Од продавница за здрава храна зедов ама ич не ми текнува колку беше бидејќи прв пат по кизнај колку време зедов. Ама не беше скапо.
Бананата ситно сецкана ја ставам од вечерта измешана со другите состојки (понекогаш ставам и мед), а друго овошје по желба пред јадење.
Искрено незнам точно, отприлика на 100ml млеко - 3 мали лажички чиа. Густината мене ми е доволна со толку. Пробај прво така, па за нареден пат ке знаеш дали да ставиш помалку/повеќе од семето.
Таан браунис (здраво благо,без шеќер) - 250гр. таан - 2 јајца - 4 лажици мед - 1 лажичка ванила - 40гр. какао - 2 лажици кокос - 1 лажичка сода бикарбона - малку сол - ореви и малини (по желба) * Се мешаат прво течните состојки, па се додаваат сувите и се распоредува во тавата за печење.(без оревите и малините). Од горе се поросува со ореви и се ставаат со нежно притискање малините во густата и леплива смеса. Се пече на 180° - 30 минути. После печењето се остава целосно да се излади за да нема проблем при сечењето и ваѓањето на хартијата.
Ја ставив и во другата тема за гласање, се поклопи со неа, но ќе ставам и тука за тие кои ја гледаат оваа тема. Брз, здрав и вкусен десерт а и навистина наситува. На тивок оган, 2 рендани јаболка, цимет и суви ситно сецкани урми. Се остава, скроз малку да омекнат јаболката.
Овесни колачиња - 2-3 зрели банани - 150гр. крупни овесни снегулки - 50гр. црно чоколадо * Бананите се пасиираат, па во нив се додаваат овесните снегулки и чоколадото исечено на коцки. Се мешаат убаво состојките. Потоа се ваѓа од смесата со лажица и се формираат колачиња на хартија за печење. *Се печат во загреана рерна на 180° околу 20 минути.
Овесен колач со банана * 2 банани (пасирани) * 2 јајца * 2 шолји крупни овесни снегулки * 3 лажици какао * 50гр. сецкано црно чоколадо * 1/2 лажиче прашок за пециво * Се мешаат сите состојки и се печат на 180° околу 25-30 минути.
Ај да ве прашам...ја држам ун диета ме интересира околу овесот во скробна или јаглехидратна намирница спаѓа и киноата?