Вечерав шпагети, ама заборавив да ги сликам ... Но, подобро и што не ги сликав, не ги подготвив јас ... Вечерва мм уживал во кујна додека јас бев на работа ... Ииии, морам да си признаам дека е велемајстор за шпагети со сос!!! Сосовите му се секогаш различни, комбинира што ке најде во фрижидер, нема рецепт и никогаш не запишува што ставил во сосот... Мммм... Ова изгледа намерно го прави за да не можам да го „копирам“ ... Ако, ако, не се бунам се додека има на масата топли шпагети прелиени со „нешто“!!! ПС Девојки, што направивте од темава??? Прекрасни слики и рецепти, сите за насловна страна ...
За солено и не ме бива, така да не се пријавувам. Само мора да кажам темава е убава, посебно ради сосовите. Сега кога и да ми затреба, ќе искористам од вашите испробани рецепти.
Секој различно размислува, но јас не би се согласила со мислењата дека само вкусот ( или содржината на рецептот ) треба да биде одлучувачки за победа . Мислам дека и декорацијата овде е многу битна, значи се комплетно, без разлика дали тоа е сликано со професионален апарат или обична камера. Ништо не може да биде ''пореално од нешто друго'' за победа , затоа што сите правиме по рецепт кој што во поголемиот дел од јадењата кои сме ги приготвиле сме го виделе/прочитале од некаде а не ние лично измислиле. Истото би можело да важи и за декорацијата. Според мене, оценката се става на целокупната работа а не само на дел од неа Ова е само мое мислење. Позз
Spoiler Потребни состојки Шпагети Шитаке печурки Неутрална хопла Брокула Пармезан Магдонос Алфредо сос https://www.youtube.com/results?search_query=alfredo sauce Се пржат 4-5 минути печурките со лукче малце, брокулата ја обарив и потоа со печурките заедно ја пропржив. Се прави алфредо сосот, сварените шпагети се ставаат во сосот, потоа се додаваат печурките со брокулата, се поросува со пармезан и магдонос и се крка.
Готово @Dgirlll, насловната овој пат е твоја! Да знаеш кој ти е најверен обожавател овде, да не ме заборавиш кога ќе станеш славна.
Букатини „Примавера“ во кремаст сос од печена црвена пиперка, кашкавал, маслинки и салами колбас. Spoiler Состојки: Пакетче Букатини (дебели) шпагети 1 филџан грашок 1-2 моркови 1-2 домати 2-3 црвени пиперки 1 главица кромид 3-4 чешниња лук неколку маслинки кашкавал салами (мешан) колбас малечка павлака Подготовка За Букатини Примавера, се користи сезонски или, каков имате зеленчук + маслинки, запржен на путер со малку веѓета, црн бибер и лук. За сосот од печена црвена пиперка се запржува половина главица кромид со 2-3 чешниња лук. Запржените лук и кромид се пасира заедно со 2-3 печени и излупени црвени пиперки. Можат да се користат било какви пиперки, свежи или конзервирани, во кој што случај, немаат потреба од дополнително печење, а само се пасираат. Испасираната смеса се запржува заедно со исецкан салами - мешан колбас (широк, дебел колбас кој наликува на кулен). Дополнително, за сосот... на путер се запржува половина лажичка брашно и се додава +/- голема шолја говедски или друг вид на растворен буљон. Штом смесата зоврие и постигне густина, со неа се прелева испасираната смеса од пиперка, кромид, лук и колбасот. Сосот се остава да прокрчка неколку минути, а потоа, во него се додаваат сварените букатини шпагети заедно со една малечка павлака и неколку лажички пармезан/рендан кашкавал, по желба. Се зачинува по вкус. Букатините во сос се оставаат неколку минути па се тргаат од оган. Кон нив, се додава запржениот „примавера“ зеленчук и смесата се замешува за да се изедначи. Се сервира во чинија и се порусува со пармезан или друг кашкавал, свеж домат итн. Дополнително може да се додаде плус павлака и зачини (црн бибер, оригано и сл.). Среќно дебелеење, патем. Од утре на диета.
кој шо-како јаде..или шо по му се јаде во моментов. Оранжовите црева што почнуваат некаде, поима немаш каде завршуваат...се они. Преинтровертен човек сум за оскари и насловни. Не ме гласајте! не би да сум на насловна со уштекано жапче..линк до профилот.