Ајде диеталки и диеталци да покажеме што се јадеме. Понекогаш ми снемува идеја за што да зготвам за доручек, ручек и мислам дека во темава ќе има одлични идеи. Значи, може и готвена и купечка храна. Се што е диетално и здраво. Нема потреба да сте на диета, може и да се храните здраво, па да постирате слики Еве јас ќе постирам еден доручек кој ми е често најомилен, не само откако сум на диета туку и претходно. Брзо и едноставно. Ја имам сликава објавено во темата фемина инстаграм, но нека биде и тука еве за да стартуваме со слики Идејата ми е од групата хроно на фб, во која често си споделуваат храна. Да бидат само слики и доколку ве интересира некој рецепт, може слободно да прашате
Ех, не ја видов темава а веќе.го изедов појадокот. Ќе знам за нареден оброк. Инаку, доручкував чиа пудинг од вчера нели во фрижидер и денес само му ставив плус банана.
Мојот појадок атомска бомба ... Путер од кикиритки , црно чоколадо , житарки , чиа , и му додавам микс семиња од сусам,лен,сончоглед и тиква го посипувам со топло млеко и сечкам банана ...
Мојот појадок - зелено смуди состојки - чиа семе, банана, една рака шумско овошје,вода и најважното спирулина во прав
Доручек Овесна каша, вода, кокосово масло,путер од кикирики, банана , цимет и ванила. Околу 350 калории
Дај ако можи чекор по чекор за овесната каша. Тука ќе се пишуваат рецепти или во темата што е за рецепти? Јас овесната каша на 100 различни начини ја правам колку да можам да ја јадам, ептен грозна ми е, а твојата изгледа совршено, мазна па си викам можеби и ќе има доволно маскиран вкус да не го осетам овесот.
Пола шолја овесна каша и 1ипол шолја вода ги ставам да варат околу 5-10 минути во зависност од која фирма користиш и дали се цели или мелени. На мелените им треба повеќе време. Откако ќе се згусне ја тргам од на оган и ја претурам во длабоко чинивче, во неа додавам четвртина лајче цимет, четвртина лајче екстракт од ванила или прашак од ванила, 1лажица незасладен чист путер од кикирики, половина банана и една лажичка кокосово масло
Оф, јас имам целосен овес, дали мелениот помалку се осеќа вкусот? Фала ти многу. Дефинитивно утре ќе пробам вака, и онака баш се имам што треба. Ич неќам овесна каша, а морам да ја јадам зошто ако не го почнам денот со неа, ми се дуе стомакот.
Мелениот не е многу здрав и е повеќе процесиран, ако не сакаш да го осеќаш откако ќе го свариш пред да го сервирааш изблендирај го, така како пудинг се прави. Или замаскирај го со незасладена какао пудра и мед. И јас само со овес го почнувам денот, најзаситена се осеќам и до ручек немам потреба ништо да јадам. Ке пишам повеќе рецепти секој ден дека многу ги правам па пробај можеби ќе то се допадне некој
lele lugje da ste zivi za temava jas ne sum bas na dieta ama se trudam da sum na zdrav rezim na ishrana pa ovie idei se dobredojdeni
Вечера: овесни снегулки, брусница, чиа семе, нискомаслен јогурт. Keep it simple. Немам слика - кога изедов ми текна на темава
Овесов без овошје никако неможам да го јадам, едвај поттурнувам. Горе целосното ленено семе е за укрсс, внатре е меленото, со горко какао, лажица јаворов сируп и малку кокосово масло. За ужинка, или десерт, чиа пудинг украсен со две- три јаготки (толку даде градината), а зачинет со јаворов сируп (од толку мед дома, ни планински, ни ридски најдов).
Денеска за појадок моите "диетални тостови". Всушност не може да се нарече тост, бидејќи е само црн леб напраен ко двопек со многу растопен кашкавал. Многу најадува и ме држи со саати, а бидејќи е покалоричен од други работи шо ги внесувам за појадок го јадам ова само еднаш неделно.
31мин откако постирав, штета. Во меѓувреме тато донесе банани, па изблендирав до пола банана. Веднаш вкусот ми се смена на подобро. Мајка ми се смееше само колку многу сум се радувала на банани.