Денес не знам што ми беше, и појадокот и ручекот само пола ги изедов. Ама затоа надокнадив со вечерата. За појадок искомбинирав (пола или 140 гр) активиа со киноа и лешник, (пола) банана и чиа. [околу 200 кал; 30 јх; 5 м; 7 п; 22 ш] За ручек на моите омилени интегрални шпагети (50 гр) им додадов (5) шампињони и (30тина гр) гауда. [околу 320 кал; 40 јх; 10 м; 15 п] Вечерата ја искористив за тортиља. Леб, било каков, немам јадено кој знае од кога. Така да, ова беше вистинско уживање. Имаше и интегрални, ама овие со чиа имаа помалку калории. Ја искомбинирав со (1) домат, (1) пиперка, (пола) краставица, (околу 30 гр) печеница, (1 лажица) активиа и куркума. [околу 300 кал; 20 јх; 5м; 17 п; 10 ш]
Денешниот ручек Ориз во рерна со грашок и тие најситните парчиња се печурки кој не можам да ги јадам ако ги чуствувам прегрозни ми е вкусот, затоа така мали ги конзумирам. Јас би сакала некој ако забележи дека грешам во некој состојки, во смисла да не одат едно со друго или да не се баш здрави, слободно да ми пише да ме поправи. И друго вие со бомба тело, со здравиот начин на исхрана само се одржува телото што веќе го имате или може и да се спушти некој килограм ?
Килограм се спушта исклучиво со дефицит на калории, односно со намалено внесување (од стандардното) калории. Секако изборот на храна е важен, но доколку внесуваш повеќе калории од потребното, нема да спуштиш килограм колку здраво и да се исхрануваш. Што е бомба тело е индивидуално мислење.
Појадокот денес ми беше 10 капини и 5 бадеми. [ок. 60 кал; 11 јх; 3 м; 2 п] Иако појадокот е најважен оброк, сепак го прескокнав зошто не ми се јадеше, па нема потреба да форсирам, сепак на крајот на денот, најважен е вкупниот внес на калории, што не е битно како ќе ги распределиш во текот на денот. Па се решив идејата за појадок да ја префрлам во ручек: 2 јајца (на 1 лажица маслиново) со куркума и (ок. 50 гр) брокула, (1) домат, (1) зелена пиперка и (ок. 50 гр) урда. [ок. 400 кал; 15 јх; 30 м; 22 п] Попладнево ме фати стрвост за нешто чоколадно, па искомбинирав за ужина: (ок. 30 гр) гриз, (200 мл) млеко, (ок. 3 гр) какао, (пола лажичка) кокосово масло и 5 бадеми. [ок. 290 кал; 35 јх; 12 м; 11 п] За вечера стандардната комбо на туна и зеленчук: (90 гр или пола Камко) туна, (1) домат, (пола средна) краставица, (ок. 50 гр) пченка, (ок. 20 гр) брокула и (2 лажици) балзамико. [ок. 270 кал; 25 јх; 10 м; 24 п]
Сликата ми е од инста стори ама ако ќе пројде хаха. Значи ме фати нешо желба за благо и си напраив смути со вода, банана и плус какао. Луѓе преубаво беше, боље нешо неам пиено.
Една малку поинаква "". Тортиља со чиа (65 гр.) пиперка (1), домат (1 ипол), јајце (1) и пармезан (2 лажички). [околу 360 кал; 15 јх, 15 м, 18 п] Најмногу ми се допадна печената тортиља, уште повкусна е крцкава. Мој совет: испечете ја само тортиљата и направете си посебно свежа салатка и вуала! Убава комбинација без печење: 3 состојки внатре: хумус (2 лажички), краставица (пола помала) и јајце (варено). [околу 330 кал; 10 јх, 12 м; 15 п] Може да испиете 250 мл. light кефир или ајран, совршено одговара! Оноа кога ти се пријадува чоколадо, па си вметнуваш во овошната ужина. Грозје (25 ) и "Најлепше жеље" 75% црно чоколадо (2 коцки ). [околу 120 кал; 15 јх, 6 м, 2 п)
Киноа со јајце и домат. @Dream-Girl вчера и јас го пробав твоето банана-какао смути, прекрасно нешто. Се изненадив, толку едноставно, а прекрасно нешто.Јас прво ја замрзнав бананата и потоа ја изблендирав со мраз ладна вода и какао, излезе многу вкусно и освежително.
Се заборавам да постирам на темава. Anyway, во последно време сум опседната со црно семе. Нема речиси никаков вкус, а го подобрува јадењето. Еднаш начекав кутија во Тинекс и кога видов дека има над 50 гр протеини на 100 гр, не можев, а да не го пробам. Го лупам во се' (ко што правев со куркума до пред некое време), паста, ориз, салати, тортиљи,... читам многу здраствени бенефиции има и ми се допаѓа што нема некој јак вкус. 1. Јајца со брокула и црно семе; домат 2. & 3. Тортиља со чиа семе; краставица, морков, маслинки, туна, црно семе 4. Интегрални шпагети, печурки, кефир, пармезан, црно семе 5. Булгур, брокула, пченка, црвен грав, куркума, црно семе; домат, краставица, копар, балзамико 6. Боранија, морков, кефир; домат, краставица, копар, балзамико; интегрален леб 7. Марула, домат, краставица, црвен грав, туна 8. Овесна каша, праска, мелен лен/сусам, бадеми 9. Праска, грозје 10. Праска, пченица All hail the peach!
1. Појадок: 2 јајца (1 лажица маслиново, црно семе), 1 домат, 1 кришка 'ржан леб (фурна диме), чаша кефир (милион пати ми е повкусен од било кој јогурт). 2. Ручек: булгур (поздрава замена за тарана или кускус), брокула, кашкавал, активиа натурал (го сакам од 2 причини: 1. има поприлично неутрален вкус, можеш да комбинираш и со овошје; 2. има околу 40 кал на 100 гр. додека пак павлаката има околу 120) ( башка, поубава текстура има од павлаката) 3. Вечера: чиа пудинг, банана, цимет (чиа пудинг ми е боље за вечера отколку за појадок)