Лошо светло, ама ова е мојата прва фритата со нискојаглехидратен зеленчук. Малку запржени млад кромид, зелени пиперки, тиквичка и брокула. Префрлени во тава, додадени изматени јајца со лажица павлака и сончоглед.
Појадок Банана, овес, ленено семе и чиа семе, од горе малку какао наросено и коцка чоколадо. Ужинка Две лајчиња хумус, искрено ни едно не ми се собра да изедам ама две мислев ќе можам, и пола краставица сечена на долго. Ручек Марула, краставица, околу тупаница бел ориз, стек сечен на парчиња и пропржен со павлака. Куленчето од горе е зошто немав црвено и сликата без црвено ми беше некако празна. Ужинка Малку орев, бадем и кикири. Вечера Салата со ориз, павлака, салама, краставички, кашкавал. Е за оваа салата мора да се контролирам колку јадам. God damn колку е освежителна. Толку за денес.
Предпојадок Ова ми е исто секое сабајле ама нема да го сликам во иднина, зошто е секогаш исто. 400мл вода со лимон, лајче кантарионово масло, три јајца од потполошка, улкодин и утрински чај. Појадок Овесен оброк со банана и путер од кикири со додаени чиа и ленено семе и овај пат кокосово млеко. Од горе for the munchies бадем, орев и кикири. Ужинка Насечкано јаболко, to go. Го јадев на бегање од факултет зошто имав обврски па да не бегам одма дома за ручек зошто од прилика тој период ручам. Ручек Марула, краставичка, малку бел ориз, две варени јајца. Од страна "награда" коцка чоколадо. Секогаш после ручек имам најголема потреба за благо и пробвам да се спротиставам на чувството и секогаш губам, па вака си давам "легална" коцка. Ужинка Некофеинско кафе со млеко од кокос и малини со чоколадо. Вечера Манџа со компир и гулаш.
Појадок Овесен оброк со овес, лајче семиња, кокосово млеко и малини. Ужинка Парче леб од банана. Долго време сакав да напрам леб од банана. Во рецептот имаше замени, како помалку шеќер, па така го напрајв. Ручек Марула за салата, 128 ( ) грама кори со сирење и две парчиња кулен. И зошто не е најздраво изоставив чоколадо. Ужинка Некофеинско кафе со сосем малку кокосово млеко (попразниот филџан). Вечера Чипс со гвакамоле (цело авокадо, домата и лимон). Немав свеж домат. Искрено, ни пола чинивче не изедов, а пола од доза беше во чинивчето.
@theowndemon Ова последново ептен диетално ти е. Туку, да ве поздравам само. Ме мрзи во последно време да постирам, НО си направив инстаграм профил специјално посветен на храна. Поентата на профилот ми е да покажам оброци кои се едноставни (бидејќи гледам доста често профилите и блоговите посветени на храна ептен ги наџиџуваат фотките и тоа понекогаш делува како преголем предизвик за приготвување), а здрави и по можност ефтини и повремено, да споделам одреден производ кој особено ми се допаѓа и повремено да споделам каде може да се купи и за колку пари. Претпоставувам не е дозволено да го постирам тука профилот, така да, ако некој е заинтересиран, нека ми пише лп да му пратам линк. Едноставно, ме мрзи и тука да споделувам. Поздрав!
Зато и емоџи кладов, да знајте дека знам. Пушти ми линк од профилот, и јас користам таков профил ќе те запратам од таму.
Се осеќам како убиец после добро завршена работа со цвеклото. 140г цвекло 60г банана 20г морков 50г јаболко 10г аронија 10г јаготки 10г орев 100мл млеко Ова уште повкусно од вчерашното.
Зошто блендерот не ми "функционира" на суво, колку и да ме нервира то морам да додам течност. Инаку користам растителни млека исклучиво, иако има шанси да пробам и со вода некој ден.