Појадок за денес: 2 потпечени протеински лепчиња намачкани со мешавина од 2 варени јајца, пола авокадо, 2 лажички грчки јогурт, туна, малку лимон, пола лажичка сенф и сол за вкус. Превкусно
Годи кој трча утре после работа по авокадо за да си напрај. Многу сакам кремасти намази вакви. Прам едно со наут и нори, едно со туна и авокадо ама то има и малку мајонез шо лесно се трга.
Баш авокадото само немам, се друго имам. Утре земам и шлакнувам се заедно. А-у се излигајв. Ама страшно многу сакам вака кремасти салати и исто или на потпечено протеинско лепче или во тортиља.
И со грчки јогурт е убо, само малку красатко. Горе сум измешала кој рецепт беше со мајонезот. Во овој со наут било. И кога ставам грчки јогурт бар лајче мајонез ставам ми менва вкус на поубо ама не ставам поќе чисто мајонез. *без тортиља прерачунато е ова
Палачинки од црвена леќа, ќе се јадат со хумус, грчки јогурт, краставица и тенко сечена мортадела. Добро е влагам у шема со поздрава и избалансирана исхрана.
Денес на мени палачинки од просо со хумус и зеленчук. Како што вика MarioFit (не знам дали го следите) - nothing sexy, but it works.