Првиот глас од анкетава отиде од мене за @referentka моја овој пат. ...се надевам дека ќе дојде и тој момент кога би имала можност да зготвам нешто за темава.. Не сте ми јасни некои со ова мрчење постојано на секоја тема, ова вака ова онака, сепак мислам дека вистината е таа.. некој го бидува за вкус, некој за мирис, некој за декорација, некој за мрчење, некој за естетика итн.. не сме совршени, не. А и не треба да бараме совршеност со она мрчење постојано.
@Bridget Мислам дека сите сме доволно возрасни па сфаќаме дека сето ова е една зафрканција, па дури и тогаш кога се споменуваат имиња. Ама пак и од друга страна, темата е од натпреварувачки ранг и сите треба да се потрудат да бидат што покреативни. Како да ги поттикнеме ако самите тие не се трудат? Ипак не може ни слепи да се правиме, и да велиме еден варен морков е сто пати поубав од морков направен на еден оригинален начин, што со форма, што со начин на приготовка. Не е детска темата па ајде сите по еднаш да победат, да не се лутат. Секогаш да победи само најдобриот!
@Summerlover Натпреварувачкиот дух тука првенствено е за забава, проследено со хумор. Давање комплименти за слика не е грешка, дури и пожелно, се додека не е на сметка на другите и не се претерува. А некои од вас, поготово тебе те имам приметено, не знам дали не знаете правилно да се вклопите во тој дух, па коментарите ви одат во друга насока. Не сме слепи, знаеме сите што е добра слика а што не, ама за забава и релаксација сме, и не, не сме тука за победа па вие да не поттикнувате подобри да бидеме, оти нас сами нема да ни текне
@Bridget Нема да се извинувам бидејќи не штедам на комплименти. Кога нешто многу ми се допаѓа како е направено, сакам и истото многу да го пофалам. Но не знаев дека еве и моите како и останатите коментари толку ги земате при срце Ако бевте тука за релаксација, немаше толку да ве погодуваат истите, ама ајде
Јас овој пат гласав за @Bridget. Не поради тоа што мрчи и плаче, затоа што сендвичот со очи или без ,изгледа опасно первезен. Иако не сум обожавател на јајциња , ова ми прави лиги оти е во сендвич. А сендвич не одбивам.
Не се тепајте децо. Плус,убава фотка не значи е вкусно Ене,моето пример Јас за пиперките со урда си гласав.
@Summerlover Баш поради тоа што мислиш дека ова го пишувам затоа што ме погодиле коментарите во срце, се гледа на каков начин размислуваш за темава. Детски. И баш затоа и мислам дека твоите коментари не се чисто за забава и хумор. Ме допрела таа до срце со критиките
@Bridget Мислам дека натаму и нема што тогаш да се расправаш со едно дете како мене, дете со детски ум што дошло со задна скриена намера во темата
Mene bi me pogodile negativni komentari Ve molam vozdrzete se..do sebe denovive drzam lexilium,vo slucaj da pise nekoj nesto.. Ako ne pobedam da se stavi tema MODAR PATLIDZAN...ili LUTA PIPERKA..
Ејјј до гласање сме стасале ... За кого да гласам... Може сама за себе ??? Неее??? Добро, ајде да ги разгледам пак сите јајцА и да гласам за некоја од Вас ... И да си знаете, мојот глас секогаш оди кај најкомплицираното јадење ... Неможете со декорација да ме залажете ...
Се двоумев помеѓу @Mekuska поради креативноста, интересни јајциња на изглед, само не ги сакам така спремени јајца за јадење, им го знам вкусот и не ми се омилени баш @Peppermint со земичката, ама самата си кажа дека нема да го прави истото по втор пат: @referentka и нејзиниот калоричен оброк ( и само оти е многу калоричен го избегнав. Инаку ми се свиѓа ) и @Bridget оти и се разлигавив на јајцата. И на крај гласав за @Bridget за јајцата по мој вкус А и убаво ги стокмила, лични се
@girl-miri Што е тоно ? Мислиш на туна или ? Иако ретко ја јадам, гласав за тебе.Некако сликата ми делува убаво.Смирено/Е така. Браво и за Бубале