1. Утринската овесна каша "зачинета" со комбинација мелен лен и сусам и додадок испечено јаболче (во микро) со цимет. 2. Ужинка банана и микс бадем, сончоглед, семки од тиква и урма. 3. Интегрални шпагети со пропржени сумири стапчиња со домашен сос од домат и лут буковец; што мислите за сумири стапчињата? Би рекле дека е добар избор на здрава храна? 4. Булгур со мешавима активиа со портокалова бабура и копар, и варен карфиол. Еве зошто преферирам активиа натурал, а не павлака: Разликата во калории е огромна. Башка повкусна е активиата, има понеутрален вкус. Има и поубава текстура.
Има скроб, некои имаат и шеќер, вештачки додадени ароми да личи на ракчиња, да има вкус на ракчиња. Обично се прават од најевтината и најнеквалитетната риба (претпоставувам панга, што е толку загадена што дури се смета и за отровна). Имаат малку калории, не изгледаат ко лош избор ама се далеку од квалитетна исхрана (не за џабе се толку евтини)
Се сложувам целосно, баш така и си мислев. Не сакам "морска" храна, едвај јадам и туна (ја комбинирам со се' и сешто за да можам да ја јадам), но ме интересираше вкусот (прв пат ги пробав), а и привлечно звучеше количината на калории и протеини. Имам читано по нетов дека се користи се' и сешто од морскиот свет, се блендира сето тоа заедно и така се добиваат. Но читав и дека има различни видови, некои се далеку понеквалитетни од други, но во принцип веројатно се навистина далеку од здрави.
1. 'Ржан (фурна Диме) со путер од кикирики, банана и чиа. 2. Пилешко со варен карфиол и брокула. 3. Варени јајца со куркума и баланс. 4. Мојата омилена рано есенска салата: домат, краставица, бабура, свеж карфиол, хималајска, бибер, копар, црно семе, балсамико.
Како да напукаш 25 гр протеин без месо. Притоа, да биде избалансиран со ЈХ (во случајов 83) и масти (во случајов 16).
Помалку од пола огромно јаболко, една мала крушка и една банана средна големина. Горе има околу две лажички павлака, прелиено со јаворов сируп.
Палачинки:Една чаша овес се мели во сецко/блендер, се додава една испасирана банана, се меша, се додава јајце и пак се меша.Додадов и една мала лажица кокосово масло, не мора ама така помазна е смесата. Се додава цимет и прашок за пециво.Без шеќер. Се печат на кокосово масло на тава за обични паланки. Одозгора се мачкаат со мед и се додава овошје по желба. Многу убаво мирисаат и многу се вкусни.
Ох, знам што ќе јадам утре!! Мора да ставам масло врз тавчето за палачинки или можи и без тоа? Во секој случај ќе направам по овој рецепт!!
1. Освежување за појадок, смути со (3 лажици) аронија, (3 лажици) вишна, (2-3) јагоди, (3-4) малини, (1) банана, (пола лажичка) кокосово масло и (пола шолја) вода. 2.3. За ручек земаш интегрална тортиља, ја премачкуваш со хумус и комбинираш варено јајце со свеж зеленчук, малку карфиол, малку краставица, малку морков и некакво сувомеснато. 4. Омилениот ми избор за вечера, туна со зеленчук; рендани цвекло и морков, краставица, и брокула, зачинети со хималајска, бибер, копар и балсамико.
Ај помош. Дали оризот се рачуна како ЈХ или како скроб? Истото ми е и за пченката (шеќерац и за пуканки пченка)? Совет за јогурт со ниска масленост?
Здраво Ке ве дружам и јас, во последно време гледам што поздраво да се хранам, па се надевам ке делиме мислења и нови рецепти Еве го мојот доручек и ручек во едно, учам па заборавив и да јадам, инаку обично гледам да имам два здрави оброка во денот доручек и ручек, вечерата чат пат салати овошје, некогаш и не вечерам. И зелен чај пиев ама се правеше додека сликав Голрм фан на маслинки сум, се гледа
Добро утро, денес на мени: Овесни снегулки со ленено семе сушена брусница и јогурт, барав грозје ама дека во локално дуќанче купував и им завршило, па продавачката ми понуди брусница и земав. Вкусно е, не можев да чекам имам замрзнати малини за да ставам ама од нив утре смути ке си правам. И за ручек имам варен компир, брокула и морков
1. 'Ржан со путер од кикирики, банана и чиа 2. Варен ориз со варена комбинација морков/грашок/пченка и печурки; варена брокула; свеж корнишон; салата од цвекло, ротквица и калинка Денес ептен веганско. И двете. Скробот е ЈХ. А оризот, пченката, компирот, мешунките, семињата, тие се полни со јх. Изненадувачки (барем за мене) е дека пченката шеќерац има далеку помалце и калории и јх и протеини и масти од обичната пченка, што значи пуканките се со далеку повеќе калории и јх (и п и м). А доколку купуваш од оние купечките за во микро, ѕирни табела, варираат од бренд на бренд. Има некои со 200+ калории на 100 гр, а има некои со 500+ калории на 100 гр! Кефир, поготово light верзијата. И ајран. И оноа другото на "А" слично пакување со кефир, само виолетово.
1. Овесна каша со чиа и лен и малини и јагоди... перфекција! 2. "Ориз" од карфиол со рукола, домат и јајца. (Ставаш свеж карфиол во сецко или рендаш доколку немаш сецко, потоа или го ставаш на тава во рерна со зачини да се пече, или го препржуваш во тава на рингла или како во мојов случај денес, го ставаш во микро во покриен сад 5 минути) 3. Ужинка... свежи корнишони и морков со хумус. Најомилена освежителна и здрава грицка! 4. Десерт ужинка... јаболко со путер од кикирики. Да, понекогаш си терам кејф и со питер со палмина маст. Хумусот е топ, има убави состојки, не е многу калоричен и има доста протеини (со оглед дека е веге). Го препорачувам како макало и здрав намаз, доволно е 1 до 2 лажички. И путерот од кикирики е здрав намаз додека е 100% кикирики. Да имам сецко, сама би го правела. Има доста калории, но затоа пак има здрави масти и доста протеини. Лажичка дневно е доволно.