Извини малку каснам со одговорот Немам точни мерки, од око правев ама можам да пишам состојки. Леќата и просото ги киснам минимум 4 саати, најдобро е преку ноќ. Ги измивам убаво со вода и ставам во блендер: Леќа (или просо) Овесни снегулки Грчки јогурт Млеко или вода за регулирање густина Рендан морков (може било каков зеленчук а може и без) Малку прашок за пециво Лук во прав Сол Се се блендира, и ќе видиш ако ти е премногу густо додади течност, ако е премногу течно додади овес. Истурам директно во тавче, правам форми со лажица и печам по неколку минути од двете страни.
Јас почнав да си правам хумус , овој од продавница не ви е чуден малце ? Мислам има премногу адитиви, ако сакате ќе споделам после рецепт за домашен хумус со леблебија се прави
И јас имам правено дома, ама вака некогаш знам да си земам од продавница. Најубав ми е на Ribella а и на Бубало и е топ само што е најскап од сите, ама па е со најдобар состав и најмногу протеин.
Не можам да го најдам линкот, ако го најдам ќе го ставам тука.. Дека немав некои работи, па си направив по мое. 30 грама овесни и 10г чиа, 10г мед и малку цимет ги потопив со топло кафе(околу 70г течност) и 40мл млеко и убаво ги размешав. Во рецептот наместо мед е maple syrup и кафето е еспресо, јас користев нескафе. Ова се става во фрижидер да преноќи. За "кремот" користев 100г грчки јогурт, малку ванила екстракт и 10г мед. Убаво се меша во посебен сад па се прелива врз овесните. И одозгора какао околу 3г. Дефинитивно ќе правам пак, преубаво е. И во замрзнувач ги ставив 15 минути, баш дојдоа како десерт!
Фала ти Инаку, не само што се каде каде по ниско калорични овие диетални десерти, лично и поубави ми се