Полнети бабури со мелено месо,кромид,моркови и наместо ориз има овес зрно и просо(сите се најдоа слатко) јас на работа ќе ручам
Ај да прашам тука планирам мача да купам во што ја комбинирате? Се вари како кафето(турско) или само се попарува во вода знам е прав...иии вкус има ли некаков
Има вкус на зелен чај, само уште поинтензивен, би рекла и дискретно горчлив. Не се вари ко турско. Во Јапонија има цела церемонија околу подготовката. Лично најмногу ми се допаѓа со растително "млеко" како latte (мача latte). Во жешки, летни денови - може и со мраз.
@ТедИ11 онлајн, од Амазон. А ова и ова најдов со брзо пребарување. Сигурно го има и на други места. Ако сакаш да го пиеш како чај, препорачуваат да биде ceremonial grade, premium и е поскап, а за во latte доволно е да биде и culinary grade и е на попристапни цени.
Најдов во Бако мача чај 50г 365ден а имаше органски корен од мака 100г 290ден. Исто е или различни се
Мака и мача не е исто Теди. До сега зборувавме за мача, зелениот прав. Маката е прав од корен со потекло од Андите и има сосема други својства. Што точно бараш?
Си правам смуди,пудинзи.....сакам да ставам нешто здраво внатре бев на диета и сега сменив режим а исхрана и гледав што да почнам да користам плус
Можеш да пробаш и со спирулина или пченична трева. Особено второво супер оди во смути. Мачата, кулинарна, има јак вкус и ќе преовладува во сите рецепти, дури и да ставаш само по едно кафено лажиче.
Како ја правиш хељдата? Јас ја мијам низ цедалка, па ја ставам да се вари барем дупло вода и секогаш има по некое грдо цврсто горљливо зрно од кое ми се згадува јадењето. Има начин да се одбегнат таквите, можеби во начинот на подготовка?
Ја мијам со вода,ја варам во повеќе вода со сол и зејтин и кога е готова не ја цедам одма туку го полнам тенџерето со вода и гравитацијата го прави своето зрната остануваат доле а лушпите горе и така неколку пати ја мијам...пробај ќе видиш и кажи Пред да ја вариш провери ја ако има чудно зрно одма извади го
@ТедИ11 јас хељда, киноа и просо ставам одвечер да се кисне . Утре сабајле мијам, цедам па варам. Никогаш не сум наишла на такво зрнце, а сум купувала секакви видови хељда.обична, печена, мешана...