Те ме и мене назад на темава, време е да се испостам, само на благо се стрвев еден месец. Киноа во кокосово млеко и гарам масала, со домат, брокула, кромидче и сејтан, плус салатка со дресинг од мед, сенф и yet again, кокосово млеко. Да можам на се ќе го турам.
Леле од сликава лиги почнаа да ми течат. Можам да замислам колку е вкусна. Колку што можам да видам има киноа,морков, брокула, кастравица и друго?
И домат и кромидче, тие покрај брокулата ги спремив со киноата, а од горе уште зелка, микс од зелени салати повеќе вида, рендана роквица што ја заборавив, и малку свеж кориандер, мислам тоа е се.
Прво кога станав на гладно чаша вода со лимон. Поручек : интегрална штанглица , после 2 часа пченично со маслинки и крекери интегрални. Ручек: стек Вечера: хумус со ржан леб и кисело млеко. Workout. 15 min. Afterworkout . Протеинска штанглица
Неколку едноставни појадоци од на работа. Не се специјално за темава сликани, од утре со подобри слики ќе се приклучам, а и ќе крадам идеи од вас. Тонус трикси и намаз Житарици со банана и јатки Пченкарни со јогурт
Женски почнав од пред 3 дена да вежбам и да се хранам здраво. Ме интересира што да јадам пред а што после вежбање.Вежбам за задник и нозе.Сакам да накачам мускулна маса а и да ослабам салото околу стомакот. Фала.Секој совет е добродојден.
Кето мафини Спојлер: Рецепт Три јајца, 100грама крем сирење, лажиче павлака, нарендано мало парче сирење(опционално, шунка,брокула,кашкавал,семиња) Наросени со сусам 20минути на 200 степени или според рерната) Мене ми се најлесна опција за оброк за на работа.
Овошна салата И смути(ќе го ставам во спојлер поради бојата) со: 15-20 мали листа спанаќ, пола банана, лажичка мед, 2 лажички печен сончоглед. Спојлер
Овесна каша за доручек.(сликата е катастрофа ) Спојлер: рецепт Ставам вода да се загрева и 3 лажици овесни. Ги варам додека да испари водата(околу 5-6 минути). Додадов 2 чоколадни грицки o'cake, 4 коцки црно чоколадо, лажичка мед, лажичка путер од кикирики и исецкав банана(не е на сликата бидејќи го оставив чоколадото да се стопи ). Извинете са сликите со лош квалитет .