@IamSexyAndIKnowIt 3 зрели банани се пасираат со едно авокадо. Се додава јогурт околу една голема шолја, зависи колку сакаш да е течно. Додадов мед како засладувач,ама можеш и урми претходно накиснати па сомелени, сум ставала и така. Какао и многу малку кокосово масло. Сето ова можеш и во блендер да го ставиш.
Да не ги заборавиме дудинките. Диња со дудинки и ленено семе, за доручек. Денес ке направам и Фреш од дудинки.
Може. Киноата прво ќе ја свариш, според упатството, со малку сол. Лососот за тоа време ти е во фолја, со маалку лук, путер, сок од лимон, магдонос, сол и црн бибер. Зелената салата(марула или рукола со шпанаќ, било каква зелена салата) ја редиш најпрво во широка чинија. Посолуваш и се става малку сок од лимон. Свареното киноа го мешаш со наут и парчиња краставица, зачини си ставаш по вкус. Одозгора се реди авокадото, на парчиња, се посолува и се попрскува со сок од лимон или лимета. Јас ставив и ленено семе. И лососот во средина, со парче лимон. Наздравје.
Пред малку добив резултати од крвна слика, слабокрвна и железото слабо. На толку здрава исхрана, џабе. Освен рецепти со коприви, некој друг здрав рецепт за подобрување на крвната слика да ми препорачате? Денес после теретана: -Салата од цвекло и моркови, со лимон. -Фреш од дудинки, со 3 коцки лед и малку вода.
30грама измешани овес и јачмен со вода и цимет, тиквени семки, чиа, замрзнати јагоди и боровинки. Варена киноа со домат, краставица, пиперка, фета и горгонзола.
Одамна немам сликнато нешто за темава. Летен доручек, кето, low carb high fat, лесно за транспорт за на работа/школо. Едно парче има околу 320калории. Спојлер: Рецепт Две тиквички изреднани посолени и исцедени со крпа; Пет јајца; мал кромид; лажица путер; пола чаша изрендано сирење/кашкавал, јас ставив жолто сирење на бучен козјак; чаша бадемово/овесно брашно; прашок за пециво; две лажици павлака. Кромидот се пропржува на путерот со зачини по желба. Белките се матат во еден сад со малку сол, во друг се матат жолчките со павлаката. Двете смеси се соединуваат. Тиквиците, кромидот, брашното со прашокот за пециво, кашкавалот, се мешаат. Се додава смесата од јајца. Се префрла во намачкано тавче и се пече 40мин на 180°. Ако се дели на четири парчиња по 320калории секое.
Состојки : - 2 зрели банани - 1 лажица путер од кикирики - 1 лажица мед - 100гр. чоколадо со поголем процент какао - 150гр. овесни снегулки
Мусли на Виталиа, Баланс+ јогурт и мелено лелено семе. (Мислам дека поубаво ќе биде ако муслите ги заменам со овес (?) )
Муслите на Виталија се полни со шекери.Овес дефинитивно е подобра варијанта.Стави сечкана банана,можеш и друго свежо или суво овошје што ти се допаѓа,бадеми,лешници,имаш разни видови семиња итн.. Превкусни комбинации колку да сакаш
Дефинитивно да. Симни си Фитнес пал, почни да читаш состав и не си ја мачи душичката. Пример, „диеталниот“ џем на Виталија има помалку овошје од тој од Кам, а исто шеќери. Мусливе се нешто слично како тие чоколадните на Агропромет или како и да се викаа. Интегралните чоколатца се горе-доле исти со количина на шеќер и масти со Албени, Метро и компанија. Еве не знам. Во чинијава што ти е на сликата, имаш добри 500-600 калории како ништо, бар 20-30 грама шеќери, а сигурна сум дека ти се пријало по 2-3 саати оти има одвај нешто протеини од јогуртчето и тук-там некое здраво мастиче од лененото семе. Идеално, замени го овесот со салам појадок - леб од цело зрно (тонус), јајца, путер, авокадо, маслинки, урда, кисело млеко, итн. Јх + протеини + масти. Јас сум жива гладна ако јадам овес за појадок, цел ден после не можам да се „дојадам“. )
Ти благодарам за советите. Се обидувам некако сама да си правам поздрави оброци, но уште на почеток се сомневав во мусливе, само во моментот немав нешто друго да изберам. Имам и едни овесни снегулки на Виталиа, со стевиа засладувач, не знам и тие колку се здрави. Ќе си симнам Фитнес пал, и ќе се обидувам да запазувам повеќе што внесувам.
За мафините со овесни снегулки Потребни состојки: 120 гр овесни снегулки 2 јајца 2 банани 2 лажички прашок за пециво 1 лажичка сол 1 лажичка цимет 4 дл бадемово млеко Начин на подготовка: Бананите згмечете ги и додадете ги во јајцата и бадемовото млеко. Смесата додадете ја во сувите состојки и измешајте. Потоа ставете ја во калапи за мафини и на врвот додадете овошје, црно чоколадо или јаткасти плодови. Печете 20 – 25 минути на 180°. ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- За другите мафини Потребни состојки: 2 зрели банани 4 јајца Боровинки Начин на подготовка: Во еден сад испасирајте ги бананите со вилушка и додадете ги јајцата. Мешајте ја смесата додека не се соедини. Калапот за мафини премачкајте го со масло, во секое ставете по 2-3 боровинки и прелијте со смесата од банани и јајца. Ставете ги да се печат на 190° околу 12 минути.
Салата со марула, рукола, домат, морков, малку кромид, пилешко и авокадо. Туна, црн грав, грилована тиквичка, краставица, морков Наткопан, зелка, спанаќ и микс од карфиол, морков и брокула Грилован стек, печен помфрит (тој од ќеса се пече врз хартија за печење, минимално намрсен), кисела пиперка, брокула, морков Рака спанаќ, цвекло, грашок и грилован стек.