Прекуноќен овес (overnight oats) Овесни снегулки, мелено ленено семе, чиа, сончоглед, урма и банана. Се додава течност по желба(вода, млеко, јогурт,какао) и во фрижидер. Спремен доручек во секое време, директно од фрижидер или стоплени во микро со лажиче путер од кикирики.
Обарена брокула, авокадо со лимон, сол и бибер и две варени јајца со куркума. Low carb high fat ручек, за детокс од дводневно јадење џанк и враќање на здрави оброци.
Појадок, ужинка и ручек. Вечерата ми е салата, јајце и печурки, и ради состојките сепак утре ќе ја напрам место вака од вечер.
Леси се врати дома т.е јас у темава по долго време, а и редно беше, доста беше нездрава исхрана Овесни снегулки со јогурт, внатре ставив парченца банана, инаку додадов и ореви и пак од 4те вида семе, за повеќе енергија пред воркаут и плус поубав вкус Ептен ми се допаѓа целосниот вкус што го даваат бананите во сето ова, овесните снегулки како овесни само воопшто не ми се примамливи за јадење.
Ставам 200мл бадемово млеко во мал сад, додавам цимет да се стопли и додавам 5/6 супени лажици овесни снегулки кога почнуваат да вријат, со постојано мешање ги готвам до посакувана густина, од прилика 3~5мин. Префрлам во сад и додавам топинзи по желба
Појадок обезбеден за три дена. Блендирам бананата и спанаќот заедно со ленено семе и две лајци овес, со лајче павлака и јогурт за разредвање. Ова ми е омилен појадок од денот кога го пробав прв пат. И през ден некогаш изоставам салата зошто ме мрзи да сецкам, па сега да се спасам од сецкање, салатите за денес ми се спремни. Па со шо ќе ги јадам ќе објавам во ФИ.
Ова е нешто како ужинка. Банана, јогурт и 4 вида семе. Некогаш додавам и мусли или овесни снегулки ама тогаш ми е доручек. Многу ми е вкусно банана и јогурт, совршенство. Ем метаболизам се забрзува