Ма мене ми е криво што сите рецепти ги кажаа, па и уште немој некој да направи исто.Не знам јас што да правам, тоа е Ај згответе нешто, да не ја викнам Реин да ви преместува мислењата во Што денес за ручек или како и да беше темата
Тоа сакав јас, Ливинг,на тоа мислев.сабајле го гледав....или некоја лазања стајл Во план ми е за дома да си зготвам,онака..за празникот.
Ете за кого ќе гласам неделава. @Bozica1980 Ова ќе правите, тоа ќе правите, на крај Божица влета и сите ве посрамоти. А ја како тие дедовците од Мапет шоу, нит правам, нит јадам, само суфлирам од страна. Некна имав обид да сликам нешто за да прикачам, иди бегај бе, па тоа да ти се излади јадењето, да ти се стврдне за лајкчиња, ааа, не, не... Де вака врти, де така врти, па позадина се гледа, па темно, па светло. Сега почнувам на Бриџет маките да ги сфаќам, мислам тоа безобразлук се на Серафима сликите, срам да и е. #ihaveseenthelight #заклучетемигоинтернетот
ПОСНА ЗАКУСКА СО ТИКВИЦИ 'А ЛА БУБАЛЕ' Рецепт една тиквица, два млади компири, еден морков, млад кромид, краставица, маслинки, масло, сол и зелени зачини Тиквицата и компирот се сечат на ленти, се оставаат да отстојат во ладна солена вода. Морковот се вари. Во зовриена вода кратко ги вариме лентите тиквичка и компир, цедиме од вода, зачинуваме со сол, зачини и масло. На намрсени модли редиме малку морков, ред тиквица ред компир и печиме 15тина минути на 180. Декорираме. За дополнително уживање предлагам и чаша кока кола. Пријатен апетит!
Полнети тиквички со зеленчук. На масло пропржив кромидче, лукче, внатрешноста од тиквичките и оривче Му додадов водичка и зачини , па ги наполнив калапчињата од тикви, со оваа смеса. Пред да ги извадам од рерна, додадов јајце со павлака одозгора.
Темава станува се поинтересна и поинтересна !!! Читам предизборни и постизборни кампањи ... Ииии многу интересно, има од се по нешто !!! Похувани тиквички Spoiler: РЕЦЕПТ Тиквичките најчесто ги спремам на овој начин затоа што единствено така ми ги сакаат домашните!!! Сум пробала и на друг начин да им ги сервирам (полнети - посни и мрсни, плескавици, крем чорба), ама безуспешно... Многу ми се пребирливи ... Рецептот за похувани тиквички сите го знаете!!! Тиквичката се лупи, се сечат тенки ленти, малку се посолуваат, се валкаат во брашно, па во јајца и се пржат... Обично ги послужувам со тататур.
Голготава околу мафиниве од тиквици трае ли трае од утрово. Направив смеса, ама сум немала доволно брашно па така ја оставив, потечна, реков нека биде мрзлива пита. Се печење еден саат, џабе течна е. Ја извадив, размешав, и наполнив калап за мафини, еве пак се печат веќе...не знам ни јас колку време. Изгледа ништо нема да биде
Каква домаќинка си ти брашно да немаш дома, па и те мрзи да одиш да си купиш, требало да ставиш шчекарно или пченично брашно, или помалку јајца како ја правеше смесата. Си требало да ставиш морков, сирење, урда нешто за да не ти биде течна.Ти сакаш со сув газ риби да ловиш. Акл за друг пат. Ах остриџ, ах ..
Ставив и сирење и кашкавал и...презла Еве бидна нешто, ко за на слика ќе ги биде. Јас обично брашно немам дома она пченично и пченкарно ми бара
Мора да биде многу специфично на изглед за да добиеш глас од мене. Веќе на вкус нема да е убаво, ако и на изглед не е,