Вочна торта Мајка ми ја прави со години. Јас прв пат. Како за прв не е лошо. Сочна е, вкусна и лесна. Spoiler: Рецепт Тесто: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 2 лажици гриз и 1 пециво. Се пече во кружен плех бр. 30 Фил: 1/2 литло млеко се вари со 200гр шеќер и 1 ванила. Жолчките се мешат со 3- 4 лажици нишиште и се додаваат во млекото. Се вари крем. Од белките се прави шам за завршеток на тортата. Додека се пече тестото 1/2 кг јагоди се остават да стојат во шеќер.
Навистина немам појма за кого да гласам овој пат. Обично некој уште веднаш ми се издвојува по нешто, ама не и овој пат. Се би јадела Ако имам време еден чиз кејк да направам и јас. Колку за учествување, мислам јадење деновиве
@Sky-butterfly честитки Ајде кога веќе правев да учествувам Овошна торта со цреши Spoiler: Рецепт 3 јајца 200гр шеќер 180гр брашно Овошје по желба Се матат јајцата со шеќерот 1-2минути,па се додава брашното и пак се мати 1-2мин. Се чистат 10тина поузреани цреши се ставаат во смесата и се мати да се добие виолетова боја. Пола од смесата се става во тепсија да се пече 5 мин на 200степени. Во меѓувреме се вадат семките од другите цреши,и после 5мин се редат на тортата,а врз нив се додава останатата смеса и се става да се пече уште 5 мин на 200 степени,па се намалува на 170степени и се остава да се допече.
Spoiler Spoiler: Рецепт 4 јајца се матат со 8 лажици шеќер и 1 пакетче ванилин шеќер, потоа му се додава 6 лажици брашно помешано со 1 пакетче пециво, да се соедини се убаво и се пече. Филот е матена хопла со парченца јаготки, се мачка кората и се витка ролат. Декорирано со мелен шеќер.
Mене пак моментално прва на листата ми е @Peppermint. Точно ме потсеќа на една слика од Сладок Готвач, постара книга што ја паметам од детството, ама и пред се како е скоцкано. Прецизно, кристално чисто, јаки бои. Шарм сместен во чашка и бидејќи овошен десерт не ме асоцира на торта ниту пак на чоколадно, ова ми е повеќе од совршено за темата, а и боите- црвено и зелено баш ја доловуваат овошната тематика со едноставното бело како рамнотежа. Уникатно и софистицирано. Киселоста и слаткоста на паралела! Нешто ново и подруго. I believe Ramsey approves!
Aman zenski sto storivte..stvarno i ja ko Skaj se bi probala i pojma nemam za kogo da gladam Mene izgleda polesno mi e samo da si glasam, ne sum za ucestvo
Ти благодарам многу. Ептен ме израдува со коментаров, со прецизност на професионален критичар, особено познавајќи ги твоите високи естетски критериуми.
Аууу Дузи, фала! Навистина ми значи. Инаку, се сложувам за Пеперминт. Навистина најовошно заедно со Кјукли.
Пеперминт, изгледа ќе даваш за сите репете од благото Леле девојки, дефинитивно овој начин со пишување на рецепти е најдобар. Сега прво му ја токмам ова од Пеперминт да го направам, па сладоледот од Кјукли...итн..и кога ќе се качам на вага + кг, па после ќе му ја мислам
Толку се радувам за @Sky-butterfly Презаслужено! Просто зрачат на насловната! http://www.femina.mk/рецепти/ваши-рецепти/овошни-мафини
Жал ми е што ќе сум расипувач на забави, ама: До уредниците Во рецептот ми заборавивте жолчките и брашното да допишете, во првиот чекор на подготовката. За готвачките што сакаат да им биде се нацртано, ова е голем пропуст Благодарам.
Ооооо, @Sky-butterfly честитки! Ова е тоа што се чекаше. Ајде сега агитации, кампањи... Се радувам за Скај.