Честитки, давај нова тема п.с уште сабајлечки отварам фемина, да видам дали мафините од @Sky-butterfly се ставени
Ви благодарам луѓе. Среќна сум Уф сега, која тема Ово ми е најтешкиот дел мислам, полесно ми беше мафините да направам. Ајде нека биде: Овошни десерти. Значи сладолед, чиз кејк, пудинг., торта... било каква посластица со/од овошје, нешто како за сезонава. Може?
Се важи колачот?! Ако не бришете. Колачот нема име, го склопив за 10 минути, гледав рецепт на точка.мк со 5 јајца, шоља нутела плус пола шоља брашно. Испеков па ми се гледаше суво. Искористив крација од чоколадна крема изматена со млеко плус блендирани боровинки, најпрвен намачкав нутела, па одозгора овошниот шлаг. Декорирав до парчиња ананс плус малку прелив најден од полски производи.
4jajca,16laz.seker,16laz.mleko,16laz.brasno,2laz.kakao,1pecivo za testoto.Fil:1l mleko,16laz.seker,1margarin,1cokolado da se rastopi se zaedno i na kraj se dodavaat meleni orevi i biskviti.
*ТОРТА СО ЈАГОДИ 'МАМА'* РЕЦЕПТ * 3 јајца * 70 гр. путер * 90 гр. брашно * 120 гр. шеќер * 1 пакување желе * 1/2 кг. јагоди * 1/2 л. хопла Постапка: Се матат белките во густ снег, притоа полека се додава шеќерот. Жолчките се матат со омекнатиот путер, се додава брашното и мешајќи полека со шпатула ги додаваме и беклите. Се печи во подмачкано калапче на 180 степени околу 25 мин. Изладениот бисквит го редиме со сечкани јагоди и одозгора туриваме желе претходно подготвено по упатство и малку изладено. На крај декорираме со хопла и јагоди. П.С. ова ми е еден од најубавите гастрономски спомени од детството, симбол на мај, симбол на мајка ми
Честититки @Sky-butterfly заслужена победа Благодарности за сите кои гласавте за мене @Eli23 рецептот за карамелот ти го праќам во пп да не полнам тука оф топици.
Еве ме и мене оваа недела! Мојов рецепт би го нарекла „Непечен колач со орео и јагоди“ Spoiler: рецепт Потребно е: 330 g орео колачи 110 g маргарин Кристал 200 - 250 ml хопла за десерти 150 g чоколадо за готвење (јас користев на Европа) јагоди по потреба лешници за декорација Орео колачите се мелат. Потоа во нив се додава растопениот маргарин и се меша додека не се соедини. Се расплескува основа од смесава во соодветна модла. (Мојата беше округла, со дијаметар околу 20-ина центиметри.) Додека се прави филот, модлата со основата стои во фриз. Потоа, се топи чоколадото и се остава малку да се излади. На страна се мати делумно хоплата. Чоколадото се додава во неа и потоа се соединуваат. Смесата се истура врз основата и се распоредува. На крај, се редат јагоди во количество по вкус и се декорира (по желба) со сечкани лешници. Потребно е да отстои во фриз. За 2-3 часа е подготвено за јадење. Бон апетит. Гратис: P.S. Каде е рецептот на @Sky-butterfly на сајтот на Фемина?
Тоа допрва ќе видиме. Ама насловната дава многу мотивација. Инаку, многу е вкусно, не е само до изгледот.
Мене на прв поглед сомнително ми стана тоа т.н тесто со таква боја,уште пред да прочитам рецепт. Си викам до толку да го испече Ама кога видов орео колачиња и + непечено оооооооооооооп ПРОСВЕТЛУВАЊЕ
Не е последен ден, натпреварот тек започнува! Ама, мило ми е што гледам дека насловната како крајна награда ве мотивира!
@vitamina , морам да признаам дека плавото на ананасот мислев си го фарбала на Paint хахаа А, што е уствари тоа ? Дефинитивно е многу интереснo
Да ве подружам малку. Spoiler Пандишпан: 5 жолчки се матат со 5 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер. Се додава 90 мл млеко и 70 мл масло. Уште 5 лажици какао, 5 лажици брашно и 1 пециво. Одвоено се матат 5 белки, во цврст шлаг. Постепено се додаваат кај жолчките. Фил: Се загрева 500 мл слатка павлака со 300 гр чоколадо, дур чоколадото не се растопи. Се додаваат од прилика мелени бисквити, за да се стврдне смесата (поима неам колку ставив). Прелив: 400 гр вишни се варат малку со од прилика вода и шеќер. Потоа се додава желатин.
Vo pravo si.. Aj koj sto napravil vikajte da probame.. Ne veruvame na sliki nie. Jas si kazav-za slatko ne me biduva.Katastrofa sum.