Форумџика на годината 2020

Фемина собиранка...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.898
    Мислењава ме инспирираа да ја отворам темава, а и не само овие, повеќе пати имам видено како се шушка за Фемина собиранка, а никој ништо не превзема.

    Затоа и ја отварам темава! Ако биде голем интересот за собиранка, мислам дека нема да биде лошо да се организираме :)

    Девојки, ајде да видиме кој е за 8)
     
  2. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.354
    Сигурно повеќето ќе бидеме ЗА, ама кој ќе се нафати да огранизира, тоа е проблемот. :wasntme:
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.898
    Епа не е нешто посебно тешко за организација :) Ќе се собереме кои сме за и онака не сме во голем број форумџики и ќе седнеме некаде, може и на отворено :) Немора да е забава голема :?:
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.197
    Допаѓања:
    49.482
    Пол:
    Женски
    Се надевам некој нема да ми се налути, ама јас не сум за.
    Прво, тука сум се отворила како што не сум се отворила на никој до сега. Ако видам со кого сум комуницирала, со кого сме си делеле совети, сме се карале понекогаш, некако магијата ќе се распрсне. Ќе бидам постегната и нема да можам така отворено да си се искажам.
    Второ, мислам дека така ќе се подели форумот. Факт е дека не секој ќе стигне на таа собиранка и потоа ќе се чувствува како аутсајдер, бидејќи другите членки(ако резимираме дека се поминало како што треба) ќе бидат поблиски и ќе се комуницира на поинтимно ниво. А исто така и на новите членки ќе им биде потешко да се вклопат.
    Трето, може да испадне да се знаеме, во реалниот живот да не сме се поднесувале, сме биле скарани и ако видам таква личност јас веќе нема да пишувам на форумов.

    Мене ми е сосема о.к индивидуалното запознавање, меѓутоа не би дошла на форум собиранка.
     
    На piglet1, moon1, Aleksandar1212 и 35 други им се допаѓа ова.
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    Јас сум ЗА! Па девојки, да одбериме град(што не би сакала да е Скопје, бидејќи се што се случува е таму!)
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.898
    ^ Ми се допаѓа како размислуваш и во право си! Можеби така мислиш ти затоа што си од Скопје а од таму повеќе ве има :) Мене не ми е проблем и затоа ја отворив темава. Можеби на некоја собиранка ќе се видам со членки што сме се дружеле од други форуми :)

    Индивидуално е, како што рече некој би сакал, некој не би сакал. Ама од друга страна љубопитноста е голема да се дознаеме која е која.
     
  7. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    23
    Се согласувам со мислењето на RainBow.Би ми било драго да ве запознаам и не се сомневам дека ќе биде супер помин,но ќе се изгуби приватноста.И плус јас сум нова членка,не знам како би се чувствувала покрај вас кои сте подолго време на форумот. :)
     
  8. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    134
    ммм интереснооо ;) ;)
     
  9. senza.parole

    senza.parole Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    19.686
    Пол:
    Женски
    И јас сум ЗА феминки, супер е оваа идеја :)
     
  10. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.974
    идејава се провлекува веќе цела година колку што е активен форумов...ама реализација мноооогу тешко :D
    а еве од искуство некои форумџики кажаа дека масовно запознавање не е корисно...па штознам :?:
     
  11. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    108
    Повеќе од сигурна сум дека форумот нема да биде тоа што е доколку се случи оваа собиранка. Едноставно сум сигурна дека стварите нема да функционираат на истиот начин. Имајте убава забава, дружба доколку се одлучите на овој чекор :) Јас сепак ќе останам didija која со задоволство ќе ве чита, советува, прашува ,поддржува од дома ;) :*
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.262
    Јас ќе си останам под превезот на мистеријата... ;)

    Поубаво ми е вака, не сакам да ми се скриши впечатокот како за оние членки кои случајно открив кои се :tmi:

    А и јас како реинбоу сакам приватност.

    Така да, убав помин- доколку се соберете, а јас може да дојдам од страна да ве ѕирнам :lol:

    Се шалам, се разбира.
     
  13. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    1.814
    Пол:
    Женски
    Јас мислам доколку се договориме , нема никој да дојде...
    Може ќе дојдат некој од позрелите, и поголемите девојки на форумот.. А за некои други не гарантирам.
    Ќе видат од страна, ќе се усрамат.. Ќе си отидат.
    Јас така мислам... Сеа незнам дали е така.
    А јас сум за, за нови другарства, зашто да не... :)
     
    На nedzma му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    499
    И јас не сум за како реинбоу и сесилија. За секоја од членките си имам свој впечаток, своја замисла како изгледаат, како се однесуваат, што сакаат, а што не и кога би ги запознала мислам дека едноставно мистеријата би исчезнала и форумов веќе нема да е виртуелен свет, туку реалност.
     
  15. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    320
    Магијата ќе изчезне! Не сум за :!:
     
  16. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Потполно се согласувам .. ;)
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.262
    Секси, ако само се согласуваш- притисни ми се допаѓа и готово.
    Нема потреба да ја полниме темата со вакви постови.
     
    На miss.pretty, sexybaby22 и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    Ахм, убав повод за женско друштво...ама :!: и јас на почетокот мислев дека е добро да се запознаеме, но сепак стојам на тоа како и некои други форумџики дека магијата ќе исчезне :?: Од мене НЕ, не поради мене, или поради работите кои јас тука ги пишувам , туку баш поради тоа што ве сакам такви какви што ве запознав тука, и мислам дека тие што навистина ги ценам и сакам од форумџиките сум ги преценила правилно :) . Сепак не за целосно запознавање, ок, имам и јас неколку ептен другарки, ги запознав и тука, ме познаваат, ги поззнавам, ама ако ги запознаам сите, нема да биде форум веќе, туку ќе биде „друштво од странство“ кое не можам да го гледам често, а се читам на нет(ако сфаќате што сакам да кажам) :?: Мислам дека се разбираме :)
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    9.755
    Пол:
    Женски
    За вас сум Starfish и убаво би ми било таа и да останам. Не сакам да ги рушам сликите кои ги имам за вас создадено, ниту пак вие да ја рушите сликата за мене. А поголема е веројатноста дека нема да има многу воодушевени, отколу дека се ќе оди како замисленото. Да не се повторувам со горе кажаното, форумот нема да биде ист ако се запознаеме меѓу себе. Има девојки кои многу ги ценам како личности и би сакала да ги знам и лично, но тоа е сосема друга приказна.
    Значи од мене едно мало ама сигурно не.
     
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Јас не сум за фемина собиранка. Како што спомна некој погоре - индивидуалното запознавање е ок, но мислам дека доколку сите се знаеме еден со друг ќе се изгуби стариот сјај на форумов, нема да можеме доволно да се опуштиме пишувајќи.