@Mama25 разбирам што сакаш да кажеш во врска со рецептите и потполно се согласувам. Башка додади/одземи 5 грама шеќер, и веќе е нов рецепт Но во врска со сликите, тие се лично наши/ваши дела. Сите се согласуваме дека твојата слика со тортата е како од американските сајтови. И други твои слики, на Серафима, па и на уште неколку девојки овде (и во други теми со фотографии), се малте не на професионално ниво. Оттука потписот, како вид на заштита, ми е мене сосема разбирлив. Па бујрум, ако некој сака да ја користи нека ти плати поштено Ако добро ги толкувам правилата на Фемина, авторските права се во сопственост на членките, не на Фемина, па поставување на нивното лого на сликата ми се гледа излишно. Башка што и Фемина и другите сајтови кои копираат се од комерцијален тип. Spoiler Со користење на кој било дел од овој форум, се согласуваш со правилата и условите за користење на форумот и ни даваш трајна, неотповиклива и неограничена дозвола да ги користиме и објавуваме твоите содржини поврзани со нашата услуга. Но, ти ги задржуваш авторските права врз содржината. Доколку сметаш дека ти е нарушено авторското право, контактирај администратор. Femina.mk ги задржува авторските права на сопствената содржина. Не е дозволено нејзино користење за нелегални цели, како и користење за други цели без претходна писмена согласност од администратор. Да не ме сфатите погрешно, секој си избира што ќе постираа, а што не. Сакам да кажам, ако некој сака да си го заштити трудот, тоа е во ред. Одам до супермаркет. Во шпајз имам макарони, тортелини, машнички, лингвини, само шпагети немам...
Разгледував и најдов нешто што не сум го ставила во ФИ. Оваа недела колку да се рече дека учествувам, немам некоја желба да зготвам. Најмалку се јадат шпагети кај нас. Значи, ова е архивско. Рецептов би го нарекла Шпагети со доматен сос со пилешко и печурки Spoiler: рецепт Потребно за две порции: околу половина пакување шпагети (зависи колку имате апетит) 2 големи зрели домати, излупени и испасирани како сос или едно мало Томатело околу 300 g пилешки стек 250 g свежи шампињони еден мал кромид едно чешне лук или лук во прав по вкус една пиперка маслиново масло зачини по желба Прво се гмечи чешнето лук и се става да се запржи на маслиновото масло за да пушти арома. Потоа се вади и се фрла. Се сецка кромидот, заедно со пиперката, ситно, па се запржува на маслото. Откако ќе се запржат, се додаваат сецканите шампињони. Кога ќе испари водата, се додава пилешкиот стек сецкан на поситни коцки. Се запржува, а потоа се налева со доматниот сос. При крај зачинувам со хималајска сол, сув босилек (ретко наоѓам свеж, а таков би бил најдобар), бибер, малку мешан зачин и сув домат во прав или црвен пипер за да се добие малку на густина. Кога ќе се згусне сосот - се тргнува настрана. Шпагетите ги варам ал денте и ги процедувам. Сосот го ставам врз нив или ги истурам во сосот и размешувам, сеедно. Добар апетит.
Овие се од минатата недела, онака набрзина направени и демек декорација со магдонос одозгора , не се специјално за темава, ама ајде еве ги:
@IronLady Нема проблем,од интернет ми е Еве линкче http://www.idividi.com.mk/stil/ishrana/1049630/index.html Само си додадов кашкавал одозгора
Еве ќе ви го копирам текстот Spoiler: МЕДИТЕРАНСКИ СОС Потребни состојки: 500 грама шпагети 300 мл доматен сос 1 литар пилешки булјон 20-тина сечкани маслинки 1 чешне лук ситно исечкано Оригано и букова сол Сол и црн пипер Маслиново масло Начин на подготовка: Во големо тенџере најпрвин ги ставате шпагетите, потоа ги полевате со доматниот сос и врз нив ги додавате исечканите маслинки. Откако сте го направиле тоа преминувате кон додавањето на другите состојки почнувајќи од маслиново масло, па потоа лукот со ориганото, буковата сол, солта и биберот. На крајот полевате со пилешкиот булјон. Сите состојки добро треба да ги промешате и потоа да ја вклучите ринглата на најјако. Кога ќе започне да врие, ја намалувате температурата на половина и промешувате на секои 3 минути за да не се залепат тестените. Кога течноста целосно ќе испари вашето вкусно јадење е подготвено за сервирање
Јас мислам(а и ако сакате да има повеќе учесници) да не важи правилото дека слика ставена во Фемина Инстаграм да не смее да се става овде. Сепак ова е друга тема, со натпреварувачки дух а ФИ е порелаксирана. Иста слика може да има повеќе намени
ШПАГЕТИ СО СПАНАЌ Шпагетите ги вариме по упатство. За една порција шпагети потребно е околу 200 грама свеж спанаќ кој го миеме, ситно го сечкаме, посолуваме и го пропржуваме на малку путер две-три минути. Зачинуваме со босилек ( или по желба ) а може да се додаде и рендан пармезан.
Baram da mi se zabranit temava vo tekot na postov. Fala pozZzZz... Ja sum pokje po solenovo- me prepotivme uste od sega. =.=
Еве мои дами да Ве удостојам со една карбонарарецептот верувам Ви е добро познат но да запазиме правила:шпагетите(препорачливо 7ца,ја имав 5ка дебелина)се варат 10 мин во солена вода,во меѓувреме на загреано масло се потпржува 100-150 гр сланина на коцки,а на страна се мешаат две јајца со една полна лажица пармезан и малку бибер.Сварените и исцедени шпагети се префрлаат во тавчето со сланина(пазете на температура да не е јака пресудна е за вкусот)па се прелива со јајцата и мин-две се меша..декорација по желба,јас би да се удавам во убав пармезан
Еве ги и моите скромни, интегрални шпагети со крем сос од спанаќ и пршута. Spoiler: Рецепт Се од око ставав, отприлика за две порции употребив: 140g Интегрални шпагети 1 главица црвен кромид 250-300g спанаќ, ситно исецкан 150-200g пршута на коцки 4-5 шампињони 2 големи лажици павлака рендан пармезан сол и бибер по вкус малку путер Шпагетите се варат во зовриена вода со сол. Во тава на путер се пропржуваат шампињоните и кромидот. Се додава спанаќот и се пропржува неколку минути. Ако пушти премногу вода, може да се оттури. На крај се додаваат павлаката и пармезанот.
Консумирам редовно паста и ако нешто разбирам од храна тоа е тоа . Во петок или евентуално четврток би имала шанса да ставам доколку не се затвори анкетата. Но, досега не ставив бидејки консумираме повеќе лазањи, њоки, равиоли и макорони отколку шпагети .
Глад, не страв После ручек ја поставувам сликата, и додека го пишувам рецептот, на екран како последно мислење стои сликата од @dunika. Леле лиги ми течат. Озбилно се замислив дали да земам сладолед како десерт или да направам една таква карборара со шпагетите што ми останаа.
Јас секогаш гласам за она што мислам или знам дека е вкусно. Но за жал победува и она што е обично на вкус, а убаво на изглед. Сепак јадење е, и за победа мора да е вкусно. Кај сите натпревари со храна пресуден е вкусот, само на темава ми се чини не. Ете пробав победнички рецепт, не е важно кој, ама освен убав за око, вкусот сосема просечен. Така за шпагетиве, планирав карбонара да правам и ставам, ама ете ме претркаа. А за лазања имав и слика, ама ќе чекам прилика. Ако некој не изненади, карбонарата го имаат мојот глас, едноставни, а вкусни.