Бисквитите се полни со шеќери, нема потреба од нив. Па и чоколадо одозгора. Ова е десерт, не е оброк за слабеење. За слабеење е овесни сварени во вода со семиња и толку. Не е вкусно, ама се слабее. Додуша цел живот јадев овесни за доручек и исто ми беше а мртва гладна.Сега јадам леб од цело зрно, путер и јајце варено и краставица, најадена а слабеам. Оброкот треба да е прост и нискокалоричен, не вкусен, интересен, богат, сладок....
Да, немора да е диетално за да биде здраво. Јас ги прикачив сликите, меѓутоа не пишав рецепти за ништо. Ќе напишам ако некој побара. Се што има на сликите, е одбрана здравата верзија, готвено исклучиво со маслиново масло, сосовите се домашно зготвени со помош на Нутрибулет. Тестенините се интегрални. Мед или стевиа и понекогаш кафеав шеќер наместо обичен бел шеќер.
Зошто да не? Со секоја здрава храна може да се слабее ако се прилагодат порциите и ако се воспостават здрави навики. Оризот и тестинините не се смртен грев ако ги јадеш во одредена количина и во одредени денови, па дури ни белите тестенини не се толку трагични. Јас лично преферирам интегрални но не значи дека ако некој одбере една рака бели макарони треба да се чувствува лошо - и тука е тој однос кон храната што треба да се менува од корен за да се сменат навиките. Не треба да се плашиме и да бегаме од храната, ние ја контролираме неа, не таа нас. Јас јадам слично на @IamSexyAndIKnowIt и на @MissChievous и во животот не сум била послаба. Следам со Фитнес пал за да не забегам со количина и тоа е тоа. Зборуваме за многу свеж зеленчук, месо, јајца, јатки, воглавно домашно готвена храна, здрави десерти без шеќер, соодветен сооднос на протеини, јагленихидрати и масти. Има уште многу да се пишува на темава ама ај да речеме, се' што сметаш дека ќе го јадеш пак за некој месец/година, не треба да го исклучиш целосно од храната туку само да го намалиш количеството. Се' друго дава јојо ефект.
Поради комбинациите пред се. Ама не значи дека е храна од која се дебелее. Погоре имаше толку комбинации од кои не можеш да симнеш ни грам а камоли да слабееш што ова е вистински храна за "диеталци". Воглавно оброците од членкава се супер, ако имаш за симнување повеќе килограми би избрала само комбинирање на скроб со протеин да избегнувам и тоа е тоа.
Јас месо воопшто не јадам, сето ова месо што е по сликите обожавам да го готвам, ама само мајка ми јаде месо. Така да не внесувам некој лоши комбинации, јадам повеќе ориз и компир, наместо леб. Чат пат интегрален леб. Ниту риба неможам да јадам. Еве и од денес 2h пред теретана. ^^ Ова ми дава премногу енергија, се што е благо, строго за пред вежбање. Ништо друго не ми дава енергија како благото. Овде зборувам за здраво благо. Млеко со ниска масленост, банана, јагоди, лажичка путер од кикиритки, лаж. мед, кокос и овесни снегулки. 1/4 лаж ванилин екстракт. И шо е најбитно, за оние вечно гладните како мене, овој оброк ме држи сита едно добри 5-6 часа. Некогаш и повеќе. Путерот од кикиритки игра голема улога овде, нѐ држи сити подолго време. И од 2 лажички доволно е.
Ако некому му се вклопуваат три бисквити и коцка чоколадо во дневниот внес и така слабее, не е нечие да суди. Флексибилно хранење е единствен начин за истрајност во кој и да е режим. Он: бранч- овесни снегулки со цимет, проварени со вода и мед. Бадеми, банана и путер од кикирики.
Ама тоа е целата поента, тука не станува збор за флексибилно хранење. А за диетално. И пред да се почне со што значи зборот диета, дека е начин на хранење, а не посебен режим за слабеење итн. , итн. , итн. , се знае за каква храна е темава. И нема место за никакви филозофии што за што е, кога веќе се знае за што е. Ниту една тема не остана на форумов каде што се пишува за тоа за што треба, туку за се' друго. И не е само членкава, многу слики не треба да бидат тука, просто оти не се такви јадења за какви е темава наменета..
Спојлер Тоа што за мене е диетално за тебе не е и обратно. За мене има простор за комбинирање на овесни снегулки со нешто што ќе им даде некаков поинаков вкус. Никој овде не пропагира режим оа да се држиме до постирање оброк со определени намирници. Јас јадам и кето оброци, високо јаглехидратни и протеински. Не јадам и не постирам корнфлекси, бурек, нутела, чипс, смоки, преработени производи и шеќери. Темава е за идеи, мислам дека никој не е малоумен дословно да ископира оброци од повеќе членки што не му се вклопуваат во дневниот внес и да очекува да слабее. Салати и овошје не се храна за возрасни девојки со активен ден.
Апсолутно се согласувам со напишаното. И да не бидам офтопик... секој ден правам нешто а многу малку сликам. Црвена леќа со зеленчук, печурки и лажичка рендан пармезан. И пилешко да ставите внатре, нема да погрешите. Сладок компир со сусам и маслиново Омилен појадок Колач со вишни, јогурт и стевија Banana bread без шеќер, со интегрално пченично брашно (одлично оди со лажичка путер од кикиритки и малини)
Облаче, исто како и оригиналниот рецепт, само обичното брашно замени го со интегрално и не ставај шеќер. Јас ставив малку стевија ама и од бананите е благо. Ако сакаш точни мерки и видео рецепт, јас по ова правев.