@JuLleE Јас кога велев дека услов да биде поставена маса за дегустација Шала на страна, до некаде е така, затоа што ова е сепак виртуелно и ја немаме можноста да го оцениме јадењето навистина. При што од една страна, највкусното може не е најестетски спремано, и затоа поради таа фаличност, сите секогаш гласаат за убавото на око, бидејќи го гледаме од аспект на естетика. Малку апсурдно е што на кулинарска тема не е пресуден вистинскиот вкус, ама тоа е негативноста на виртуелноста.
Да но од рецептот може да се претпостави каков ќе биде вкусот. Неможе од јајце и брашно да очекуваш вкусно. Значи се знае што би можело да биде вкусно. Кај овошните колачи се гледаше кој е вкусен, доволно е да прочиташ состојки и начин на приготвување. А на око, па да ќе го стокмеме, декорираме и сите ќе гласаат. Муабетот ми дека отприлика се знае што е вкусно.
@JuLleE Некој може да претпостави каков е вкусот, друг што не се многу разбира во состојки не И од друга страна, мислам дека рецептот го отвараат сите оние што не интересира каков е. Повеќето го гледаат крајниот производ врз основа на што ја и донесуваат нивната одлука за кого да гласаат
Ја повикувам @Lady Phoenix да напише и стави слика од својот рецепт за бел сос со печурки за тестенини. Јас со две раце потпишувам дека е највкусен.И децава ми пројадоа печурки заради сосот. Не стигнувам да го сликам,а пред два дена пак го правев.Гладни да ги оставам,а јас да декорирам.Не.
Во ред е тоа, се согласувам, дека повеќето гласат заради сликата, јас само си изнесов мислење. Пробав рецепт, и знаев дека не е за победа, не го ни гласав тогаш, само сакав да споделам дека не од читање туку ете пробано не е вкусно за победа. Реков просечно, а имаше далеку подобри рецепти.
@JuLleE I totally get you Ама тоа е Инаку, стави слика од карбонарата, мисла дека и другите ќе се согласат дека нема врска што веќе некој ставил Секој на свој начин готви, и иако е ист рецепт, сепак е различно
Доста паламудите шо би рекла баба ми,земете шпагети сварете,4 слики срамота е и нека се повторуваат шо има врска..јасно е дека без дегустација не е тоа тоа,но забавата е битна и ми е многу кеиф што има толку вешти раце и таленти!Туку се чудам од толку мажи на женски форум никој бе да не склопи едно оброче,а во теми за секс и женски муабети први се
Шпагети болоњезе со печурки Spoiler: Рецепт Потребно 150 гр маринирани шампињони 1 поголем морков 2 главици кромид сите горенаведени состојки се сечкаат најдобро во сецко или може или многу ситно на даска за сечење 150гр мелено месо 600гр томатело 500гр шпагети босилек,сол,бибер,чешле лук,масло за јадење Подготовка Шпагетите се варат во солена вода.Во друг сад на загреано масло за јадење се пропржува малку кромидот,па веднаш потоа се додава меленото месо и шампињоните.Потоа се прелива со томателото,зачинува со сол и бибер и се вари на ниска температура околу 1 час.После половина час го додавам морковот,за да не го преварам.Околу 5 минути пред крајот се додава ситно сечканиот лук и босилекот за да се задржи аромата. Добар апетит
Ете, некој може да го испроба и овој сос, па да стави слика. Нема врска што јас го јадам со фетучини или фусили, би можело и со шпагети. Spoiler: Бел сос за тестенини За двајца е потребно 400-500 гр. печурки 1 мала неутрална павлака за готвење 1 кромид 1 пиперка 1 мала кисела павлака малку лук или лук во прав свеж магдонос или босилек малку путер и маслиново масло На маслиново масло и малку путер ги запржувате ситно сецканите кромид и пиперка. Потоа ги додавате сецканите печурки да се запржат. На крај ја додавате павлаката за готвење и 2 лажици од киселата павлака и мешате да се згусне. Во меѓувреме го додавате магдоносот/босилекот + сол + бибер + малку сув зачин + лук во прав. Ако правите со свеж лук, пред да ставитњ било што да се пржи на почеток, смачкајте чешне, оставете го да процврчка малку и извадете го, па гответе. Обично се јаде сосов со фетучини, ама може и со фусили. Ги варите, ги цедите и ги истурате во сосот да се измешаат со него. Декорирате со една лажица косела павлака. Оди со ароматично бело вино.
Шпагети со гулаш и пармезан. 1. Во зовриена вода се ставаат шпагетите да се сварат, 10 до 15 минути да врие, земаш и пробуваш дали и колку се варени, ги тргаш од шпорет и ги оставаш на страна уште 5 минути, ги цедиш и спремни се за сервирање. 2. Гулашот го подгреваш во тенџерче и мешаш додека не зоврие, го тргаш и спремен е за сервирање. 3. Сервираш шпагети, ставаш од гулашот и поросуваш со пармезан 4. Кркаш
Еве и од мене подготвени шпагети и ова ми е еден од секојдневните рецепти Spoiler: Рецепт Подготовка: Ги ставате шпагетите во зовриена вода да се варат околу 10тина минути отприлика, ги цедите и ги пржите со путер ( во зависност колку шпагети ставате, ама за двајца доволно е 20гр. путер ), додавате доматно пире, оригано дополнително ако немате во пирето и зачини по желба. Во посебно тавче испржив малку пиперки, ситно сецкани ( 1-2 пиперки, колку за шмек ) и ги додадов во тенџерето со шпагетите, промешувате уште малку, убаво да се соединат и сервирате, во случајов одозгора им ставив ајдамер ситно исецкан ( на врели шпагети кога ќе се растече кашкавалот, уфф... ), но може и сирење. Крај.
^Obicno ne me lazit, no sega ko za inat ovie se mozat da storat za da ispadne deka imam slaba intuicija.