1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Тема: Mесо во сос

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од CrazyOne, 4 декември 2015.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.993
    Допаѓања:
    111.838
    Пол:
    Женски
    искрено да ви кажам се покајав што го постирав рецептот тука а не ги прочитав 10 те заповести. Слободно модераторите нека го избришат за да не се најде некој навреден тука. Не сакам заради мене да се ствараат кавги и чуда ниту па ќе ми се збогати животот ако мојот рецепт е на насловна на фемина. Јас го споделив, 10 мин откако го ставив на Инстаграм. не е крадено мое е. Е сега не е правено баш завчера ама е правено пред 1 недела. Така да јас нема воопто да фатам кусур ако се избрише мојот пост. Оние кои го пробаа го бендисаа и нивното задоволство ми е најголема награда.
     
    На ♡BuBaLe♡, papillonP, kanella и 13 други им се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Jaс го пробав на @nena2010 рецептот и потврдувам дека е одличен,вчера го напрвив,денес го нема.Плус и гости ми дојдоа на кафе и лаф муабет,па супер ми дојде.Ептен домаќинка излегов.
    И еве сега јас како дрвен адвокат,нема да се лути Нена,да го споделам рецептот за сите кои сакаат да го направат.
    Пудинг со јагоди

    Состојки:

    · 1 литар млеко

    · 5 лажици брашно

    · 187 грама шеќер

    · 1 јајце

    · 100 мл хопла

    · 1 ванилин шеќер

    · 20-30 јагоди

    · 175 гр бисквити ( може и плазма ама јас ги правев со обични бисквити)


    Подготовка:

    1. Млекото се става во тенџере

    2. На страна се разматува јајцето со брашното и шеќерот со неколку лажици од млекото (100 мл) да се добие убава мазна смеса

    3. Се додава на млекото во тенџерето и се меша да се згусне не на најсилно. Кај мене имам до 6 на рингла го правев на 5. Пожелно е да се меша нон стоп додека да се згусне за да не се направат грутки

    4. Кога ќе биде убаво згуснато (како пудинг) се додава 100мл неразматена хопла и ванила шеќер и се меша (јас го матев со миксер на најмала брзина)

    5. Сомелете ги бисквитите

    6. Јагодите исечете ги вертикално

    7. Се реди прво еден цм пудинг , па се посипува од мелените бисквити , на краевите од чашата се редат јагодите, се става пак пудинг и се повторува додека не се наполнат садовите во кои го сатавате десертот.

    8. Одозгора се украсува со сечени јагоди.

    9. Се остава да се излади преку ноќ и се јаде.


    Доколку се прави со банани потребни се 2-3 големи банани.

    Пријатен апет
    Направете го,јас денес ако имам време пак ќе го направам.
     
    Последна измена: 1 јуни 2016
    На JuLleE, ♡BuBaLe♡, papillonP и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Мрчатор

    Мрчатор Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    300
    Кај виде слики?
    Само расправија и оправање гледам.
    Да помрчам малку.
     
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @Lady Phoenix морам да ти се обратам оти видов дека се осети погодена.
    Не се работи за оспорување на твојот предлог ниту за десертот на Нена.
    Ако некој проба да упати некого во темава добронамерно,одма истите членнови почнуваат со истите контрења за иста работа која веке е расчистена и се прави усилен проблем каде што не постои проблем. А со самото тоа на оној што постирал му се ствара слика на непријатности.
    И нормално овие што се со постови од типот, Голема работа ако не е во правила со темата ке пропадне државата, испага дека штитат некој кој уствари не е ни нападнат туку е само не упатен и се пробува да биде упатен.
    И да,успеваат сакајки или несакајки да ја реметат темата и тоа се само ради нивна одредена желба и несакајки да се прилагодат кон нештото кое е создадено и прифатено.
     
