Нов ден нов овес Овесни снегулки,чиа, ленено семе варени во бадемово млеко со мед цимет и малку кокосово масло. Суво грозје, сончоглед семки, кокос и путер од кикирики како додатоци. Здрав појадок за буквално 5 минути.
После едно стогодишно труење на организмот решив да се уозбилам и јас, па ќе се дружиме во темава Доручек омлет на 4 оризови галети, зачини + сончоглед Ручек туна,марула,150г златна мешавина + зачини абе сон. Ужина јаболко со путер од кикиритки
Никакво готвење, ама идеален викенд доручек за мене кога ми се јаде нешто слатко. Крушка, јаболко, банана и манго.
Доручек, замрзнати пасирани банани со млеко, мелено ленено и семки Многу заситува, јаболката после саат време ја јадев
денот ми започнува со смути од овес, замрзани јагоди, малини, аронија, семки од тиква, банана/јаболко сончоглед, ореви.
Мене ова ми е рутинскиот појадок: како основа ставам skyr (исландски јогурт, има малку киселкаст вкус и густа структура, поздрав е од грчкиот и најважно не ми смета на стомакот), го мешам со лажица whey протеин, maca powder и лажица мешани мелени семиња, горе ставам јаткасти плодови, убаво полнам со овошје што ми се наоѓа по дома (ма да горнава комбинација ми е омилена), и најгоре лажица протеини од коноп (hemp) со овес и лажичка какао. Многу заситува и држи, и башка превкусно е. Штом отворам очи, одма мислам на јадењево, најдобар аларм. Ако сум во брзање, истите состојки горе долу и плус вода, ги ставам во смути за носење. Инаку не знам како не сум ја видела темава, обожавам здрава исхрана а имате супер идеи, ќе пробам да ве дружам.