Колку би било смешно кога пола и више би се виделе и препознале А демек тука глумиме анонимност Ок, не сите, ама повеќето, па и јас
Немам ништо против но не можам ни да речем дека сум за мислам дека доколку би се собрале анонимноста секако ќе се изгуби и со тоа и предноста на овој форум која е токму тоа што слободно зборуваме за се-бидејќи не се знаеме, не се гледаме..( повеќето)
И јас го делам истото мислење со реинбоу само би дошла и би се скрила некако да не ме видат да видам дали ќе има некој/а што го познавам,е страшно ме занима
Може да има собиранка но не мора да се знаат членовите кој се,туку само да се знае дека си зачленет на форумов но не и кој ти е никот.Сите кога ќе дојдат ќе знаат дека се членови на фемина и собиранката може да продолжи но никој да не си го издава никот
Јас се согласувам со RainBow. Се што е напишано, го потврдувам ~ Ако, нека се направи собиранка, но јас не би присуствувала од горенаведените причини. Поздрав. После кога ќе се уклучам на форумот, нема да биде исто чувството.
Многу се замарате. Ќе се запознаеме и ќе видам прв пат фаци и толку. Како на улица. Што ако после тоа пишуваме и знам на некоја како и изгледа фацата, кога ниту се дружам со неа ниту па имаме исти пријатели. Јас сум за собиранка. Ама нема да ја биде.
Јас сум ЗА. ДЕФИНИТИВНО. Ајде,кој ќе организира? На крај краева,може тоа да се одвива и во парк,на трева,пијачки,чао пријатно. Супер ќе си поминеме,не е некоја философија. Бидна е желбата девојки