Немам слика бидејќи сеуште го немам направено, чекам јх ден Ама сакам да споделам со вас многу убав здрав рецепт: 1 банана се пасира, се додаваат 2 филџани овесни снегулки, 2 кафени лажици мед, лажиче ванила, лажиче цимет и половина лажиче сол. Сето тоа се меша додека да се направи убава смеса и се остава да одмори 1 час. Потоа се реди од смесата во калапчиња и се прави дупка на средина, па се пече 30 мин. на 180°. Откако ќе ги извадите, дупките пополнете ги со јогурт и овошје. Премногу лесно, брзо и пред се здраво.
Појадок, јаболко и шолја кефир. Ручек третина шолја булгур со кари и лажичка доматно пире и 200 гр говедски гулаш; домат и краставица. Вечера, варен морков и "ориз" од карфиол со лут вуковец.
@MissChievous Ке сакаш да го сликнеш црното семе? Во кој маркет го купуваш заедно со тортиљите? Инаку супер е темава, браво за идејата и за вас девојки убави и вкусни оброци постирате. Од утре ке ставам и јас некоја слика .
Црното семе го купив во Тинекс пред неколку недели и од тогаш го немам видено, буквално последната кутија ја земав. Од истата фирма како оние во кутија што се, мелен лен, мелени семки од тиква, итн (ако ги имаш видено). Црното семе беше во сина кутија, за жал ја фрлив, а семето го претурив во тегла. Беше околу 70-80 денари и се наоѓаше во делот за "здрава" храна, кај семињата и мусли баровите. Тортиљите се викаат Tortilla Mexicana и се околу 80-90 денари и ги имам видено и во Тинекс, Веро и Рамстор. Вака изгледаат: Убави се и двете, но таа со чиа е понекалорична (ако тоа ти важи нешто).
Повторно налетав на црното семе во Тинекс: Вечерва туната ја искомбинирав со домат, краставица, пиперка и свеж карфиол.
1. Појадок: банана; super spoon овошен јогурт 2. Ручек: домашна супа од кокошка со морков и карфиол и зачинета со бибер и ѓумбир; пилешко и кафеав ориз со печурки; домат (охридски, розев), краставица 3. 'Ржен леб со активиа и куркума и лута буковка; чери домат и пиперка
1.Вечера: динстано пилешко со моркови и зачини. На крај прелиено со маслиново. 2.Доручек: Овесни снегулки со чиа, цимет, банана и млеко. Ручекот заборавив да го сликам инаку беше туна и краставици со зачини и балзамико.
@MissChievous може да го сликнеш составот од тортиљите? Oдлични ти се комбинацииве дали претрходно пред да припремиш рачунаш на калории? Ќе сликнам и ја некој ден.
Немам во моментов од тортиљите, ајде нареден пат кога ќе земам. Инаку, не ги рачунам претходно калориите, решавам во моментот на база на тоа што имам дома од намирници и што имам јадено во текот на денот (или планирам), па отприлика гледам да не претерам на пример со јаглехидрати. Конкретно кога станува збор за тортиљиве, тие ги сметам за ЈХ, па гледам да додадам барем 1 извор на протеини (пилешко/свинско/туна/јајца) и останатото да биде зеленчук (свеж, нискокалоричен).
Што е можно повеќе протеини, тоа подобро. Јаглехидрати преку поздрави видови на храна со ЈХ. Многу многу зеленчук, што е можно повеќе. Овошје. И се разбира повремено и во умерени количини се' што се рачуна за нездрава храна (пример, чоколадо, палачинка со кремче, некоја грицка, сладолед, и сл.). Едит: што е можно помалку преработена храна.
Еден пошарен ручек. Булгур со брокула, пченка и црвен грав и салата со домат, краставица, портокалова бабура и морков.
Може. - 1 шака магданос - пола краставица - пола цеден лимон - 1 лажиче рендан ѓумбир - 150-200мл вода Сето ова се блендира, па после се прецедува и се пие.
@Tamar4e_94 оф, одамна е ова, обично се блендирано правам слично, но со мали измени. Што има сигурно е банана, лажица какао, лежиче ленено семе, (можно е да има и лажичка чиа, не сум сигурна за ова), колку што се сеќавам прво имав овесен појадок правено, кој не ми беше вкусен без овојше па го изблендирав со банана, така да имам користено млеко, обично ставам соино. Во глобала ова го правам вака. А да, и овес има четири лажици обично ставам. Друго ретко ставам, се надевам немам нешто поразлично од пишаново правено. Едино не сум сигурна дали имам чиа ставено, важно сигурно е: банана, млеко, четири лажици овес, лажичка мелено ленено семе. При нормални услови ставам две лажици соино млеко од ванила и вода. едит. Еве од претходното мислење пред да го изблендирам. Изумив делот „вкус“ кој ми е обично јаворов сируп со кокосово масло или светол, ридски мед.
Треба многу различно да мешаш дур си го погодиш саканиот вкус. Мене горкото какао се ми прави поубаво. Јаворовиот сируп се прај 10х послатко. Колку семки и да ставиш кога ќе го засладиш ќе ти биди таман.
Одамна не сум постирала ништо ама не сум ве заборавила само немам време да си ја сликам храната Ова е “утринска енергетична бомба за пред вежбање“. Обично секад смути си праам, обавезно со 3 вида на овошје различни ама овојпат решив да си напраам овошна салата и обавезно зелен чај за исфрлање на токсини кој одлично доаѓа пред вежбање, повеќе се препотувам од него и многу помага Додадов и кикиритки иако сакав ореви (ама сабајлечки да не тропам и да ги будам сите), па вака мала замена, а сметам и дека бадеми, ореви и кирикики, па и сончоглед, неделно треба бар еднаш до двапати да се внесуваат, бидејќи имаат доста хранливи материи и помагаат и даваат енергија за вежбање, а исто така мене и за слабеење ми помогнаа И ветувам ќе се трудам да бидам поактивна у темава