Ти па од што не се напнуваш веќе. И има ли нешто што не го правиш заинат? Сплескај ајде некоја мафина заинат. Јас имам уште од замрзнатите а заборавив дупла фотка да сликнам. Бриџит,тој што ја постави темата си напиша. Слика и рецепт. Што не е јасно?
Остајте ги луѓето како сакаат така. Се кажа еднаш, двапати, стопати, и секој си тера како сака, со сила да не ќе натераш некој рецепт да стави? Гледате дека не може. Затоа, олабавете, крај, нема рецепти Што не е јасно @galapce ? Гледаш некој избркан од темава заради рецепт што нема? Значи ок е, лабаво е, ама ти упорно тоа па тоа. Пријавувај кај Реинбоу, што друго да ти кажам?
Бриџи, не се сложувам со тебе дека за слики гласаме. Јас не гласам за слика, тука читам што е користено, па и тоа има и тоа каква улога за да одберам за кого да го дадам гласот. Нормално и декорацијата и сликата имаат улога, ама не таа комплетна доколку нема и рецепт.
Гласај си ти @Abrakadabra за рецепти, еве ние што не ставаме на ризик одиме да губиме гласови затоа што немаме рецепт. И не гледаш потресени заради тоа? Не. Значи сеедно ни е.
Нели нема рецепт, тогаш најубавата слика од интернет ќе ја најдам, ќе ја модифицирам малку и ОП пак ќе си победам.
Ова ако пробаш ке бидеш фатена. Како и да е,целосната односно поприближна слика е со рецепт. Башка се скрати на она барање рецепти а најбитно ке се испоштува оној кој поставил услови за оваа тема.
Аха, значи ако има рецепт доказ е дека сликата оригинал твоја е пошто ние како професионалци одма ќе познаеме дали сликата се совпаѓа со рецептот постиран подоле, а ако нема рецепт значи крадена е или некој друг ни зготвил, ко да ако сакаш да лажираш толку е тешко еден рецепт да најдеш и да го постираш.
А јас незнам шо е толку проблем да се стави и рецептот? веќе кога си го направил ваљда го знаеш и рецептот.
Ваљда ме мрзи да пишувам, ваљда не одам по рецепти, ваљда сметам дека безвезе ми е рецепт за мафини или шодае просто и едноставно да ставам, ваљда можеш милион рецепти за истото јадење на нет да најдеш, ваљда не знам, од инает ете така?
Заборавив уште да кажам, ваљда се чувствувам како домаќинка очајна што на нет рецепти разменува, ваљда само слика ако ставам поуметнички делувам
Мене пак ме интересира за чив инат ова би ти претставувало уживање? Или што и да е. Моментот кога интересното доаѓа до точка детска игра.