За витамините полесно да се разградат во стомак-мора да се додаде вода. без разлика дали е смути или цеден сок. Така да млекото можеш да го замениш со вода и за блажина можеш мед малтекс јаворов сируп... ем пониско калорично ем правилно.
За блажина не додавам ништо, сакам блуткави вкусови, изненадно ... А млекото е кокосово, 20 калории на 100мл кај биле кај не биле. Радо би вака него вода.
Викенд појадок, банана палачинки (мерка за еден ми е 1 банана:2 јајца), на кои во смесата им додадов две лажици чиа семиња и лажица овес, оставив да отстои преку ноќ, супер излегоа. Горе ставив домашен џем од шумско овошје без шеќер, хит ми стана, а прелесно се прави (https://frommybowl.com/chia-seed-jam/), само јас место јаворов сируп ставам мед + малку мешавина од семиња и јаткасти плодови, чипс од кокос и овошје.
Каша од пола овесни-пола р'жани снегулки сварени во вода, со една лажица мед, една лажица кокосово масло, пет урми исецкани, шака брусница и чиа семе за доручек.Плус лешници и мед за ужина.
Не е од мк, кај мене се наоѓа скоро во секој супермаркет, ама мислам дека би требало да се наоѓа и кај нас, најдов ова: http://www.immuno.mk/proizvod/protein-od-konop/ Немам искуство со странава, прочитав имаат и штанд во веро џамбо, ама можеш да им пишеш, или распрашај се по продавнициве за здрава исхрана, среќно.
Помина Божиќ па јас полека полека да се вратам на темава. Појадок. Смуди со 96 грама банана грама малини, 7 грама овес и по лајче чиа и лен, и неколку зрна аронија. Плус кафето е дупло еспресо, без шеќер со додаена вода. Вкупно: 174 калории. Ручек. 90 грама компир, 61 грам мешавина, по 36 грама брокула и карфиол. Една потполошка, кога ја раздлабив излезе 109 грама без коски. На сликата не се гледа и едно атлантис. Вкупно: 434 калории. Ужинка. Вкупно: 68 калории. Вечера. Јајца, од страна 9 грама брокула, 16 грама карфиол, по три грама орев и бадем и една чоколадизирана кикира. 62 грама мандарина и една оризова галета. Вкупно: 370 калории. И допрва ќе излегвам па можно е да додам или зелен/ планински чај или турско кафе без шеќер. Во поглед на храна - доста е.
8 јајца 50 грама печеница 50 грама кашкавал. Одличен доручек 100грама гриз 1 банана и 20грама путер од кикири.
Ова ми е доручекот од сабајле има брокула, пченка, краставица и јајца варени .Сликата подоле е од пред некој ден. Може некој да ми пише рецепт за банана лебот ?