    На sesilija, Summerlover, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Кои се тие членови, Галапче? Јас? Кукла?
    И јас и Кукла реагиравме заради Нена, за да остане во натпреварот, а не заради нешто друго, затоа што некој (Summerlover) притиска да се дисквалификува, оти „правила се правила“. Затоа што некој дава аргументи и отвара простор да биде дисквалификувана. Во ред ти е тебе? Што тебе ќе ти смени во животот ако некој биде дисквалификуван од темава? Што ти е тебе проблем ако некој ја ставил сликата во инстаграм оти не знаел дека не требало, оти не ги прочитал правилата на прва страна оти, прв пат постира тука? Ти секогаш го отвараш првиот пост од темата каде пишуваш, за да ги видиш правилата? Јас еве не. Решено е за рецепти и во ред е. Така е решено така и се тера, што е проблемот? Сакаме поголема строгоќа ли? Да пука каиш работава..да се знае кој е кој?
    Рејнбоу да ја повикаме ако не па, сите оф топици да ги брише и да не дозволува веќе дрндање тука, само слики со рецепти да се поставуваат и крај веќе со овие препирања. И особено, луѓето кои не учествуваат да не дрдорат, вклучително и јас.
     
    На Winter Lady, kukla21, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    324.237
    Пол:
    Женски
    Го отековте стварно (facepalm)
     
    На Ketchup, Mama25, Bozica1980 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Баш сакав слично да се изразам.
    Си реков ај да ѕирнам што има новитети овде,кога оп,на човек да му се одјаде од постираниве убавини(facepalm)
    П.С.Чисто мој предлог.Не знам кој,како,за што цепидлачел,мрчел,критикувал,забележувал...
    Си има јавно истакнати правила на игра. Тие се тие и крај. Па,ко воли нек изволи:)
     
    На galapce и joy1 им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.253
    Допаѓања:
    284.306
    Тука ми е може шансата и мене:nod:.
    Сите да бојкотираат па белким и јас еднаш ќе победам 8)]:).
     
    На Ketchup, Val-Dim, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  9. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Башка твоето овошје е органско:P
    Овој пат,насловната загарантирано е твоја;)
     
    На Ketchup, joy1, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @zhap4e Слободно ме тагирај кога веќе зборуваш за мене :D Лејди праша што другите мислат, ти си даде твое мислење, јас си дадов мое. Или само вашето е океј? Моето е дека не е фер спрема другите, не мора да преувеличуваш дека сум некој диктатор :D И не е "правила си се правила" туку правила си се правила. И претх. пат имаше слики без рецепти, па ги немаше на гласањето. И тогаш која е поентата, кога на крај заради непочитување на правилата, ќе ги дисквалификуваат. Самите тоа си го прават, не лично јас, како што опишуваш :D
     
    На sesilija и galapce им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.725
    Допаѓања:
    145.102
    Сега ми е криво што и посочив на Нена добронамерно за да не ја бришат оти супер е десертот. Ама вие претравте. Чиниш за живот и смрт се работи.
     
    На Val-Dim, ♡BuBaLe♡, papillonP и 6 други им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ќе прочиташ, шо да те тагнувам. Не е ко да не читаш,тука,или е приватна порака па не ќе видиш. Си во темава и си кажа мислење и кажавме и ние,ама мора да се драми нели,за авторитетот да ве поддржи:D Дај некад стави нешто,домаќинке. Да видиме тоа истенчено око за убост на пракса:inlove: Рејноу ајде,нек те повика и тебе,конечно. Активна си,имаш став,мислење...дај и готвењето да го видиме:wasntme:
    И „правила си се правила“ е „правила си се правила“, кога се цитира нечија реплика:wasntme:
     
    На kjukli, Emy867, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Жапче немој така за цитирањето да не ти речат вака требало после „правила си се правила“ (жапче, 2016) :rofl:
     
    На duffi и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    33.873
    Пол:
    Женски
    I jas nemav pojma deka ne smee vo niedna druga tema da bide postiran desertot, mislev deka e bitno samo da ne e objaven desertot vo instagramot. Mene me bendisa desertot na @nena2010 i najdobronamerno i predloziv da zeme ucestvo bidejki ovonedelnata tema e taa.
    Ete i da saka nekoj nov da se prikluci ke go izbrkate predvreme i nema da mu tekne pak da se pojavi i otkako ke gi nauci pravilata za ucestvo vo natprevarot.
     
    На mareane, boomsleng, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @galapce воопшто не се осетив погодена. Туку само сакав да престане ова и да продолжиме понатаму.

