Јас не сум за. Затоа што не е можно сите да се дружиме,затоа што форумов ке се подели и затоа што има многу што сакаат да си ја зачуваат приватноста,а една од тие сум јас. Ни малку не ме интересира кој е кој. Сакам нови пријатели да запознаам,ама цел форум да се собереме не е можно,а ако најдам некоја членка на моја возраст,членка со која ми оди муабетот би се спијателила.
Делам мислење со Гордана ( не затоа што мајка ми се вика Гордана ) Мислам дека ако се запознаеме лично не сите барем повеќето форумот нема да биде ист како порано. Нeзнам зошто но имам такво мислење. Мислам би било ок да се запознаеме и дружиме но сепак сите сме со различни возрасти има и деца од 12 години а додека има и жени мажени од 30 години. Но доколку планирате нешто јас лично би размислила. Не се срамам од тоа што сум ама форумот е премногу анонимен и ако се запознаеме во живо анонимноста ќе ја нема никаде.
Потполно се согласувам со eloves . Не сум за ваква средба..после ништо нема да ми е интересно , а ниту вие за читање
Јас сум против. Пошто нели сме анонимни сите, а башка и да сакаме да пишеме и да побараме совет секој ќе знае која е и глупо ми е така. Нешто што сакаме да го споделиме анонимно после собиранката нема више да биде така. Јас не би дошла.
хахахахахаххаахха ве читам и неможам да се начудам хахахха абе жени па 4 години се договарате за собиров од фемина хахахахах Ајде ако навистина сте за собир да се организираме. Јас сум за.
Glejte malce podrugacie. Bez razlika sto ke se znaeme, rabotite ke stanat podobri. Zosto., pa nekoj kje mu treba sovet, nekoj kje ima drustvo za iskacanje itn. Ja sum za, kje bide zakon.
После запознавањето,драстично ќе се зголеми бројот на нови членови.Секој кој сака да добие совет,а ја загубил анонимноста,ќе отвори нов профил за да може да си праша или да си каже некоја макабез да знаат за кого се работи.Од една страна е убаво,повеќе вистинско дружење,може да произлезат многу вистински другарства,ама тогаш пишувањето на форумов би се запоставило.
Да се собериме 20тина или 10тина души,тоа е можно кога: под а)кога врбата ќе роди грозје под б)кога на бандера ќе цутат рози под в)не ова лето,другата зима под г)не овој петок,другата зима под д)кога се стрижат комарците