Блендиран спанаќ, банана, лен, чиа, павлака и јогурт, со чаша цедевита од зова настрана, за да прекријам една лажичка масло од кантарион. #torturechamber
Од каде ги земаш интегралните, или ги правиш самата? И добро е да се види дека и некој друг го користи мфп за логирање калории. Но би ти препорачала да ги побараш нутритивните вредности од производите што ги користиш или да ги внесеш самата за поточна проценка. Јас имам додадено над 50+. (путерот во овој случај)
Утринско освежување со цеден сок. Појадок? Ручек? Brunch. Пола шолја блитва со 2 јајца на 2 лажици маслиново; варени 2 мали компири и варени мали моркови: урда.
За појадок јаболко, мандарина и путер од кикирики. За ручек 2 јајца на 2 лажици маслиново со блитва и урда, и варени брокула, карфиол и морков. Едно попладневно освежување од цеден лимон, свежо нане и ѓумбир во прав. Со свеж ѓумбир е уште поосвежително, но и вака е одлично.
За појадок банана и 10 кикирики. За ручек макарони од 100% дурум што се далеку поздрав избор отколку класичните бели. Во комбинација со 2 големи лажици активиа, шака рендан едамер и на крај "дозачинето" со пармезан. Еве едни бисквити што ви ги препорачувам. Немаат шеќер. Секако конзумација умерено како и со се' друго и добро вклопено со останатите калории. Бонус: чинат само 24 денари.
Периодов: 1. Варени компир, карфиол, морков и пченка; краставичка со свежа блитва. 2. Интегрални макарони (од тие на сликата во погорниот коментар) со варен спанаќ и активиа; варени карфиол, брокула и морков. 3. Печени компири и пилешко, варени карфиол, брокула и морков; краставичка со ротквица. 4. Варен грашок со туна.
Оноа кога имаш оток на непце, па не можеш ништо тврдо да јадеш. 1. Измешани експандирани 4 жита и сушени пченични трици со млеко, чиа и банана. 2. Супа со брокула, морков и целер, зачинета со бибер и ѓумбир. 3. Варен ориз. 4. Чиа/лен/сусам пудинг со банана и путер од кикирики.
@MissChievous ти си богиња Ептен се запуштив и почнав све да јадам, ама од твоиве оброци ми дојде инспирација да почнам да се хранам правилно. Продолжи да постираш, се гледа дека имаш познавање од нутриционизмот. Ќе може ли да ми објасниш како се пресметуваат јахлехидрати, масти и протеини?
Фала на комплимент. Секако дека може. Јас мерам на 2 начини. Порано ги пресметував "рачно" односно на нет ја гуглав намирницата и наоѓав табела со информации, па потоа зависно од грамажата која ја внесував, си пресметував. Пример, брокула: Во "amount per" местиш грамажа, јас најчесто мерам на 100 гр (стандардна табела како на оние на амбалажа од купечки производи). Си пратиш во табелата: калории (calories) во случајов 34; масти (total fat) во случајов 0,4; јаглехидрати (total carbohydrate) во случајов 7, дополнително шеќер (кој спаѓа под јаглехидратите или sugar) 1,7; протеин (protein) во случајов 2,8. Потоа, се просветлив со добропознатата апликација - myfitnesspal. На оваа апликација, отткако ќе си направиш профил со твои мерки и цели, внесуваш во табелата се' што конзумираш и така е си пратиш. Е сега, myfitnesspal е доста прецизно, но јас грубо ги пресметувам бидејќи не користам вага за мерење на храната. Најчесто мерам преку мерки како шолја/пола шолја, голема/мала лажица и секако ако имам точна грамажа (пример, измерено овошје од маркет, замрзнато пакување зеленчук, конзерва и сл.). Но, еднаш кога ќе започнеш, со тек на време информациите ќе "легнуваат" и често ќе можеш од око грубо да процениш оброкот што ти содржи. Во табелата на myfitnesspal имаш опции за појадок, ручек, вечера и ужинки. Најгоре и најдоле поделени се групите на микронутриенти и кога ги внесуваш намирниците, автоматски се абдејтираат и можеш лесно да пратиш што точно си внел или ако имаш цел, како во случајов кај мене што е 1770, ќе видиш уште колку ти останале до крајот на денот. Во "add food" ти се отвара опцијата на датабазата каде што бараш одредена намирница и убавината на апликацијава е што потоа ти ги зачувува (подолу од опцијата на database) и со тоа ти се олеснува внесувањето намирници понатаму. Отткако ќе ја избереш намирницата што си ја побарал, како во случајов брокула, имаш опции да наместиш грамажа и еве на пример тука, јас имам одбрано 1 шолја исечкана брокула (што според 30-те калории е околу 100гр). Така ми е полесно да ја мерам храната бидејќи немам вага. Во принцип, тоа е тоа. Ако те интересира нешто друго, слободно прашај.
