1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Тема: Mесо во сос

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од CrazyOne, 4 декември 2015.

  1. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.599
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Да ми дадеш рецепт од тортиљите плис.

    Сеа со ова сликиве ич да не се мачам а?
    Не бе у заден момент ќе сликам и јас. Тактика мора, се на политика се тера.
     
    На Doozy, zhap4e, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  2. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    @Eli23 рецетата:
    400гр. брашно
    20гр квасец
    250мл млака вода
    2лајци масло
    1лајче шекер
    1 лајче сол
    Откако ќе нарасне квасецот , го зафаќаме тестото и одма го делиме на 6-7 топчина.
    Топчината(нека бидат поголеми) ги оставаме да киснат 15мин.
    Потоа ги сучиме и во тавче за палачинки ги печиме по 2 мин од двете страни и ги оставаме во најлонска кеса за да останат меки.
     
    На MilaP, Legadema, ЈеленаЏиш и 6 други им се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.172
    Пол:
    Женски
    IMG_20160506_104247.jpg
    тврдо варени јајца, краставица и домат :D
     
    На marama, One.Moment, Gerbera и 42 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Охрицки хумор ова, Бубале, а?:rofl: Вака море им прајте на Скопјани. Разбуричкај по тоа пајнцата..нареди две крастајци, две јајца и земи им пет стотки.:P:P:D
     
    На Oxymoron, Abrakadabra, Doozy и 24 други им се допаѓа ова.
  5. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Омлет, ама само со јајца и зачини.
    Во пржењето ставам рендан кашкавал, и откако ќе го извадам од тавчето, уште малку кашкавал и го преклопувам.
     

    Прикачени фајлови:

    На marama, One.Moment, kjukli и 34 други им се допаѓа ова.
  6. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.975
    Допаѓања:
    70.226
    Пол:
    Женски
    Мислам дека @referentka никој нема да ја надмине овој пат. Одлично изгледа. :D
     
    На Esmeralda-MD, Tajnaotrovna, Salome и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Mekuska

    Mekuska Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.301
    Пол:
    Женски
    Полнети јајца

    20160506_102519.jpg
    се земаат две или три или колку сакате јајца, во мојот случај се јајцата што ми останаа од Велигден па да ги искористам, се отвара горе како капа, се вадат жолчките, се гмечат и се мешаат со две лажички мајонез, се додава ситно сечкан кашкавал и ситно сечкани кисели краставички, со оваа смеса се полнат белките , и се затвора со капата од белка, се става очи од црн бибер, и нос од морков, другото се е декорација, кој како си има желба..
     
    На chocolade, JuLleE, marama и 54 други им се допаѓа ова.
  8. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    5.336
    Може со ваква слика да ве дружам? Јајцето не е најдоминантно, ама го има во комбинацијата :?:

    Свежи тортелини со печурки, серано шунка, рукола, борови семки и тадаааааммм --> поширано јајце!

    IMG_20160331_185707.jpg

    Нема некој посебен рецепт :D Свежите тортелини (купечки де) се полнети со печурки. Ги варам во бујон од разни врсти печурки. Сервирани заедно со малку од бујонот.
    Пропржувам кафеави шампињони на путер. Додавам серано шунка, свежа рукола и боровите семки. Зачини по вкус.
    Јајцето го поширам според првиот начин објаснет од Џејми Оливер, директно во вода.

     
    На marama, senza.parole, Gerbera и 60 други им се допаѓа ова.
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Еее... Ова се јајца 8)... Се гледа и бело и жолто :D

    Тава спанаќ со јајца на „око“

    DSC00007.JPG

    Се пропржува кромид со морков, се додава малку ориз, сецкан спанаќ, зачин и црвен пипер. Се пече , а пред крај се додаваат јајца!!! Едноставно, лесно, а превкусно!!!
     
    На marama, kjukli, Tajnaotrovna и 40 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.761
    Пол:
    Женски
    Со @Mekuska сме имале слична идеја, само моиве се грдички со огромните очи. :D

    IMG_1754.JPG

    Полнењето е со пасирани жолчки, павлака, сенф, и сирење. Мајонез не сакам, па не ставив. И моиве се велигденски, се гледа дека се малку поцрвенети белките. :D
     
    На JuLleE, marama, senza.parole и 41 други им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Фритата а ла Жабетинка :$
    (кубајаги, шпањолски омлет)
    сус варени компири /пропржени со сирење и павлака/, кулен и зеленчуци /пропржени на масло: морков, пиперка, млад кромид/. Због декорација.. нафрлени, сецкани маслинки и малку магдонос.

