оваа идеја има и убава и лоша страна....убава,не е лошо дружењето,муабетисвањето и убавото расположение....но,од друга страна пак тргајќи од мене,тука сум затоа што имам потреба од лично искажување,на многу нешта но имам потреба и од совет исто...според мене најлесно е кога се исповедаш на непознати и токму непознати многу можат да ти помогнат во даден момент,дали со совет,морално и со некое насочување ама во моментот е важно....
И шо? Демек ќе се соберете? *Како што гледам темава е отворена од 2010 година,а до ден денес гледам се нема случена "Фемина Собиранче" . Само се коментира “Јас сум за,јас сум за ,јас не ,јас да....“ * Главно - на форумов има девојки од сите градови низ Македонија.И сега како ке се соберете сите во едден град ? *На пример некоја треба да доаѓа од Скопје или незнам ти каде до Охрид или било каде ,нарочито сакммо за да ја запознае личноста со која комуницирала на еден форум ? Не е логично. * И ајде да речеме ке се случи оваа “собиранка “.(што не е можно).Што акоо таму ја видам личноста со која сум непријателка,со која сум скарана.Што ако дознаам дека некоја позната има на форумов,некоја пријателка... итн...Тогаш јас нема повеке да стапнам на форумов,тотално ќе го замразам. Јас тотално се сложувам со Rainbow. Ти што сте ЗА да ми простите (иако не е нешто тука за простување ) сепак секој си каѓува мислење.
На 18 год бев верен член на еден наш форум. И за роденденот на форумот се собравме баеги луѓе. Искрено? Сеуште има има 3-4 луѓе од таа вечер со кои продолжив да се дружам и да се гледам се до ден денес. факт е дека јас бев најмала тогаш и можам слободно да речам-ме гледаа како се развбивам у карактер сите тие год додека бев член Имам само позитивни критики за нив. А за собиранка од форумов фемина...можеби и би дошла , да. Ако не се сите помали од мене
Добро за што толкаво филозофирање за одењето по собиранки? Ако тебе лично не ти се оди не оди, јас сум одела на полно собиранки со форумџии и сум поминала одилчно време. Ама то беше пред години, години. Сега сите се асоцијални или групирани. Јас сум во првата група.
Аманте бре жени уште не сте се договориле, побогу! Јас за озбилно мислам да ангажираме некој да не организира (како оние организаторите за свадби шо се) Ама пак и за тоа ќе треба некој да се заангажира да најде некој кој би се заангажирал да не организира ...и топки...на крај пак искача ... Спојлер како и да се свртиш г`зот ти е од позади!
Јас мислам некоја феминка ако сака да се запознае со некоја тоа е сосема ок ќе си се договорат и ќе се најдат а вака собиранка како што кажа Rainbow сме пишувале некои интимни работи а исто така можеме да се најдеме со некои што не се поднесуваме така да... јас сум против.
Малку ќе ве искритикувам ама многу сте тешки за организација . Уште пет години ќе пишувате ама званично нема да се договорите . Инаку собиранки преку Фемина имало ама не се рекламираат на форум, кој бил си знае кој не бил и онака не го интересира. Инаку вие што сакате да се соберете ќе си отворите тема за собиранката и ќе почнете да правите списоци на тие членки што сакаат да присустуваат ама притоа ќе договорите време и место и ќе го пишете како наслов на темата. Нормално ќе ја отворите темата едно две недели пред настанот. Тие што се против не ве интересираат ама тие и самите нема да пишуваат кога ќе видат дека е веќе конкретно договорено. Две феминки ќе бидат организаторки што ќе треба да и пратат пп на секоја феминка што сметаат дека е заинтересирана а не ја видела темата и што ќе се јават за да резервираат место. Не е воопшто тешко, се бира кафич, се прави список, се резервира место и се оди на собиранка .
Вие си кажувате како да е се лесно како што сте напишале.Вие ќе тргнете од вашиот град во градот каде што сте се договороле ,за само да учествувате да собиранката,за само да запознаете некои феминки кои во живот не сте ги виделе ?! Покрај тоа на форумов сите не се возраснии,на форумов има и деца.Вие ке речете правиме собиранка а нема да ги викаме помалите феминки ? Не замерувајте ми ама мислам дека вакаа нема никогаш да се договорете.
Незнам зошто толку се замарате. Барем собиранка е лесно да се организира Се пишува каде и во колку, кој сака нека повели, кој не сака нека си ја чува приватноста дома. Ништо не е обавезително барем јас имам убави спомени од форумски собиранки
Повеќето од тука и си се знаеме, ако не лично, со многу ФБ си имаме разменето. Не сфаќам зошто толку е страшно да се организира собиранка т.е мене сеедно ми е и така не сум анонимна.
И мене ми е сеедно,само навистина сите не ќе можат,пример јас можам,но ете некој не може,а да не дојдат ќе се чуствуваат одделени,навистина е убаво ама не е се така розево,потоа навистина би се изгубила приватноста..
Ми се допаѓа оваа идеја.Феминките собрани на едно место. Ниту се кријам ниту пак се срамам така да би била за ова секако.
l am inn..добро шо се секирате околу личниот идентитет,на форумов има илјадници девојчиња,немора да доаѓате со маичка со напишано форумско име на неа...мене ми е јако да се собериме у дискотека и да замислувам која е која на форумот ке ви приогам да ве прашам-еј ти ми личиш на срценце на пример и ке се брукам !значи доволно е само да се собериме на едно место,не мора да паѓаат тешки сериозни муабети-форумчево е за тоа,работава е чисто да бидеме под еден покрив една вечер,па после дооолго да споделуваме импресии..
Фемина собиранка на 30 февруари 2012, на Фиљан место, точно на пладне. Во меѓувреме се молат сите заинтересирани, пред истекот на рокот да аплицираат за бришење на компромитирачките мислења. Ма дај! Сејте си мадри. Кој е за дружба, нек си се организира поединечно. Жени ни за на пазар на куп, ни за дома. Ајт!
jas sum ZA ama ne sum tolku golema kako sto ste vie so sopruzi deca i takvi raboti..ima i deca na forumov .