Салата за доцен појадок, ран ручек. Брокула варена, спанаќ и марула, зачинето со хималајска сол, маслиново и лимон. Одозгора искршено козјо сиренце. Утре ќе ја апгрејтувам со брусница и семки, јајце варено и бибер.
Банана бред (старбакс копија) Рецепт во спојлер. Спојлер: Рецепт 3 презреани банани 1јајце 2 cup брашно по избор Лажиче сода бикарбона Прстофат сол Ванила екстракт 1/2 cup кафеав шеќер/мед 1/2 cup растопен путер/кокосово масло/обично масло 2 лажици млеко/бадемово млеко 1/2 чаша ореви. Се мешаат брашното, содата, солта. Во друг сад се соединуваат јајцето,маслото, засладувачот по избор, млекото, ванилата. Се додаваат изгмечените банани, се соединува смесата и се додава брашното. Се додаваат сечканите ореви, јас дел ставам и одозгора. Се пече на 180 степени околу 45 минути, проверувајте со чепкалка.
Еден совет. Доручекот е најважен оброк во денот со кој треба да се внеси витамини, протеини, масти за енергија во текот на целиот ден вклучително и да го храни мозокот. Можеш да додадеш бадеми, кикири, банана, овес со јогурт и лажиче ленено семе, јајце варено, марулка, па дури и парче леб интегрален или тонус. Ова е ужина, не е доручек. Освен ако се водиш според некоја диета.
Фала ти на советот Знам дека е потребно да внесувам повеќе здрави масти и протеини и тоа ми е проблем во исхраната. Секако дека не го јадам само ова за доручек и сега гледајќи ја сликата гледам колку малку изгледа
Во последно време јадам од нога и немам доволно време да ги средам естетски оброците. Во главно гледам да јадам чисто, без преработена и спакувана храна. Денес ручек после работа за 15минути: Две тврдо варени јајца, авокадо, запржени мала тиквичка и 10ти прокељи. Сол, црн бибер и полно меше вкуснотии. Ова ми е пмс оброк
Прекуноќни овесни снегулки и чиа пудинг, со кокосово млеко, мед и цимет. Сончоглед, суви сливи и оревчиња.
Кокосови трошки се тоа, така? Од каде се? Јас еднаш купив некои такви и како прашина да јадев многу беше лошо, а општо обожавам кокос.
Веќе и сама немам идеја што да зготвам, а да не е она стандардното-овес, јајца, туна, стек и ориз. Па барав рецепти и добив идеја -сварив просо и испржив печурки и ај помина уште еден здрав оброк. Вкусно е.