    Колку да учествуваме, да не брмбориме само (да не нé караат:tmi:).

    fffff.jpg


    Состојки:
    3 јајца
    3 мали сварени компири
    малку сирење
    3-4 лажички павлака
    кулен од око:D
    4-5-6 маслинки
    1 морков
    1 зелена пиперка
    1 младо кромитче

    Компирите се варат и се сецкаат по желба. Во мојот случај, исецкани се на тркалца.
    Зеленчукот се пропржува на масло, одделно. Еден морков, една пиперка...исецкани на ленти се пропржуваат со едно младо кромитче на тркалца. Во нив се додава и исецканиот на ленти кулен. Штом се запржат зеленчуците и куленот... тавата се трга од оган.
    Во друга тава во која ќе се прави фритатата (во мојот случај тавчето е како за палачинки) се пропржуваат тркалцата варени компири. Се вртат од обете страни. Им се додава сирењето за да се растопи. Потоа се додава и павлаката. Јајцата се матат со малку млеко (може, а и не мора) и магдонос (може а и не мора) и се полеваат врз компирите..убаво да се покријат. Одозгора истурете ги зеленчуците и куленот. Распоредете сé рамномерно. Намалете ја температурата, за да не ви гори дното на фритатата. Протресувајте ја повремено тавата за да се разлејат јајцата и изедначи смесата.Можете да ја покриете со капак.Штом е готово можете од горе да нафрлите малку издробено сиренце, малку магдонос. Фино ќе ви дојде со прелив од павлака (+/- мајонез).
    :whew:
    И дојде и тој ден... за прв пат во мојот... долг.... три деценисики и плус - живот... јас си ја сликам храната. :| :rofl:
    Од денеска, луѓево во куќава..не ме гледаат повеќе со истите очи.:rofl:
    Бон апетит сењорас и сењорес.:d:
     
    Последна измена: 7 мај 2016
    На marama, senza.parole, kjukli и 42 други им се допаѓа ова.
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Жабо прости ама јас ништо не гледам.:wasntme:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Кој не гледа, нека да не гласа.:wasntme:
    -Кампања за избори: јајца 2016та.
    8-|
     
    На Quuen и Eli23 им се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ам стварно магливо е или кај мене не покажува?
    Не ми е цел да те напаѓам мори.:|
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Па не реков дека ме напаѓаш,аман, Галабо.:D
    Јас таква слика си избрав за моето прво учество во натпреварот. Немам амбиција да победам...:D туку, да добијам само право да дрдорам во темава, без да ме подзакаруваат. :$
     
    На Tajnaotrovna, Abrakadabra, Esmeralda-MD и 7 други им се допаѓа ова.
  16. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    34.402
    Пол:
    Женски
    Епа Жабо, добредојде у готвењето :D Редно беше хаха
     
    На anel и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    IMGP0121.JPG
    Пченкарната земичка беше убава и мека, но стана жртва на една амбициозна домаќинка која откако и го отсече горниот дел како капаче, ја извади меката внатрешност и ја даде на кучето.
    Потоа празнината ја исполни со сецкан кашкавал, сланина и едно убаво јајце. Додаде зачини и задоволно ја стави земичката да се потпече. И тогаш работите трегнаа на лошо. Сланината и земичката добија убава боја, но јајцето немаше абер од печење. Интервенираше со фолија, но залудно. Свекрвата на амбициозната домаќинка парадирше наваму-натаму како мачка, настојувајќи да дознае што ли овој пат смислила нејзината снаа позната по своите кулинарски експерименти со успех 50:50.
    Резултатот можете сите да го видите. Крцкава (ама многу крцкава) надворешност и сочна внатрешност. Вкусно, но нема да има втор пат.
     
    На ***cute***, JuLleE, 1209 и 63 други им се допаѓа ова.
  18. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    IMG_20160507_224701.JPG

    Полнети пиперки со изварка зачинета со буковска пипер, пред сам крај на печењето полеани со матени јајца и повторно со изварка... Ништо комплицирано, брзо за подготовка, а воедно и превкусно... Денес со додаток таратор, ми е едно од омилените пролетни/летни јадења... :smirk:
     
    На marama, One.Moment, kjukli и 31 други им се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Јас не ве дружам со слики, туку со коментари :D Oвој пат мора да ве пофалам сите, позитивно сум изненадена од досега постираното (y) :clap: Иако претх. мислев дека темата Тиквици ќе биде врвот во креативноста, малку бев разочарана, а пак за оваа тема мислев се велигденско ќе се постира, но ептен мило ми е што сум била во грешка :D You go girls! Неверојатни сте!
    :d::drunk:
     
    На kjukli, Doozy, girl-miri и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.599
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Преминавте сите во слико....јас сега ќе си муабетам. :devil:
    Кој ќе ми забрани....]:)
    Ја нема Данка да стаи нешо.
    И Анел исто.

    Ај јас може утре ќе се намачам со некој рецепт.
    Море само ќе ги изматкам и ќе фи понудам за пиење. :!: Гратис и тоа. Јас живи јајца не пробувам.
     
    На kjukli, Tajnaotrovna, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.