Експрес ручек-салата од сварена хељда, краставица, домат и сирење. И свеж копар. 50грама хељда еден домат една мала краставица, 50грама сирење салакис ~ 370kcal. Хељдата ја варам во вода во сооднос 2:1 едно пакетче од 100гр го варам и го делам на два дена. Превкусна ми е во ваква салата.
Бидејки не сум дома, па да напраам како што доликува, набрзинка си купив 4 состојки и си направив брзи и лесни сендвичи со лосос, грчки јогурт, ржан леб и авокадо. Имав само нож на располагање.
Мала дигресија од овесот 30гр ржани снегулки со 100гр цврст јогурт збрегов, отстојани 15мин во фрижидер, со лажиче мед и диња.
Доручек во тегличка Јогурт со овесни снегулки и парчиња разноразно овошје. Го оставам да отстои 2ч во фрижидер и превкусно е, баш како овошен купечки јогурт. Некогаш додавам и семе ама сега ми е потрошено, па испадна без семиња. Брзо и едноставно, а превкусно. И за носење на работа/училиште е практично.
Не сум љубител на сувомесни јадења, никогаш не сум ги јадела, ама откако видов дека пршутата има само 300 калории од паковка и е малку поздрава од обичните салами, решив да направам сендвичи со пршута. За сосот: Грчки јогурт, авокадо, моркови, сок од пола лимета, маслиново масло, лук, сол, црн бибер и малку гумбир во прав. Се во блендер. Ржан леб, намачкан со грчки јогурт, авокадо сос, моркови и пршута. Превкусни, те заситуват повеќе од 2 хамбургери, а сепак не ти е тешко од јадење. Таманка.
Киноа салата и лосос(во рерна). Супата е од домати. Во блендер смелени со лук, кромид, магдонос, маслиново масло, морков, сол и црн бибер. 10-15мин. варена на среден оган. Количината на состојките зависи за колку луѓе подготвуваш. Од прилика ставав.