@Doozy може ли рецепт за црвената леќа? Имам пробано неколку пати ама не ми е толку вкусна како обичната
Секојпат различно ја правам, т.е. со различен зеленчук внатре ама овој е основниот рецепт Пробај прво да подзапржиш кромид со морков, да се искристализира кромидот... додај ја леќата и 1-2 минутки пропржи ја и неа... додади вода, малку црвен пипер, поклопи и нека изврие 20-30 минути. Можеш да додаваш и кој друг зеленчук сакаш внатре, јас ставам од брокули до пченка и домати, ама основниот рецепт е тој што ти го пишав погоре.
200гр обарена брокула 120гр(една голема) туна 1краставица, 1морков, 50гр маслинки лимонов сок, сол, црн бибер. 400 калории, околу 20гр јаглехидрати.
Youghurt bowl. Се брои како диетално? Има павлака, киви, банана, аронија, мед, чиа. Ова ми е омилен оброк . Можам 3 пати дневно да го јадам истото .
Јас сум на ун ама денешниов скробен ручек мислам може да биде и тука Рижото од рерна е -Интегрален ориз -Печурки -моркови -1рака златна мешавина И салата имам -Црвена и зелена зелка -морков(ги обожавам) -цвекло
4 лажици просо 1 чаша растително млеко по избор 1 чаша вода 2 лажици мед 1 лажичка кокосово масло Просото, млекото, водата и медот се варат и се мешаат додека да не зовријат, па потоа се намалува температурата на шпоретот да вари на тивко околу 20тина минути. Кога ќе се згусне смесата, се тргнува од оган, се додава кокосовото масло, се се меша па се префрла во блендер и се блендира се додека да се добие хомогена смеса која е иста како вистински пудинг. Се сервира со 1 лажица ситно овошје.