Овие денови почнав да вежбам по малку и да се навраќам у кујна на здравите рецепти. Сега имаме време буквално за се. Така да намерно ќе ви бидам досадна секој ден со разни здрави јадења. Што јадев вчера и изминативе денови? Пилешка чорба со: моркови, пашканат, кромид, лук, магдонос, пилешки копанчиња, лимон и зачини: сол, црн бибер, чили, ѓумбир и кари. + по една лажичка маслиново масло, палента и крем павлака за готвење. Туна салата. Туна, пченка, марула, маслинки, чиа семе, лемено семе и лимон. Вообичаен доручек. Јајца на ржано лебче + пршут, посен диет мајонез, млад кромид, марула и домат. Зачинето со сол и црн бибер. Чиа пудинг со бадемово млеко, мед и какао, декорирано со темно чоколадо и шумско овошје. Поширани јајца. + ржан леб, рукола салата, хумус, семиња и посен диет мајонез. И онака вообичаени јадења. Гравче Рестован компир и пилешки стек Компир манџа со рукола салата Инста follow: @mjskitchenn
За оваа чаша ставам 3 лажици овесни снегулки, една лажица чиа семе, пола банана исечена на кругови, грст сува брусница, малку јатки (ореви,лешници зависи што имам дома) преливам со јогурт и во фрижидер го оставам преку ноќ. Можеш да правиш милион комбинации, во основа се овесни снегулки и чиа, се друго е по вкус
Не знам каде да го поставам прашањево. Дали пудинзите како монте и останатите готови у маркет дебелеат?
Ако надминиш калориски внес - да. Ако ти е диетата балансирана во текот на денот и то ти е храна "за душата" нема да ти смени многу инцидентно јадење на ваков пудинг.
Домашна интегрална тортиља полнета со сенф , домат ,краставица , морков ,тиквички печени на скара и пилешко месо
Срам ми е да ја погледнам темава у очи и моите стари мислења ама еве Леси се враќа у фитнес и диети по долго време изгубеност. Нема оправдувања знам... По долго време, мусли за појадок. Омилените од Виталиа. Пред 3г ги обожавав, уште имаат убав вкус.