    Ги знам правилата и добро е да има правила, ама сметав дека во случајов има простор да се реагира. Проблемот беше што сликата ја стави во ФИ, а рецептот си го постираше тука.

    Нема врска. Ајде нека прави уште некој десерт, па да агитираме.
     
    На Kukla994, sesilija, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Нормално дека се има простор.
    Незнам само зошто смета ако некој добронамерно проба да упати некој,а сосема трет се убацува како спасител за што и нема потреба.
    Во твојот пост е сосема убаво предложено без навреди и сарказми.
    Како штосе и нема потреба од уфрлување навреди.
    Ама ете,не сме сите исти и нормално да ке се има спротивставени мислења.
     
    На sesilija и Summerlover им се допаѓа ова.
  17. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    93.202
    Пол:
    Женски
    Леее многу врева за ништо е работава,темава бит-пазар стана,треба да не релаксира и инспирира а не да се препираме и повредуваме его.И забелешките може дискретно во ЛП да се пратат не тука 20 стр дискусија а 5 слики..
     
    На PUPICA, Mama25, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    100.041
    Пол:
    Женски
    Леден ветар со јагоди
    13349100_1292192680809777_19678702_n.jpg

    Пишкота
    9 белки
    250 гр шеќер
    1 л.оцет
    Фил
    9 жолчки
    9 л.брашно
    350 гр.шеќер
    3 ванили
    се варат во
    800 гр млеко
    кога се ќе се олади се додава еден изматен маргарин од 250 гр.
    3 шлага изматени по упатство
    Се пече пишкотата на 150 степени да биде златножолта.Се сече на 3 еднакви дела
    Се реди пишкота жолт фил ,сецкани јагоди,шлаг,кора,жолт фил, јагоди.шлаг,кора ,жолт фил се завршува со шлаг.
    Се чува во фрижидер на пониска температура убаво да излади.
     
    На Jordanovska-K, Legadema, LittleChili и 39 други им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ми потекоа лиги! Сигурно е лапни-голтни :)
     
    На sesilija, Bozica1980, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Ај да разбијам монотонија,да го фатам последниот воз:P


    Мојава шарлота е малку пијана ама некако се намачив дур ја сликнав мали сакаше да помага во сликање па ми го умачка тањирчето.

    Шарлота
    -400 гр пишкоти (било какви најдете)

    Фил
    -400 мл. млеко оладено
    -4 жолчки
    -5 лажици шеќер
    -1 кесичка пудинг од ванила
    -100 грама бело чоколадо
    -500мл слатка павлака
    - 1 кесичка желатин или шлаг фикс
    -2 кесички ванилин шеќер

    Овошен дел
    -блендирно овошје по желба (јас имав јагоди вишок) околу пола кило јагоди
    -60 гр путер
    -2 лажици густин
    За украсување ставив јагоди, малини и капини плус прелеав со бело чоколадо за да биде подекоративно.

    Жолчките и пудингот со ванилата се соединуваат во 100 мл. ладно млеко. Остатокот од млекото се вари со шеќерот при крај на варењето се трга од оган и се меша со претходно приготвената смеса 1-2 мин.
    Во изешаната топла смеса се додава бело чоколадо.
    Се покрива со фолија за да не фати кора и се остава да се лади.
    Слатката павлака се мати со миксер во која се додава желатин или шлаг фикс. Потоа се заедно се меша одкога ќе биде целосно изладен претходниот фил.

    Овошниот дел не го правев по рецепт зошто сакав свежи јагоди без шеќер, да биде поосвежителна.
    Па така само ги изблендирав и им додадов пенесто изматен путер. По рецепт е да провријат со шеќер во вода. Се прецедуваат и се блендираат, а во водата се додава густинот и на крај путерот.
    Странично пишкотите се редат така што ќе им се исече врвот во зависност од тавчето колку е високо. Долниот дел се реди со пишкоти и се посипува со малку млеко колку да омекнат. Прво се реди белиот фил,па овошниот и пак бел фил. Одозгора прелеав со растопено бело чоколадо па го сипав овошјето (може било кое овошје).

    7302.jpg
     
    На Oscar Lady, Jordanovska-K, Tinushka и 62 други им се допаѓа ова.