Чоколадна торта со портокал ми е дефинитивно омилена варијанта на тортулиња. Spoiler 4 јајца се матат со 3/4 шоља шеќер. Се додава 1 шоља брашно, 3/4 шоља какао, 1 павлака, 1 пециво и 1 ванила. Убаво измиксирајте, додајте кори од 2 портокали и нивниот сок (совет: не претерувајте со сокот, да не стане тестото како гума, така што не го ставајте целосниот сок, малку тргнете на страна). Убаво измиксирајте пак, па додадете уште 2 поголемки рендани јаболка и промешајте со лажица. Печете на 180 степени (конкретно јас го печев час и половина, проверувајте си, зависно од тоа колку сок сте ставиле во тестото од овошјето). 500 мл слатка павлака растопете ја на оган со 2 чоколади и прелијте ја тортата. Нека отстои во фрижидер некое време.
^ Шо да праиме не сме сите 'креативни' ко тебе у кујна Ова 3/4 е ко дропка у математичка задача Пиши таму 10-15 лажици и фајрон.
Мaфинине мoи веќе беa пoстaвени вo Феминa Инстaгрaм, aмa не ми е јaснo не смее истaтa сликa или истите јaдењa штo веќе биле пoстирaни, штo aкo јaс им нaпрaвaм фoтoсесијa сo преку 10 слики?
Ајде дa не бидaт чoкoлaдни кoлaчи туку oпштo чoкoлaдo зa дa имaме пoвеќе избoр штo ќе нaпрaвиме, и еве се испoтепaвте кoјa пoпрвo сликa дa стaви. Или ден пред Нoвa Гoдинa ќе се прaви? Ќе пoчекaме.
Јас се самодисквалификувам овој пат, немав време за торта. Ја препуштив на мајка ми, затоа излезе супер. Сега прашањето е за кого да гласам? Тешка одлука богами... сакам да ме поткупувате.
Spoiler На @vitamina фамозната чоколадна торта Кора 10 белки 80 гр шеќер 3 лажици брашно 1 пециво Пола од филот. Се матат белките и шеќерот во цврст снег се додава врашното пецивото и на крај пола од филот се пече на 200 20 мин Фил 10 жолчки 80 гр шеќер во прав 1 маргарин 5 чоколади 100 гр млеко Млекото и чоколадите се топат се ставаат да оладат се матат маргаринот и шеќерот се стават на страна и се матат само жолчките на густо сето тоа се соединува со чолокадото и маргаринот и се става да олади ( може и во фрижидер малку да стегне) Се сече кората на 3 дела се филува и по желба се става мегу филот и кората за поубав вкус шлаг претходно изматен. Јас ја правев 2 дози, и ставив 4 шлаг пени и 10 кујнски чоколади
Нискокалорична чоколадна торта (без глутен, без шеќер) Spoiler 1 чаша пченкарен густин пола чаша пченкарно брашно 1 мало лажиче мелено чиа семе 70 грама какао пола мало лажиче сол пола мало лажиче сода пола чаша стевиа 3/4 чаша павлака 3/4 чаша млака вода 3/4 чаша зејтин 2 јајца Се меша во еден сад: брашно, густин, сол, стевиа, какао, чиа семе, сода. Во друг сад се матат јајцата, и се додава зејтин, павлака, вода. Потоа се сипуваат во садот кај брашното и убаво се меша целата смеса.( може и да се мати со миксер). Се става да се пече во округло тавче 24 цм на 200 степени, 20-25 минути. ( се пробува со чачкалица дали е готово тестото, не треба да лепи). Се вади и треба убаво да се олади. За тоа време се прави преливот од 3/4 шоља хопла без шеќер која се загрева дури не почне да врие, се трга на страна и се додава 200 грама чоколадо со стевиа(темна-дорина со стевиа). Убаво се меша преливот дури се растопи чоколадото и потоа се прелива тортата.
Ic da ne cekame do utre ili do unaden. Cestitki @Elaria , Samo sto ja vidov slikata znaev dek ce pobedis Slobodno mozes da ja kazes novata tema, po moznost bombici da e poso eve sega ke pravam pa mozam odma da ucestvuvm i najtaze da bidat
Мило ми е што ти се допадна тортата ама рано е уште, за два дена можат многу да се сменат работите. Ти најдобро како мене прави си, што и да направиш сликај го за секој случај, не се знае кога ќе ти притреба сликата
Сликата на Elaria е дискфалификувана бидејќи не е лична. Преземена е од овој блог http://glutenfreeonashoestring.com/one-bowl-gluten-free-chocolate-cake/ , а потоа е сменета позадината. Анкетата е отворена, можете да го смените вашиот глас и да прегласате, па вечер ќе биде прогласен победник.
Благодарам дечки. Инаку ќе може тема тестенини? Имаше солено, па благо па ај си реков пак нешто солено, поедноставно. Со сосови, џиџи миџи. Се надевам на повеќе пријавени.