Ужинка: јогурт, vitalia go nutri крекер, слива. [околу 200 кал; 25 јх, 10 м, 10 п] Вечера: (3-4 листа) марула, (половина) краставица, (1) морков, (2 лажици) балзамико, (100 гр.) туна. [околу 230 кал; 15ина јх, 10 м, 25 п]
За доручек 2 варени јајца, сирење, домат и 2 кришки ржан леб Конечно нешо асално диетално да си спремам, ќе се испоздебелам на одморов. Шала на страна, се трудам убаво и здраво да јадам ама се у брзање сум и не ми е толку симпатично наредена храната за да сликам за тука
Црниот леб е вкусен само премачкан со работи со многу појак вкус од него како путер од кикиритки и овошки горе. Можеби и со две јајца на едно лепче или цела чинија супа или друго јадење со едвај цело лепче. Ова што црниот леб не ми е вкусен има одличен удел во моето нејадење леб.
Ништо посебно не е готвено, само сакав да ви дадам идеја за здрава варијанта на закуска меѓу оброци ако ви кркори мешето.Подпечени ореви и мед.Мене многу ме најадува, дури ми стужува од благо дека јас малку повеќе лажици мед ставам ама тоа е, обожавам мед. Ова го рачунам да ми даде енергија пред вежбање, а пред тоа и две праски изедов.Веќе немам идеја што да јадам пред да вежбам се овес, па овес во секаква варијанта.Слика од ручекот нема, мрсно мезев денес-помфрит и пржено свинско.
За појадок јадев (3 шаки) интегрален корнфлекс со млеко; и банана. [околу 230 кал; околу 50 јх, 1 м, 4 п, 12 ш] Ручек: супа од кокошка со морков, пашканат и брокула; печени компири и тиквици; ќофтиња; марула и краставица. Зш мајка ми готвеше, не знам точно, претпоставувам најмалку 700 кал. Вечера: повторно туна (околу 80 гр), (50ина гр) пченка, (50ина гр) брокула, (1) домат, (10 благи) маслинки. [околу 280 кал; 20 јх, 15 м, 20 п, 5 ш]
,,Сникерс'' овесна каша-калориска бомба. Една чаша сварен овес го смешав со 4 коцки темно чоколадо, една лажица мед, една лажица какао(мислев само чоколадото доволно ќе ми биде ама не, бледо изгледаше, морав да ставам и какао за кашата да го добие овој ,,чоколаден изглед''), една лажица кокосово масло и кикирики. Превкусно, пробајте.
Ручече (за двајца): (270 гр) стек, (125 гр) ориз, (околу 150 гр) црвен грав, (околу 50 гр) пченка, марула и краставица (2 лажици мас. масло, 2 лажици балзамико) [околу 700 кал; 70 јх, 15 м, 65 п, 7 ш] Ужинка (дур се гледа нова GoT епизода ): пиперка, краставица, (околу 20 гр) хумис; (2 големи) праски. [околу 250 кал; 40 јх, 3 м, 6 п, 30 ш] Вечера: чиа пудинг (200 мл млеко, 2 лажици чиа); (10) капини; (5) бадеми. [околу 300 кал; 30 јх, 20 м; 15 п, 10 ш]
Пак јас. Утрово лагано: корнфлекс со млеко; банана; мусли бар. Ручек комбо leftovers. Прееска грицкав пуканки, па сеа не ми се јаде нешто многу. Освежително и лесно, домат и моцарела.
За доручек сирење подгреано во микро, наросено со оригано, домат и 'ржан леб. Ужина- лубеница. И дајте научете ме да ја сечам, сите инстаграм хакс сум ги пробала пак лом ја правам
Потпечениве ореви со мед се стварно превкусни, алал да ти е Salome Инаку, како ја подготвувате таа овесна каша? Никогаш не сум ја правела, а сакам да пробам.
Јас една шолја овесни снегилки варам во 2 шолји вода. Вариш додека да се направи каша, твое е колку сварени ќе сакаш да бидат. Во принцип, барем 15 минути. Додека се вари, можеш да додадеш работи како засладувач, какао, цимет, кокосово масло, суво овошје и слично, или откако ќе ја направиш и се олади, свежо овошје или што и да сакаш. Можеш и солена верзија, мене сипер ми е со путер и сол. Појадоков денес баш ми беше лесен, освежителен и вкусен ми беше. (140 гр) активиа со киноа и лешник; (10) малини; (10) капини; (1 лажичка) чиа. [околу 260 кал; 35 јх; 10 м; 10 п, 20 ш] Денешниот ручек не ми е за во темава. Вечерата ми беше (пола шолја) булгур со (околу 20 гр) моцарела и (околу 30 гр) гауда и салатка од (1 ипол) домат и пиперка. [околу 300 кал; 30 јх; 15 м; 18 п; 8 ш] Една ноќна ужинка од (1) праска, (10) капини и (10) малини. [околу 100 кал; 25 јх; 0 м; 2 п; 25 ш]
Ужинка: банана, јаболко, јагоди, моите омилени малини и коцка ипол чоколадо одозгора. Инаку едно прашање во врска со овесната каша, дали може да се направи од вечер и да се јаде сабајлето?
Може, а во тој случај не мораш ни да ги вариш. Можеш овесните снегулки да ги додадеш во млеко или јогурт и да ги оставиш во фрижидер, утредента сето тоа ќе биде каша. Еден од моите омилени утрински оброци е: 200 мл млеко, 2 лажици чиа семе, 1 лажица ленено семе, 3 лажици овесни снегулки. Правиш вечер, јадеш утре наутро (поготово топ ако носиш на работа). Ем брзо, ем протеинско, ем вкусно.
Правев смути за сите дома да се освежиме, рецептот е вода, банани 2 и 2 јаболки, бидејќи се работеше за поголема количина за луѓе, а инаку ќе ставев по 1 од се