Не е за инает, оти не разбереш дека ете така не ми се пишуваат рецепти, крај, ќе олабавиш со ова веќе? Или пријави кај Реин и таа ако каже дека без рецепт не може да се учествува тогаш ок, да се знае бар дали може или не. Вака не сфаќаш дека досадна си? Присилуваш некого на нешто што не сака, оти ете ти така сакаш. Кој е дете тука?
Сé што ме занима е, кога е мафин со што е. Ако е праз и сирење, нек пише тоа, ако е чоколаден, нек пише и толку. Детален рецепт чак на мафин, не ми треба. Или омлет, или јајце на око, или... што знам што. Само ако е нешто ептем специфично ставете, аман. И јас нејќам да се замарам со рецепт, само со..мојот мафин е со промаја. [slika]mafin so promaja[slika]
Јас. Прочитај уште два поста. Само не дополнила Реин,од на сите нам познати причини. Брижит нека не ти биде досадно она исто што и ти го правиш.
Ако прочитам уште неколку поста ќе најдам и предупредување да не се муабети на темава туку само слики да се ставаат, па знаеме дека не е така.
Следната тема наместо јадење нека ви биде: Дали да се става рецепт или не? Гласајте и решете се еднаш за секогаш, на демократски начин секако . Јас гласам ЗА, btw (ако смеам де, оти не сум многу по готвењето, ама ве читам редовно).
Да ок е, ако ставиш такво смајли ќе знаеме дека другите се Бог да чува, не ти. @RainBow Дај дојди и разреши, ќе е проблем ако не се стави рецепт? Досега не бил, еве на галаба и смета па ти одлучи.
Кај што ми сметаше си барав и си добивав. Денеска мислам се пријавија уште десетина,ама ете слаба меморија па си ги заборавила.
И што сега на натпревар сме? Кој повеќе гласови ќе собери ЗА и ПРОТИВ? Не е доволно што најмалку еден вели дека не сака да пишува рецепти па да го оставиш на мира?
Ставајте рецепти! Оти така е подобра темава, попоучна, позанимлива, може нешто и да се научи секако и јас не знам што е толку тешко да се напишат неколку реченици. И што е поента за слика без рецепт, натпревар само? Ама, секако ако поминува темата и понатаму без рецепти, јас тука не можам ништо да направам освен што можам да ве бојкотирам и тоа и ќе направам. Нема да гласам слика без рецепт па колку и да е убаво оно на сликата. Не го гледам, не го коментирам. Или ќе одам на гости и кај ми изнесат јадењето ќе го сликам и ќе го ставам тука кога ќе дојде на тема.
Е добро, кажа некој претходно дека нема да гласа без рецепт, кажав јас, а верувам има уште такви како мене, дека гајле ни е дали ќе гласате за нас или не. До кога ќе одолговлекувате со истото?
^ Е па прашав јас веќе. Тогаш што ти е поента тоа што го ставаш тука ако не знам како е зготвено? За слика постои фемина инстаграм. Ете девојчето да не напиша дека во јадење минатата недела ставила поширано јајце, ти или јас или некој друг немаше ни да знаеме што е тоа Пример давам. Попоучна е и крај. Точка.
Точка знаеш каде можеш да ставаш, нели? Тука не. Поентата што јас тука ставам слики сигурно не ми е за да ти знаеш како е зготвено. Забава, не поучно. За поучно видеа и страни еден куп имам.
Муабетот на Бриџит и е, ако има човек кој не ставил рецепт, да не се претерува со: а рецепт. Ако сака да стави,ќе стави,ако не ставил... нека да не стави човек. Ок е да сакам да знам дали е со праз,сирење, шунка или не знам ти што мафинот, ама дека ставил една чаша обично брашно, пола пченкарно и една жолчка...чак толку не треба. Оти имате да, на нет секакви рецепти и на мк, и на српски и на англиски и со видеа и со што не. Тоа е муабетот. Да не се замараат луѓето што постираат со тоа: а рецепт. Е, толку е муабетов. Ако им се сака, ок. Нема потреба толку галамење.
Јас ја разбирам темата дека е да видиш и право можеш и да направиш. Јас ретко барам рецепти на нет. Овака се проверени и повеќе ќе се усудам да ги правам. @Bridget и за тебе исто важи. Ако ние сме запнале за рецепт, оти баш да биде по твое? Ете ако треба да гласаме ќе гласаме за и против. За сите да важат иста правила. Или @RainBow нека каже и пресече дефинитивно. Ако не, уживајте во темата со слики.