Овака на работа: интегрален корнфлекс, овес, млеко. Праска, кајсии, сливи и цреши. Овака дома: 1 домат, 1 краставица, 1 пиперка, пола шака наут, пола шака благи маслинки, конзерва туна. Ви ја препорачувам оваа: Нискокалорична е зошто не е во масло и има цели 33 протеини! До сега немам сретнато туна со толку протеин, обично се 25-26. Е сеа chunks е, ама не е лоша.
Палачинка од овес, јајце и банана. Со лажичка путер од кикирики и цреши и праска со чиа. Пола шолја сварена киноа со лажица наут, лажица црвен грав, домат и пиперка.
Овесни снегулки во оризово млеко, со јагоди, боровинки, банана и малку црно рендано чоколадо. Кафе со бадемово млеко.
Ова е дефинитивно моето најомилено ручече летово. Можда изгледа несредено, ама превкусно е, лесно за стомакот и здраво. Ја вадиш средината од тиквиците и ја мешаш со печурки и кашкавал и ги ставаш во рерна да се испечат. Обавезно и салатка, за контраст. Половина шолја варено просо искомбинирано со останато парче пилешко и пченка, и благ пипер и краставица. Обично јадам 2-3 парчиња овошје, сепак да не претерувам. Ама кога многу многу ми се јаде некоја вафла или палачинка, па се трудам да не мислам, а да си ја задоволам потребата за благо, чинија овошје е далеку подобар избор. Башка лето сме, ако сега не се изнајаде човек овошје, тогаш кога. Него, налетав на некалорична верзија на "1000 острови" и не е лош сосот. Малце текстурата е чудна, као желе, ама го искомбинирав со многу работи.
Овесните каши кога можат да се јадат? Само наутро? Денес јадев овошје и спанаќ за ручок.Планирам да вежбам сега.Што е најдобро да се јаде после вежбање а и пред?
Не дека не може овесот да се јаде во било кое време, но препорачливо е за појадок, или евентуално ужинка во смути на пример. Тоа е така претежно поради јаглехидратите. Најдобро е после вежбање веднаш да земеш протеини искомбинирани со здрав шеќер, за заздравување на мускулните ткива и враќање на инсулинот на нормално ниво. Ако не внесуваш протеин во прав како додаток, тогаш можеш да јадеш варени јајца и некое овошје или пак да си изблендаш банана, овес и млеко. И пред вежбање се препорачува протеини, а според мене може и јаглехидрати. Така да, можеш месо со зеленчук, ориз со зеленчук, јајца со зеленчук, и слично.
@MissChievous oд каде го купи дресинг сосот? Навистина не е лош составот, би го купила и јас само да пишеш од каде и колку го зеде.
Кари со наут ( chickpea curry) ориз од карфиол и авокадо. Рецепти за карито има на пинтерест и е превкусно! Салата од цвекчо,јаболка,морков со сино сирење, урда и семки од тиква. Најбрзиот ручек после работа кога ужасно ме мрзи. Крем супа од брокула, компир, праз и морков, со кориандер, потпечени семки и маслиново масло. Без млечни додатоци.