Шварцвалд вафли 1 јајце и 1 банана се блендираат, се додава 1ипол дозерка протеин од ванила, 1 шоља овес, 1 лажица какао, 1 лажица чиа, 1 лажица кокос и 1 лажица кокосово масло, малку пециво и се спојува. Се пече на вафларка или ако немате ко мене на тостер дур не се испечат убаво. За Прелив имам еден рецепт за палачинки од јогурт, мед и путер од јатки со какао, количини по вкус, се меша и се мачкаат, се додава вишни и прав шварц вкус само многу полесен. Од 1 доза ние тројца јадевме, 2 возрасни и дете.
Те моолам пиши рецептче, одамна се токмам да вметнам овес во исхраната ама некако сум скептик дека ќе ми е вкусно. Овда изгледа ептен примамливо.
Вода 200мл, 4 лажици овесни снегулки (ако имаш од поситните е поубава, или сомели ги во блендер), лажиче какао, и пола лажиче мед се варат додека не се згусне да биде како пудинг кога вариш (нека зоврие и 10минутки на тивко мешај го). Од кога ќе се олади му ставам лажиче мед пак, и кикирики 20-30гр (3 лажици отприлика ако немаш вага кујнска). Ако ти напраи ќејф ќе ти кажам и за бајадера овесна каша рецепт
Сникерс: кокосово брашно, мед, домашен путер од кикирики и темно чоколадо. Како за прв пат добро излезе.
Дали тоа чоколадото на кое што пишува Velino е диетално? И дали тие црвените топки се лижавчиња или нешто друго и дали се диетални?
Овесни мафини со тиква, банана и јатки. Јаболко ставив само горе како декорација ама дојде како освежување п.с Малку ми се залепија на хартијата на дното, некој со слично искуство? Дали би помогнало да го намачкам со кокосово масло дното на хартивчето?