Апликација е тоа? А како че знам дека 100 гр. сум внела храна ако јадам дома готвено.. проблем ми е.. ми треба упатство јхх
The Fitness Pal постои и како апликација за на телефон, но можеш и директно на сајтот преку компјутер. Малку е покомплицирано кога немаш вага. Јас лично вака правам: на пример, купувам замрзнато ќесе брокула од 400 грама и брокулата ја делам на помали ќесиња, на пример на 4. Делбата ја правам од око, оттприлика на 4 еднакви делови, што значи оттприлика 1 дел би бил околу 100 грама. Истото го правам и со замрзната пченка, јагоди, малини, аронија. Купувам и конзервирана храна, на пример грашок, црвен грав, туна, кои исто така од око ги делам, ако конзервата содржи 250 грама грашок, ја делам на 2 дела (за 2 оброка) што значи отприлика 120/130 грама би бил еден дел. Но, најлесно за мерење е со шолји и лажици. На пример приготвувам пола шолја ориз со цела 1 шолја брокула и 2 моркови. Во апликацијата барам во датабазата "white rice" и во мерките бирам "1 cup" и означувам servings 0,5. Потоа барам "broccoli" и во мерките бирам "1 cup" so 1 servings и на крајот барам "carrot" и во мерките бирам "1 medium" и означувам 2 servings. Без вага сето тоа е груба проценка. Во принцип, сецкај ја храната и мери ја со шолји. Или ако е масло или намаз или семиња, можеш со големи и мали лажици.
Појадок/ручек: домашна супа од кокошка и зеленчук зачинета со бибер и ѓумбир; спанаќ со кефир; 2 јајца на око; салата од цвекло/морков/зелка. Една вкусна ужинка од мелен ориз, пола лажиче мед и цимет. За вечер карфиолов "ориз" со кашкавал; свежо цвело; киви и мандарина.
1. Појадок: јајца, урда, домат, интегрален. 2. Ручек: пилешко и ориз со куркума; салата "се' што ќе најдеш во фрижидер": цвекло, морков, прокељ, аругула. 3. Ужинка: јаболко, киви, мандарина, калинка. 4. Вечера: Туна со грашок и пченка.
Денес прв пат зедов прокељ, милувам да го викам мали зелчиња, како го приготвувате? Свеж како салата или ... ? Јас размислував да го направам како брокулата и карфиолот пред некој ден како што ги направив. Прво ги сварив, па потоа ги исцедив и ги зачинив, па ги манав на тостер. Никогаш нешто повкусно немам јадено. Размислував и прокељов да го направам така, ама сакав вака да слушнам ако некој од тука има приготнвувано на некој вкусен начин. Инаку, до појадок сум стигната, банана и чаша домашен сок од портокал.
Јас прокељот го јадам или свеж или варен, а читам може и да се пропржи малкуцка. Свеж е ист како зелка, а варен потсеќа на брокула варена. Само глеј да не го превариш, зошто не е убав. Значи, да ја зачува зелената боја, да не пожолти. Со брокула не експериментирам зошто знае да ми се одмили, ама карфиол затоа... Пробај направи си "ориз", односно ако имаш сецко изблендај го, а ако немаш изрендај го најситно. Тоа е "оризот", кој потоа можеш да го пропржиш да добие кафеавка боја. Или карфиол во рерна (со пармезан)... м м м, нема боље.