Здрав ,,еурокрем" На оган се става сосема малку вода, 4-5 лажици, да се стопли. Се додаваат сечкани суви урми (3,4) да омекнат во водата. Се додава и малку какао. Се остава да поврие околу една минута, да стане густа смеса. Истиот крем и за палачинки го користам наместо стандарден еурокрем, брза а вкусна и здрава верзија е.
И уште нешто..... Мене ми беше јх ден инаку можете да додадете се стек,риба,сирење,печурки... Домашна тортиља(со брашно т500) со свежи домати и краставица и печени (брокула,карфиол,морков и тиквичка)
@Amellie13 Дали може да добијам рецепт за протеинските палачинки? Прекрасно ти изгледаат сите рецепти.
Фала. Еве рецепт: - 1 средно голема банана - 1 чаша млеко - 2 чаши мелени овесни снегулки (со истата чаша со која го мериш млекото) - 1 голема лажица мед - половина лажичка сода Сѐ се става во блендер и потоа се пече на тавче за палачинки.
Идеја за брз ручек: Краставица, пиперка, кисело млеко, сусам, црн леб Краставица, кашкавал, црн леб Спојлер Идеја за snack Оризова галета со мед и малини Мед и ореви Замрзната банана и мед(30 минути во замрзнувач) Спојлер
Поздраво здравје Супер е за оние со проблеми со крвта бидејќи амарантот содржи 3пати повеќе железо од спанќот... Одлично е за деца моите го обожаваат
Лебче со овесни снегулки,интегрално брашно,брашно од просо.... Е сега путеров неможам да го изоставам кога е ЖЕШКО лепчето