорира по желба со лешници 7.Така наполнетите колачиња се ставаат да се стврднат и после 10мин се готови за сервирање
Да ја сефтосам темава со слика која лично мене ме исполнува, а тоа е бањање во чоколадна лава може или не? Ако не одговара за оваа тема слободно избришете. (Ветувам дека за кратко време ќе сум многу поактивна во ова катче) 10 чоколади се топат во 100мл млеко на пареа, се лади. Настрана се матат 10 жолчки со 100гр шеќер во прав, се трга настрана. Се мати еден маргарин и во него се додаваат претходните состојки. Улала.
Ајде и од мене нешто чоколадно. Spoiler: Торта со 3 вида на чоколадо Потребно за филови: 600 ml слатка павлака 100 g растопено бело чоколадо 100 g растопено млечно чоколадо 150 g растопено чоколадо за готвење Слатката павлака ја матите, а потоа ја делите на 3 еднакви дела. Во секој дел ставате различно чоколадо и така добивате три смеси. Потребно за основа: ~1 шоља дробени бисквити (јас обично ставам од тие непосните и си ставам од око) 3 лажички путер (може и маргарин, ама со путер мислам дека подобро ќе се зацврсти) Може и некоја капка млеко, за да може да се расплеска убаво, а да не пука ако е многу суво, ама и гледајте да не го направите многу меко, па да ви се кашави. Отприлика, малку посуво отколку за бомбици (може да се импровизира со додавање на јатки и путер за соединување). Прво ја мешате основава, да не речам, ја месите. Ја ставате на дното од некој калап во кој ќе ја правите тортата. (Ама калапот обложете го со проѕирна фолија, за да може без проблем после да ја извадите тортава на чинија и да си ја сечете.) Потоа го ставате најтемниот слој, врз него млечниот, а најгоре - белиот. Одозгора може рендано чоколадо.
Oj oj Oj oj Oj... Serafima,za inat da ni ucestvuvas i vo ovaa,deka probaa da ja promenat temata. Ako ne,jas ke kradam od tvojata arhiva niz instagram. Koga sum veke off.Predlaga site temi so hrana sto se so fotogravii,da se stavat vo poseben podforum,narecen Apetitka.
Тортата ја правев неодамна за на брат ми роденденот (ја има и во фемина инстаграм) ама чим може со архивски супер е. Моја е битно, после колоквиумска ќе правам благи на велико! Рецептот е мешан од повеќе торти. За пандишпанот: -3 белки се бијат со 6 лажици шеќер. Од како ќе се избијат убаво се додаваат жолчките. -Е сега од јутуб гледав и една чаша масло и млеко мешано вика. Јас турив мали филџанчиња едно млеко и едно масло. -6 лажици брашно. -2л. какао -пециво. ---------------------------- За филот: -110 грама стопен путер (маргарин) -80грама какао -350 грама шеќер во прав (ама дојде многу блага значи можи помалце) -75мл. млеко -ванила -малце сол Бидејќи мене ми испадна малце течен филот ставив и мелени ореви. А може и лебни трошки или бисквити.
Кога ќе се спомнат зимски десерти, одма помислувам на комбинација од чоколадо и портокал Не е којзнае колку лична, ама е мнооогу вкусна! И јака! Од едно вакво парче ќе ви се слоши Spoiler: РЕЦЕПТ Состојки Пандишпан: 4 јајца 120 гр шеќер 200 гр чоколада за готвење 150 гр путер 125 гр брашно 10 гр прашак за пециво Крем: 300 мл млеко 200 мл свежо исцеден сок од портокали 200 гр шеќер 40 гр нишесте 40 гр брашно 2 јајца изрендана кора од еден портокал 100 мл слатка павлака За прскање на пандишпанот: 150 мл вода 50 гр шеќер исцеден сок од еден портокал 2 мл екстракт од рум Чоколадна глазура: 100 гр чоколада за готвење 30 мл слатка павлака 50 гр путер Најпрво подгответе го кремот: Во сад ставете ги јајцата, брашното, нишестото, шеќерот, сокот и кората од портокал и со миксер малку изматете ги да се изедначат. Млекото ставете го да зоврие и потоа додајте ја смесата. На тивок оган мешајте додека се згусти како пудинг. Тргнете го на страна, покријте го и оставете го целосно да олади. Изматете ја слатката павлака, додајте го оладениот пудинг и изматете ги да се изедначат. Подготовка на пандишпанот: Путерот и чоколадата ставете ги на пареа да се стопат. Оставете ги да оладат. Белките и жолчките одделете ги. Жолчките изматете ги со шеќерот да станат кремасти. Додајте ги чоколадата и путерот. Изматете ги да се изедначат. Додајте го брашното измешано со пецивото и измешајте го со голема лажица. Со чисти мешалки изматете ги белките со прстофат сол и додајте ги во смесата. Со лажица измешајте ги да се изедначат. Смесата истурете ја во намачкан со путер и набрашнет калап (26) и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 мин. Печениот пандишпан оставете го да олади. Подготовка на преливот: Водата и шеќерот ставете ги да зовријат. Тргнете ги од огнот, оставете ги малку да оладат и додајте го сокот од портокал и екстрактот од рум. Пандишпанот исечете го хоризонтално на половина. На подлога за торта ставете ја едната половина од пандишпанот и попрскајте ја со половина од преливот. Ставете го целиот крем и порамнете го. Ставете ја и другата половина од пандишпан и порскајте го со преостанатиот прелив. Подготовка на глазурата: Чоколадата, путерот и слатката павлака ставете ги на пареа да се стопат и прелијте ја целата торта. Оставете ја да се стегне.
И од мене архивска - Чоколаден лава колач Spoiler Рецептот е прилагоден од BBC Good Food, а дадените состојки се за 5-6 калапи. Јас секогаш подготвувам дупла доза од подолу наведената и ми излегуваат 12 колачи. Прво се подготвуваат калапите. Јас ги користам оние алуминиумски калапи за една употреба (од Џамбо). Се растопува 20 грама путер и со кист убаво се премачкува внатрешноста на калапите и се оставаат во фрижидер да се стегнат. Оваа постапка се повторува уште еднаш, по што внатрешноста се поросува со какао во прав, а вишокот се тресе. Јас ги чувам калапите вака подготвени во фрижидер, се до полнењето. За смесата се топи на пареа 100 грама чоколадо за готвење (колку поквалитетно со повисок процент какао, толку подобро) и 100 грама несолен путер. Растопената смеса се остава десетина минути да се олади. За тоа време се матат 2 цели јајца и 2 жолчки со 100 г шеќер, смесата да стане светла и пенеста. На ова се додава 100 г просеано брашно и лесно се меша (не со миксер). На крај се додава смесата од растопено чоколадо и путер и повторно се меша (најдобро со шпатула). Со подготвената смеса се полнат калапите, но не сосема до врв. Вака подготвените калапи треба да отседат во фрижидер најмалку 30 минути, а најмногу до утредента. Значи најблагодарно кај овој десерт е што е одличен за гости. Го спремате наутро, вечер пред служење го печете. Е, печењето е наделикатниот дел. Рерната треба да е загреана на 180 степени. Јас ги печам 12 минути, но тоа зависи многу од рерната. Затоа најдобро испечете прво само едно калапче, па ќе видите за ориентација колку печење е доволно. Во рецептот стои од 10-12 минути, а визуелно показател е кога на врвот ќе се направи коричка, а колачот ќе почне да се одделува од калапот. По печењето се оставаат да мируваат 1-2 минути, а потоа се превртуваат на тањир. Се служат со сладолед, или малку матена шлаг-пена, овошен сируп итн.