Јас гласав за рецептот, дека ми изгледаат вкусни и би ги јадела. Цвеќињата не ги ни приметив. Ама признавам борба на вкусови е, сепак и двата оброка изгледат дека се вкусни.
Честитки @PrettyDramaQueen. Новиот моб не ме доведе до победа, затоа за наредната недела ќе ја ангажирам Olivia Pope и победата ќе ми биди загарантирана. Благодарност до подршката, ве чекам во штабот на освежување
Абе @Dgirlll , мене ни апаратон не ми помогна за победа, пошо ту мач фантомски гласачи има Ја ка @Ketchup се осеќам, ние двајца ќе победиме исто ко на Евровизија
Не се гурајте, има за сите Честитки @PrettyDramaQueen, заслужено! Сите шпагети до едни беа вкусно подговтвени, а победија најсочните Јас лично гласав за @Marossa, во срце ми останаа нејзините Ајде со среќа на сите во новата тема, натпреварувачкиот дух да си остане исто креативен, ама и темата да биде супер осмислена
Честитки @PrettyDramaQueen Чекаме нова тема, нестрпливо Сите беа убави, креативни, мене ми оставија впечаток благите со медени срца, а највкусни ми беа моите - само тие ги пробав
Фала ви за честитките девојкии И посбно им благодарам на сите што гласаа за мене @Someonespecial е добитник на моите две порции шпагети, плус сокче по избор хахаха Следната тема, која ми беше на ум уште додека немав фемина акаунт и можеби беше една од причините да се зачленам тука, да победам во темава (искрено не очекував да биде прво па победа ) и да ја предложам. Се работи за величествените Оброци во тегла. Благи, солени, појадоци, ручеци, ужини или вечери. Се што ќе ви падне на памет, стокмено во тегличка. Се надевам дека нема да имате ништо против темава и ќе бидете креативни
Па вероватно овој фенси тренд, кафето од тегли, смути во тегли, па ваљда и овесни насабајле во тегла? Едит: искрено првпат гледам цели оброци стокмени во тегла. Ај утре јас ќе приготвам гравче во тегла Се шалам. Не учествувам. Премногу за мене. Не, не, всушност немам фенси тегла
Честитки за победата @PrettyDramaQueen и јас како Дгрл сватив,место во чинија го пакуваш во тегла оброкот
Мислам дека Прити мисли на новиот тренд, јадења и пијалоци што се сервираат во тегли, не нашето зимници и слатко. Еве пр. Spoiler: Example