@referentka Рефи, за диети не знам, ама штом толку жустро се започна новата тема, се прашувам каков ќе да е крајот? Убедливо најтешко до сега ќе биде
Од тортава имам ставено слики веќе во фемина инстаграм, ама различни од оваа ( да си кажам навреме, да нема збунки) Spoiler: Рецепт Од состојкиве ставав од око, не ни мерев. Состојки: - кристал маргарин (половина) - плазма мелена (нз точно колку, ама повеќе од две пакетчиња треба, зависи во што тавиче ќе го ставате) - шлаг кафеав ( 3 пакетчиња, а можеби и 4 за повеќе) - млеко околу 500-600 мл. Подготовка: - Се става половината од маргаринот да се топи, а во меѓувреме во мелената плазма малу се додава мелко и треба да се измеша убаво. Откако ќе се стопи маргаринот се додава во убаво измешаната плазма и се меша се додека не се направи убава смеса. Потоа во тавиче, по желба ваша (ја кориситев малечко, округло), се става фолија и се става смесата, за да биде еднаква ја натапкувате и на крај ја ставате во замрзнувач околу 20 мин. Меѓувреме со останатото млеко, се мати филот. Доколку се поминати бар 15 минути, од тие 20, може тестото односно подлогата да се извади. На неа прво се редат јагодите, па филот и се става повторно во замрзнувач. Едноставно, брзо, вкусно и без печење
Ауууу женски колку сте вредни! @vitamina најпрвин ме изненади,после отварам кога ја видов @Lady Phoenix ми се идеше да си влезам у мониторов лиги до земја ми потекоа @IronLady и @Elennaa опако добри ви се сликиве! Овојпат не би знаела за кого да гласам,мани друго срам ми е да учествувам
@Mama25 Ајде Мама не се срами, туку упаѓај и ти со некое совршенство, па сите колективно за сето постирано да паѓаме во несвест
@IronLady веќе пишав дека е полски производ. Го ископав од еден полски рафт во маркет. Има мирис на ванила и е како желе, ептен густ прелив. Нешто слично како чоколаден прелив само густо и желатинесто. Едит: побрзав да го сликнам навечер кога камерава е крш без дневно светло.. знам дека подобро ќе беше пред сонце.. подалеку од мојата е на @Lady Phoenix , нема дискусија дека твоето нешто е најпрекрасно мила .
Spoiler Panna cotta 1 пакетче желатин се прелива со 4 лажици ладна вода за да набабри. 500 мл слатка павлака се загрева полека. Се додава ванилен шекер/екстракт од ванила и 50 г шекер во прав. Се загрева до вриење, но не и да почне да врие. Се додава растопениот желатин и се меша добро да нема грутчиња. Чаши/калапи по избор се полнат со приготвената смеса и се оставаат во фрижидет 4 часа. Се подготвува прелив по желба. Овојпат изблендирав јагоди и со неколку лажици шекер ги сварив колку да се редуцира малку течноста и да се добие полугуста смеса. Кивито е во желатин подготвен само со вода.
@Lady Phoenix Ajde srekjen pat za na naslovna a nas ostaj ni go slatkishov da zablazime dusa. Kaj @IronLady 10 pati klilnav lajk I neznam sega dali se registrita ili ne. Mislev ke mi dojt edno parce ako klikam povekjepati xD
Алал да ви е девојки, се поубави и поубави тортички, конкуренција јака,баш да се подразмислам за кого да гласам,осечам дека ке биде густооо
Девојкииии Ги гледам фотките со овошни десерти и помислив дека сум залутала на некоја кулинарска страна!!! Неверојатни ви се десертите !!! Сите се за насловна... Ке биде „жешко“ кога ке се гласа!!!
Spoiler: Рецепт 1 литар млеко 3,2% масленост 400 гр шеќер Млекото и шеќерот се зовриваат и откако ќе се оладат се смрзнуваат. Јас го направив тоа навечер и го оставив да се смрзне преку ноќ. 150 гр. шлаг пена (две пакувања од КАМ 4 х 40гр) 300 гр ладно млеко 4 ванилин шеќер Се мати шлагот со ванилите. Кога ќе се добие цврста пена се додава смрзнатото млеко, лажица по лажица (иако е смрзнато лесно се вади со лажица). Се мати цело време. Ова е оригиналниот рецепт на @Val-Dim Ја поделив смесата на три. Во едната исцедив два портокала промешав и ставив да се замрзнува. Во другиот дел ставив вишни и на оган загреав малку шеќер со вишни, за да пуштат боја и го додадов, промешав и ставив да се замрнува. И третиот дел го оставив ванила за да си ставам во кафе или да го јадам со слатко од смокви. Се обидов нешто да декорирам, има и домашно слатко од смокви внатре, тоа завитканото во портокалот смоква е. Да бидам фенси и јас.
@kjukli сладоледот ти е совршенство !!! И декорацијата ти е за чиста 10-ка!!! За вкусот, бидејки ми е познат (го знам рецептот и сто пати сум го спремила ), имаш пет ѕвездички Spoiler: *** Сите што не пробале да направат сладолед по овој рецепт, не знаат што пропуштиле
Еве и мој мал сладок придонес Вкусот е "милион долари",рецептот е од проспект во маркет и со малкуте состојки не ми изгледаше воопшто ветувачки!корпициве ги купив полу-готови,се допекуваат 5 мин и толку,белиот полнеж е пакување 250 гр philadelphia light намаз со 1 пак ванилин шеќер+2 мали лажички бел шеќер(фино промешано)одозгора овошјето и малку џем од малина..одлично на око,на вкус уште повеќе
Jas ovojpat nema da se mesam vo stipki od poznata pricina za Vas-tapa sum za blagi raboti. Ama kako Ve gledam taka dobivam zelba da isprobam recept od tuka. Ona 24 kitchen voda nemoze da Vi nosi.