Јас им ставам врела вода колку само да омекнат , и станува густо како каша. После додавам некое овошје кое претходно го блендирам , најчесто банана, круша, урми, брусница итн. Тоа по вкус.
@marchi-cool јас овесни снегулки (2 л.) комбинирам со јогурт, семки од сончоглед (1 л.), семки од тиква (1 л.) и мелен лен (1 л.) - големи лажици. Ги ставам снегулките и семките, мешам, додавам јогурт и веднаш ги јадам.
Омилен brunch: изгмечено авокадо со хималајска и бибер на интегрална кришка (оној црниот германски од Кам) и јајце. Марула, свежа брокула, ротквица, домат , наут (мек, мариниран), чиа.
Прво ја утнав темата, сега сум на вистинско место Витаминска салата како што јадев компири со сирење, многу убаво ме освежи. Состојки: (што ке најдете у фрижидер) Зелена зелка црвена зелка морков и лимон исцеден.
Најефтино чиа семе имаш во Стокомак и Кам маркет, цената се движи помеѓу 25 и 35 денари за 100 гр., зависи дали ќе начекаш акција или регуларна цена. Постојат и други пакувања по маркетиве кои се многу поскапи, на пример истата грамажа од 100 гр. пакувана од Виталиа е околу 60 денари. Има и поскапи. Така да, најисплатливо ти е да си земеш од Стокомак или Кам, нема разлика во квалитет.
Ручек: леќа во која додадов куркума, лук во прав, бибер и туна со кромид и зелена салата. За доручек овесна каша со вода, какао, цимет и мед. Имам еден предлог темата, да се преименува во фемина инстаграм за здрави јадења, наместо диетални. Не се што ставаме е диетално според стандардите на повеќето диети, а е здраво. И да се префрли во категоријата храна, така повеке феминки би се приклучиле, ем е повеке посетувана категорија, ем во насловот здрави јадења или здрави јадења би значело поширок спектар на оброци.Убава е темата, мислам дека со овие промени ке заживее.
Вечера: салата Да ве прашам девојки дали знаете кај нас каде можам да најдам сирење со ниска масленост и грчки јогурт оној со високо ниво на протеини, а ниско на масти?
Уште едно прашање: од каде купувате кокосово млеко и колку е одприлика цената? Бев во тинекс и во една локална продавница, немаше. Да не бидам офтопик, денешната скробна вечера. Варен ориз со морков, пиперки (една црвена и една зелена), карфиол и кромид. Се што најдов ставив, ама преубаво излезе. Во прилог со кисели краставички и цвекло.
@waterllady кокосово млеко би требало да има во поголемите маркети и коштаат некаде околу 175 ден. Јас го купувам од Рамстор или од Зегин -здрава храна, чисто кокосово млеко, а по маркетите обично го среќавам како мешавина на кокос со нешто друго.
Мерки нема, се е од око: -Ситно сечкани урми (претходно 1 час киснати во вода) -1 рендано јаболко -Мелени ореви -Сечкани лешници -Кокос Се меша се заедно и се формираат бомбици, се редат 1-2 часа во фрижидер колку да се стврднат и готови се. превкусни се
-----------> 2 јајца на маслиново, со малку спанаќ, брокула и тиквица, еден помал домат, неколку благи маслинки и наут. Нема бољи појадок! Нешто слично: 3 јајца на маслиново со брокула и спанаќ и малку црвен грав и наут. И топче активиа. Тортиља со чиа смотана со пилешко мевце, пар листови марула, кисела краставица и неколку благи маслинки. Интегрална тортиља приготвена во микро со црвен грав, наут и гауда. Туна со марула, црвен грав, наут и благи маслинки. Туна со црвена пиперка, грашок, пченка, наут и маслинки. Ориз со црвен грав, пченка, наут и куркума и салата од црвена зелка и краставица.
Денешниот појадок Овесна каша накисната во малку топла вода, чија и ленено семе, путер од кикирики, протеин, аронија, вишни, малини, банана, цимет, каранфилче и вода.
@martin01 Не паметам, поодамна го купив и ми се скина паковката па сега во најлонче го чувам. Денешен ручек: Ананас, спанаќ, ѓумбир, краставица, чиа, тиква и ленено семе, протеин, путер од кикирики и вода