Денес за појадок чоколаден пудинг Состојки: 1/2 смрзната банана 1/3 авокадо 1лажица какао 1/4 лажиче цимет 1/4 лажиче 1лажица путер од кикирики 1/3шолја вода (се се блендира заедно) Околу 400 калории Пс. многу бев гладна, не стигнав да сликам Ручек Преостанатиот печен зеленчук од вчера, 2 средно варени јајца и ориз со прелив од мед и сенф. Околу 450 калории
Помал појадок зошто ручекот ми иди за брзо денес. Малку овесна каша, освежена со прашак за соино млеко, лажиче чиа семе, лажиче мелено ленено семе, лажиче кокосово масло и лажиче јаворов сируп. Од горе му ставив горко какао, кое после го измешав и одамна толку ми се нема нешто допаднато. edit. Заборавив да кажам дека има и банана.
Појадок: протеинска "тропска" овесна каша Овесни снегулки, чиа и ленено семе, банана, нискомаслен јогурт и грдата сурутка од Виталија ги пасирам. На крај украсувам со замрзнати малини, кокосово брашно и малку чиа семе.
Овесен појадок со скоро цела банана внатре, сем ова горе што го оставив. Внатре е нешто слично на вчера, само овој пат додадов и внатре горко какао, и од горе. Обично сум човек кој сака повеќе благо, ама како за горко какао, ептен му го имам ќефот.
pomegju 1/4 lazice simet i 1 l. puter ne si pisala sto si stavila ne znam kakva e taa surutka ama moze da se preskokne?
@marchi-cool може да се прескокне, јас ја ставам за дополнителни протеини. Вака изгледа Има вкус на картон и ја мешам со све и свашта за да не ја осеќам. Ја додавам и кога правам смудиња. Може да се купи во било која продавница, околу 170 денари е.
Денешен ручек. 2 варени јајца, двопек лепче и кашкавал 1 парче и грдиот зелен чај. Денес сум на детоксикација ептен пошо вчера јадев помфрит и уште имам грижа на совест, а богами и вагата одма отиде нагоре
Браво за темата.Си требаше ваква тема на тие што сакаме да се хранеме поздраво, да си даваме идеи.Јас не сум диеталка ама гледам да се хранам претежно со здрава храна, но немам режим јадам благо и овошје преку цел ден дури и навечер, се надевам дека ме примате. Ова ми е post-workout meal:тостиран тонус леб, авокадо, белки со блитва пржени на маслиново и печени ореви.И детокс микс чај.
Секако дека те примаме и јас скоро завршив со слабеење, па полека преминувам само на здрава исхрана и не ја напуштам темата хаха. Инаку ова тостиран леб со авокадо купен ти е или како го подготви, ми фати око
@Dream-Girl не ми е купен, сама си го подготвив. Две парчиња тонус леб ги тостирав и авокадото го испасирав со сол и црн бибер и го намачкав на лебчињата како намаз.Одозгора наросив малку чиа семе и толку.Пробај, превкусно е.
@Salome и јас одам да фатам до продавница авокадо, ептен око ми фати. Утрово јас го почнав со една банана пред тренинг со скоро лајче еурокрем да не е суво, па сега размислувам да сварам две јајца со компир варен или печен. Имам краставици и марула за салата, а за вечера пак не знам што би правела. Вечна мака ми е вечерата. Немам навика да сликам ручек, доколку сликам ќе ставам со утрешниот појадок слика.
Овесни снегулки, јогурт и микс од мелени семиња: ленено семе, семе од тиква, семе од сончоглед, чија семе и сусам.
Темава треба да се прекрсти во овесна каша. Едно 80 гр. интегрални шпагети, 50-тина гр. брокула, 50-тина гр. пченка, околу 100 гр. црвен грав, 5 големи шампињони, едно 70 гр. активиа, куркума. Околу 500 калории (отприлика, 90 јх, 25 протеини, 5 масти).